1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предрасуди кон луѓето што не сакаат деца

Дискусија во 'Психологија' започната од G_lgbt, 7 февруари 2021.

  1. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    ima li popogrden zbor od MRAZAM DECA?!
    za ostanato ic ne komentiram ,nikoj nemoze da ti zabrani da smenis pol, zivees so licnost od ist pol ,da nemas svoi deca..no nemoze ti kon okolinata da se odnesuvas , "jas ti go mrazam deteto no ti ke go pocituvas toa , nema da mi sudis tuku ke me razberes i pocituvas zs jas pripagam na lgbt zaednicata " ..abe ajde preteravte t.e pretera
     
    На IRBBB, NewMama, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Мразиш деца воопшто? Или не сакаш во овој момент да имаш твое потомство ? Ако е првото тогаш веројатно имаш внатрешен проблем што те тера да ги мразиш веќе родените деца на било кои, да мразиш да имаш деца,џабе ти е либералноста ти нема значение и паѓа во вода, ако е воторото тогаш си имаш свој избор и сфаќања за што и да е во животот и не се замарај. Ама прво преиспитај се, да мразиш е едно, а да имаш поинакви цели,планови и сфаќања е друго. Можеби не сакаш да имаш деца, ама ради тоа не смееш да ги мразиш останатите.
     
    На edna_malecka, Billy Idol, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  3. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски

    Девојко, не би требало никој да мразиш,ниедно суштество на земјава, пред се рсди сопствен внатрешен мир. Гледам како и другите,премн потенцираш - мразам деца. Објасливо е да не сакаш потонство, да сакаш дс промениш пол и слично . Твој живот ,нели твое право? Но како човек може да мрази нешто што е најчисто и најискрено на свет. Очекуваш да нема предрасуди ? Ме чуди дури и насловов на темава. Познавам и други особи што не сакаат деца не сакаат да имаат,а се однесуваат премило кон туѓи. Познавам и геј личности што неможат а сакаат да имаат деца. Мислам дека треба да го смениш контекстот на твојот став, или ако навистина мразиш деца,да се преиспиташ од каде таков гнев.
     
    На Bezimenka90, Snowflake97, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @G_lgbt имаш ти многу поголеми проблеми од тоа што немаш "мајчинство"

    Мразам е претежок збор да го кажеш за некој што сигурна сум ништо не ти направил во животот. Од каде тој збир на негативни чувства?
    Друго, ко што си кажа сама, расната во во доста конзервативна околина, кај што е нормално некој на 18-20 години да биде родител. Тука паѓа и притисокот врз тебе.
    Неколку пати повтори "не се чувствувам како жена затоа што не сакам деца".
    Одбиј си ја од глава таа стереотипна глупава слика дека жена мора да е до мажот и мора да сака деца, мора да сака полна куќа, мора да е домаќинка. Верувам дека куп од негативните чувства ти идат првично од тоа што самата со себе немаш расчистено.
    Сакаш да кажеш дека жена не смее да сака празен стан, животни, патувања, работа итн? Сфаќаш колку стереотипна ти е сликата за родовите улоги? Колку самата имаш изградено калап за себе во кој мораш да припаѓаш за да се чувствуваш добро?
    Зошто мислиш дека несакањето (нема да речам мразењето) деца те прави нежена?
     
    На CameliaMiller, jacqueline.s, theowndemon и 16 други им се допаѓа ова.
  5. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно што сакаш да кажиш 90% дека се опседнати со потомство. Која си ти и што се замислуваш? Ти си иста како тие што те навредувале. Воопшто не си поразлична.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Предрасуди кон оние што мразат деца засекогаш ќе има.
    А кон оние што не сакаат деца останува право на избор и нема место за предрасуди.
     
