Како нов член на форумот се најавив да поразговарам со вас за предрасудите и погрдните зборови што секојдневно ми се упатени како од моето семејство така и од околината. Според нив, јас сум ненормална девојка што не сака да остави потомство, сум имала дијагноза за на псхијатар, не било нормално да мразам деца и да поддржувам абортуси, лгбт, промена на пол, требало да се осеќам како жена, да не зборам само за погрдните имиња со кој што ми се обраќаат. Приметувате ли дека 90% од луѓето се опседнати со деца и потомство? Дали приметувате колку навредливи коментари има наоколу за сите што сакаат промена на пол, што имаат партнер од ист пол,што се свои, колку притисоци и колку секојдневни прашања имаме во околина-Ајде да родиш, ајде дете ајде ново, ајде свадба, ајде дете дете дете дете а штом им кажеш дека мразиш деца одма те плукаат, а доколку ти ги прашаш кога абортус или зошто роди одма сите ги штитат? Се живее ли без деца, искрено јас сум среќен човек, едноставно не се осеќам како жена, за мене е среќа празен стан,животни, патувања, работа и поддршка на сите што сакаат еднополов брак Ве молам само да ме разберете и да не ми судите
Затоа што да кажеш дека мразиш деца звучи лошо. Да кажеш дека не сакаш да имаш потомство звучи поинаку. Мразењето било што не е баш нормална работа. Да имаш соодветни причини да не сакаш свои деца е ок.
Па има разлика помеѓу тоа да не сакаш деца и да ги мразиш, омразата секако нема да ти ја прифатат како да е во ред. И јас не сум по деца, но не ме критикуваат за тоа. Треба да повнимаваш како се изразуваш, можеби тогаш нема да наидуваш на негативни реакции, а и луѓето, не сите имаат доволен капацитет, за да разберат нешто треба да им објаснуваш подробно, инаку се превозбудуваат и едвај чекаат повод за расправија и докажување. Останатото што си го навела во постот се различни теми, не корелираат меѓусебно. Некој може едното да го поддржува, другото не, за третото да нема став, итн, разни комбинации се возможни. Во секој случај, ни да трпиш лични навреди не е во ред, не знам колку год имаш, но доколку си на возраст, осамостој се.
Возрасна сум ама ако кажам дека не сакам деца затоа што немам мајчинство се лутат, ако им кажам дека не сакам деца ќе ме згазело времето,проблемот е што во мојата околина има мајки што родија на 18-20 и мислат дека така треба..
Види искрена да бидам, да ми каже блиска личност дека ‘мрази деца’, нема да ми е сеедно сигурно. Не знам дали ја разбираш точно тежината на зборовиве или дали ги кажуваш од одреден вид на фрустрација, но, не се ни малку пријатни за читање. Притисокот што го наметнува општеството постои и сите сме свесни за тоа, но на крајот од денот ние одлучуваме сами за себе. Од една страна ми е мило што си свесна дека не сакаш семејство, претпоставувам си и дел од лгбт заедницата, па одлуката да не раѓаш и ствараш семејство ти ја разбирам и те поддржувам. Крајно себично и небулозно е да истото го формираш потполно свесна за се’ ова што го изнапиша и после да доведуваш во прашање и туѓа среќа. Најди начин за да го искулираш секој муабет со ваква позадина и жити се’ пробај не употребувај ‘мразам деца’ при конверзација со кој и да е. Одвратно е.
Оддалечи се од луѓето што не ти одговараат. Можеби од х причини се уште мораш да ги толерираш твоите дома, но останатите не мораш. И примени малку “дипломатија“, не мора ни секој да знае се за тебе, ниту да го дискутира со тебе твојот живот.
