1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предрасуди кон жените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Cka, 16 септември 2019.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.952
    Аха да ...врски и партија е сосем нормално. Ок онда и секс- контрауслуга е нормално и не знам зошто дискутираме:smoke::D.
    Трачеви за која се еби со кого, за што да добие ; загрозиле и бракови и меѓучовечки односи и се фуј како спорт за практицирање.
    Ама.....Рајна дека е поспособна од Петкана оти Рајна е само на список на Жмро-Смрдсм а Петкана се плеска со главниот или некој спореден добро поврзан....па шо знам. Ако не ги трачаме едните , не треба ни другите. И баш уствари Рајна и Петкана најмалку ќе се потресат.
    Секое качување нагоре боде очи. Времето ќе покаже кој ќе опстане, а за тоа време ем кучиња ќе лаат ем ќе чади од кај оганот. Досега не знам личност што била уназадена дека била оговарана, а знам личности што биле уназадени дека не прифатиле секс или да одат на митинзи за жал.
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.700
    Допаѓања:
    14.237
    Пол:
    Женски
    Абе ајде... препрочитајте ги постовите во “Македонски јавни фаци”, па дојдете да морализирате на тема “Предрасуди кон жените”.
     
    На Mantub, ane.bella и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Си кaжaв вo првиoт пoст нa штo мислaм, кoгa сум сигурнa декa неспoсoбни се прoбивaaт сo се и сештo сaмo не сo кoмпетентнoст, ќе збoрaм. Кoгa и другите ќе знaaт тoчнo, некa збoрaт. Кaкo ќе се дoзнaе? Рекoв, вo селa живееме. Плус, тoј штo е прaв вooпштo не се секирa и вистинaтa се дoзнaвa зa брзo време. Излегувa нa виделинa кoјa е oгoрченa и љубoмoрнa, кoјa прaвa. Имaме еднa тaквa, неспoсoбнa, приглупa, фaтенa двaпaти вo зaклученa кaнцелaријa сo шеф пoсле рaбoтнo време oд стрaнa нa чистaчкa, плус виденa вo јaвнoст. Титулa дoби, пoчит oд никoгo. Јa oтфрлијa кoлегите кaкo aвтoритет и немaше друг избoр oсвен дa се префрли вo друг oддел. Дoзнaa и директoри и шефoт гo пикнaa вo кaнцелaријa сaмo сo дoкументи и скoрo и дa немa кoнтaкти сo други. Му сменијa пoзицијa. Вo брaк се и двaјцaтa инaку. Сигурнo збoрaт декa лoши и грди тетки ги сaбoтирaaт.
    Кoјa е другaтa oпцијa? Дa се престaне скрoз сo тaкви муaбети, пa дa мoже слoбoднo вo прoфесиoнaлниoт свет дa се нaселaт секaкви и тие дa ти глумaт aвтoритет? Зoштo имa прaвилa сите кaнцелaрии дa се сo стaклa и дa се нa видик? Зoштo се препoрaчувa врaтите oтвoрени дa се кoгa си нa 'еден нa еден' сoстaнoк? Зoштo ти нaпoменувaaт привaтен живoт и врски дa држиш нaдвoр oд рaбoтнo местo? Некaде се дури и зaбрaнети, им стoи вo клaузулa, дури и дa мoжеш дa тужиш пoсле, гo превземaaт тoј ризик зaтoa штo пресметaле зoштo и кaкo врскa вo фирмa негaтивнo влијaе нa целoкупнa културa вoспoстaвенa веќе вo тaa фирмa, пoсебнo кoгa се рaбoти зa нaдреден и пoдреден.
    Сaмo ние ќе глумиме -live and let live дури ти е стрaв дете дa пуштиш дa oди нa рaбoтa oд мaнијaци и дa се бoри сo нелoјaлнa кoнкуренцијa.
     
    На Shalitra, snezan4e, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Знаачи јавните фаци може партал да ги правиме преку чиј кревет постанале познати и богати, ама овие реалните греота е јер реални?
    Настрана што икс пати се говорело и за не толку јавни фаци и нивните швалери, како тоа нефер е да јадеме трици за унапредување?

    Ја зборам ако сметам дека треба да зборам за дотичната персона. Небитно ми е дали преку креветот на директорот или преку партија, неспособен вработен е неспособен и тоа не може да се скрие. А не можеш ни да скриеш на кој начин си унапреден јер градовите ни се села, па преку овој или оној, сите се знаат со некого.
     
    На gjoker4e, candy.cane, Tajnaotrovna и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски


    Ако неколку души овде на форумов пуштат муабет дека ти си се плеснала со рандом форумџија, што мислиш колку души ќе поверуваат?
    Мислиш дека ќе се дознае вистината?
    Или ќе се најдат еден куп форумџики што се рчкале со тебе по рандом теми па ќе го потврдуваат за да ти напакостат иако поим немаат што се десило?

    Ќе се дознаела вистината my ass, па имаш бре еден куп луѓе што мислат дека смртта на Тоше не е несреќа туку смислено убиство, имаш луѓе што веруваат во рамна земја и дека кралицата на Англија е рептил, имаш луѓе што веруваат дека вакцините се намерно измислени да предизвикуваат аутизам и ти мислиш дека луѓето одлучуваат во што ќе веруваат врз основи на факти, а не субјективно, односно во тоа што им одговара да веруваат?

    И уште еднаш ќе повторам, поентата на темата е дека за жена на позиција од старт се верува дека се ебела наоколу за стигне до таму, тоа го тврдат луѓе кои ниту ја познаваат дотичната жена (најверојатно не ни слушнале за неа претходно) ниту па имаат било какви познавања од таа област, туку едноставно во нивниот ментален склоп жена на позиција = ебење со претпоставени.

    И да страв ми е да пуштам ќерка на работа, да не случајно ја унапредат пошо сите "знаеме" како жените стигнуваат до унапредување.

    А претходно спомнатиот министер, магистер по металургија што не знае колку елементи има во периодниот систен никој не го ни знае, а камоли да го оговара, исто како и еден куп директорчиња партиски на кои тоа им било прво работно место, од амфитеар директно во фотеља, затоа што за маж е сосема нормално да стане министер/директор по партиска линија, не е тоа интересен трач со кој би се тепало време, нема ништо тука сочно или провокативно, а и мажите не се гледаат како конкуренција која треба да се оцрни по секоја цена.
     
    Последна измена: 17 септември 2019
    На MarigoldA, Lianna Anna, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Слoбoднo oтвoри темa зa мaжите и предрaсуди зa нивниoт нaчин нa искaчувaње пo скaлaтa нa успехoт. Темaтa е зa жени, зaтoa, инaку не ми прoблем дa збoрувaм и зa мaжи.
    А зa трaчеви не сумљaм декa се ширaт пo лп, јaс не сум исклучoк. Еве oд кoгa сум зaчленетa мирнo не спијaм. Пaк ме терaш дa се oбјaснувaм декa не сум зa лaжнo oбвинувaње? Немaм нaмерa. Нечии врски вo реaлен живoт мене не ме пoгoдувaaт личнo, oсвен aкo не е врскa нa мм сo негoвaтa љубoвницa, нo нa рaбoтнo местo сите трпaт зaрaди пристрaснoстa, нефер кoнкуренцијa, нееднaкoв oднoс и сличнo зaрaди вaквите oднoси.
    И не, темaтa не е сaмo зa лaжни oбвинувaње и стрaтешки рушење нa нечиј имиџ зa кoј рекoв декa нoрмaлнo -сум прoтив, a кoј не е oсвен удрени вo глaвa, зaр зa oвa требa дa се oбјaснувaме? Сaмo се oсврнaв нa другиoт дел, кoгa oдредени се пикaaт пoд зaкрилa нa предрaсудите, зa кoи знaм декa ги имa.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Резултат на малограѓанштина, плиткост и немање попаметна работа создаваат таква фрустрирана група граѓани што секогаш пикаат нос во туѓ живот. Браво за темава, ваквите предрасуди сѐ повеќе ги има денес. Редно време е социолозите да поработат.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190917-170959.png

    Типичен актуелен пример за предрасуда кон жените. Повеќето што ја коментираат немаат поим која е, ни какви способности има, ни на која точно функција е ставена. Најбитното што им покажува дека не е способна за функцијата е што копале на нејзин личен профил на Инстаграм и нашле сосема естетска фотосесија во граници на пристојност во која у слободно време позирала.

    Една англиска јутјуберка што ја следам и обожавам, пак, според верници-креационисти и инцели/MRA на кои не им одговара нејзиниот контент, е некомпетентна оти се шминкала, оти во широкиот дијапазон ствари што ги опфаќа на каналот има и по некој мејк-ап туторијал. И тука кога пишав за неа, еден познат господин ми пиша дека јадна јас од шминкерки сум учела за наука :drunk: :D

    Наметнат дуализам меѓу интерес за естетика, сопствен стил, грижа за изгледот, типично *женствено* однесување во тој поглед; и стручност, интерес и компетентност на најсериозните општествени теми (наука, политика) - на секој чекор ја има оваа предрасуда кон жените.
     
    На Peppermint, Ava.84, Cinnamon Bun и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Сметам дека засега на ваков начин примарно финкционира хиерархијата на женските општествени групи.
    Имено, женските општествени групи од генерален аспект, се прилично егалитарни, при што сите членови се со еднаков ранг во групата.

    Меѓутоа хармонијата на оваа групна динамика е зачувувана според деструктивната методологија на брза одмазда против сите кои навидум отстапуваат од правилата на групата.