Бидејќи зборот мрази има негативна конотација и дури и да не мислиш буквално, тоа се сфаќа така. И јас сум иста, не сакам да станам мајка и тоа си е мое решение уште од одамна. Се сеќавам дека ме убедуваа (,,ќе помине некоја година, ќе видиш дека ќе сакаш''... итн.) Времето помина и јас уште сум на истиот став. Обично, ако некој ме праша, кажувам дека не сакам деца и дека не се гледам како родител, ниту сега ниту во иднина. Оваа тема не ме интересира и онака ја избегнувам... Како и да е, како што кажа @Аргентина * понекогаш треба да сме ,,дипломати'' во комуникација со другите, за жал луѓето сфаќаат многу нешта буквално. Предрасуди секогаш ќе има. Влегување во дискусија за разубедување и докажување не влијае кај овие луѓе, единствено решение ти е да се оддалечиш од нив и да поминуваш време со некој што те сака и прифаќа таква каква што си.
Се надевам не им велиш МРАЗАМ, зашто според твоја логика ако ти мразиш деца, тие имаат право да мразат лгбт- особи. Нефер, нели? А ако едноставно не сакаш, никој жив не може да те натера да родиш. Ако твојата околина не те сфаќа и поддржува, најди си друга, попријатна околина. Не си должна да ги слушаш цел живот. Како што ни они не се должни да слушаат за твојата омраза. Не сте многу различни во тоа мразењето.
Ајде ве молам сменете го насловот на темата, не е нормално да мразиш деца. Друго си е да не сакаш да имаш деца, и тоа што луѓе имаат предрасуда спрема некој што не сака да има деца е нивни проблем на неразбирање на различности. Не сме сите луѓе исти, и секоја единка за себе си одлучува како му е најдобро да си го креира животот.
Каква врска има ова ти што подржуваш ЛГБТ со мразење деца? Ако 90% од луѓето сакаат да имаат деца тогаш тоа е нивни проблем. Јас неможам да те разберам само зошто ги мешаш, има ЛГБТ припадници што сакаат да имаат деца, има хетеросексуални парови што неќат деца.
Што е со темава? Прво, страшно многу ми се чини дека е реприза од некоја претходна неславна тема Второ- како можеш да мразиш деца? Може да не сакаш, ама да мразиш? Трето, веќе кажала Злоба погоре - ЛГБТ не значи дека не сакаат, или божесачувај мразат деца
Претпоставувам дека свесно/несвесно им го потенцираш тоа дека мразиш деца и поради тоа те доживуваа како лоша личност. Инаку, во ред е да не сакаш потомство, тоа е твое право на избор за кој верувам дека луѓето не би те мразеле и би те осудувале.
Не гледам зошто би ме вознемирило зборот ‘мразам’ кога секој нешто мрази па и тука спаѓаат и деца. Не секој сака да има деца и тоа е во ред и така и треба да биде, да се постапува според лични убедувања, а не оние наметнати од опшеството дека мора маж, брак, деца и се тоа редоследно, епа не мора и не секој сака нешто што е општо прифатено и секој го прави
Мене не ми е јасно зошто за ова си отворила нова тема која што не е конкретна, насловот е еден, а потоа во постот имаш измешано и лгбт, еднополов брак, мразење деца, предрасуди и се. Прво за насловот, нормално дека ќе те осудуваат, еве и од моја страна ќе наидеш на осуда само поради тоа што викаш дека мразиш деца, како може некој човек да мрази мало невино суштество? Додека доколку не сакаш да имаш свои деца и да основаш свое семејство е сосема друго, и не звучи воопшто лошо. Да се изразиш како што треба нема да наидуваш на осуди.
Види ако ти си добра со мене и јас со тебе мене не би ме занимало ако ти не сакаш деца. Доколку јас имам дете, и ти го почитуваш мојот избор не гледам зошто не би функционирале во едно општество. Се додека има взаемна почит ништо не би требало да претставува проблем.
Има тема за деца - дали ги сакате или ве нервираат, но оваа е повеќе за тоа како другите гледаат на оние кои не сакаат деца. Е сега, зборот мразам е пресилен, ама останува членката да се изјасни во кој онтекст е кажан и дали навистина така мисли и се чувствува.
Она нека се изрази како мисли, но причините што ги наведува се тотално нерелевнатни со нејзиниот став.
Ти имаш размислено оти така ти се обраќаат? Пошто како што читам повеќемина се што така ти се обраќаат.