    Кога некој член од женската општествена група прави т.н. "девијација", останатите жени веднаш осудуваат (шират информации кои ретко се валидни, туку се продукт на субјективна психологија), ги прогласуваат за виновни (клевета) и ги казнуваат (преку загрозување на угледот и достоинството во човековото општество).

    Мнозинството жени избегнуваат директна конфронтација, па поради тоа "казната" за успехот на одредена жена генерално се манифестира во форма на острацизација и јавен срам.

    Жално е што многу жени мислат дека мажите единствено се грижат за надворешната убавина, кое што доведува не само до лажни идеали за себе, туку брутална критика на другите слични верувања.
     
    На WildMk, Keanu_R.Wick и Asparagus им се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Жените неретко во нашата држава стигнуваат до високи позиции преку проституција и мито. Но, за тоа е одговорна патријархалната заедница диктирана од мажите. Квалификации во оваа држава ретко се бараат. Кога ќе се впуштите во активно барање работа ќе сфатите дека понекогаш единствен критериум да добиете позиција како промотерка или менаџерка е да бидете убави, ,,екстровертни" и отворени за соработка. Жално, ама тоа е реалноста.
     
    На Rebecca_R и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Во тој случај
    Нај едноставното - тужба за тие што клеветат. Секаков доказ од снимка до сведок е во полза на судење. Мора да се почне, се накотија озборувач(к)и.
     
    На WildMk и Briar Rose им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека прчли шо стварно одат за пари и се праат за високи оценки заради нив сите жени страдат дека се неспособни и дека се од маж и зависи сите се стават у ист кош за жал. И на домакинките дома што седат и куват и перат им сметаат успешни жени и тие највише плукаат ја маж неам слушнато толку да дискриминира жена успешна од колку жена домачица, Али сепак во денешно време не се замараме многу со предрасуди
     
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Постои граѓанска одговорност за навреда и клевета, меѓутоа дури и во законот постојат одредени фактори, односно околности поради кои ваквата тужба може да биде одбиена, односно законско недозволена.
    На пример, тој доказ (како недозволено снимање) може да биде идентификуван како добиен на недозволен начин, или ако со таа клевета не е сторена вистинска или сериозна штета на клеветеното лице.

    И не само што тужбата ќе биде одбиена, туку и тужителот ќе мора да плати оштета за безпотребно започнување постапка пред суд за направените трошоци поврзани со тужбата.

    За клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или пронесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед, а знае или бил должен и може да знае дека се невистинити.

    Според ова, дури и правниот систем на една одредена држава не секогаш оди во полза на одредени манифестации на општествено-еволуциона психологија.

    Со други зборови, потребно е да настапи штета за клеветеното лице во вистинска (најчесто материјална) смисла на зборот и т.н. "фантомски" ефекти на клеветите можеби немаат вредност за правниот систем, но тоа не важи и од општествениот аспект кој се претопува во еден извртоперен фрагмент на folk psychology перцепиран од нерационално стекнати когнации кај една група во човековото општество.
     
    Последна измена: 17 септември 2019
    На WildMk и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ако носела минич, и ја силувале - сама си го барала.

    Каква рационализација имате за ова?
     
    На Mantub, gjoker4e, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Потенцијалните (идни) злоставувачи секогаш ја обвинуваат жртвата...
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не само тие.. и од жени ова сум го слушала.
     
    На Mantub и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  17. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Познато.
    Дел од нив сакаат да ја истакнат својата "верност и посветеност" на либето, а другиот дел едноставно се ситат на нечија неправда и трајно оштетување. Рачунај дека еден од симптомите за психопати кои би нанеле штета е тоа: на комшијата да му цркне козата.
    Секогаш женското, или мн гола, или мн завиткана, или мн шминка, или нема шминка па грда била,... Тие луѓе треба да се едуцираат, да читаат, да учат основи по етика морал и однесување. Далеку сме...
     
    На lovestoneddd и WildMk им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас сум на став дека личности кои се ситат на силување, треба да одат во затвор. Зашто се поттикнувачи и како такви ја загрозуваат безбедноста.
     
    На joy1, mkdvesna, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Исто како тој возел мерцедес ке му го украдам ми годеше на очи.
     
    На WildMk, Cinnamon Bun и gjoker4e им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Имаше едно видео. Жени се збираат и и викаат на едната нова фризура многу убава, оваа вика ах не не ми се допаѓа, овие не како многу си убава, доаѓа друга нов капут многу убав, и оваа негира не не е убав, а они ја убедуваат како не, преубав е, доаѓа трета нови чизми, преубави ти се, и женскава да, фала и јас така мислам, и другиве почнуваат да ја гледаат ко да е ненормална.
    Поентата ми е, да има луѓе што на нечесен начин добиваат позиции. Али и ние си имаме тенденција нашите неуспеси да ги оправдуваме со *мене не ми беше дадена шанса* и да обвинуваме друг.
     
    На WildMk и gjoker4e им се допаѓа ова.