    На Mikha4 и NewMama им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Ако навистина мразиш деца, запрашај се зошто добиваш таков третман од околината.
    Немам трошка осуда во мене за луѓе што не сакаат деца, не сакаат да имаат свои деца, не им се интересни, не знаат како ниту сакаат да имаат интеракција со деца, скрос почитувам. Најскрос.
    И имаш потполно право да се лутиш кога некој те навредува.
    Нема зошто да се осеќаш помалку жена ако немаш деца.
    Една жена е комплетна без разлика дали има деца или не, дали има партнер или не.
    Ама да кажеш дека ги МРАЗИШ, за некој што ништо не ти направил во животот, не е воопшто на место.
    Имаш напишано дека ти пречи што ти викаат дека не е нормално да мразиш деца.
    Па, не е.
    Има разлика меѓу мразење и ова погоре што го набројав.
    Нема разлика меѓу нивните погрдни зборови и твојов "мразам".
     
    На edna_malecka, CameliaMiller, Mikha4 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Никој овде не те суди поради тоа што не се гледаш како родител, поддржуваш абортус, промена на пол, ЛГБТ заедницата, т.е има такви, ама со таквите ни ние не се разбираме. Тоа го правам и јас. Но, зборот „мрази“ е тежок збор. Некој/а треба да ти наштети за да го/ја мразиш. Децата никому не наштетуваат. Точно е дека никој нема право да ти кажува што да правиш со твоето тело, но и ти немаш право да поставуваш прашања од типот „Кога абортус?“, затоа што и абортусот е избор на жената. Ако ти не сакаш деца, не значи дека друг не треба да сака. Не треба да се чувствуваш како помалку жена заради тоа што не сакаш да имаш деца. Има многу жени што не сакаат да имаат деца, па среќни и исполнети се. Никој не треба да те суди и да те навредува затоа што не се гледаш како родител, но повторно ќе кажам зборот „мразам“ е многу тежок збор, иако можеби не го мислиш.
     
    На Bezimenka90 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.176
    Пол:
    Машки
    Значи според тебе, овие 90% се овци, кози кои немаат појма од ништо, кои се конзервативни а овие 10% се во право шо сакаат да бидат обратни. Свака ти част на размислувањето..

    Океј, не ми сметаат тие што не сакаат фамилија, деца, постојат повеќе фактори, нивна работа, нивна штета. Ама мразење на деца-човек е сосема психички проблем за на психијатар.

    Ама за овие, лгбт, исполов брак, промена на пол, чувства на жена а маж и обратно, тотално сум крајно конзервативно радикален. И целосно се согласувам со твоите родители.
     
    Последна измена: 7 февруари 2021
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Цел пост како и насловот покажува на тоа дека навистина имаш проблем и треба да одиш да го рршаваш.
    Да мразиш деца е голем збор.

    Ок е да НЕ САКАШ ДА ИМАШ СВОЕ, ама да мразиш е болно.
    Да прашуваш зошто некој родил или абортирал тебе не треба да те интересира ама ич.
    А и другите не треба да ги занима дали сакаш свпи деца, дали си геј, трансродна и сл.
    Секој нека си го гледа животот
     
    На IRBBB, Aesc2000, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.092
    Пол:
    Женски
    Толку одговори а нејзе нигде ја нема. :^)
     
    На edna_malecka, Bezimenka90, злоба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Autumn Love

    Autumn Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    4.689
    Ова болдираново му дава една благо језива нота на твојот пост, така да се надевам дека не ја разбираш силината на емоцијата што ја влече зборот мразам и го пишуваш само во контекст дека не сакаш да имаш свои.

    Доколку е така, може треба само речникот и начинот на изразување да го смениш и верувам дека ќе наидеш на поголема поддршка од околината.

    Многу е нормално да не сакаш да имаш деца, да сакаш да се посветиш само на кариерата, да нејќеш да бидеш во брак, да бидеш геј, да се осеќаш како маж, жена, нешто измеѓу и тако ми ти даље.
    Ама, според мене, не е нормално некој да мрази било какво живо суштество што дише и мрда, макар било тоа и мачка.

    Инаку напротив, мене ми делува како да си многу несреќен човек, кој се бори со сопствени потреби, мисли, убедувања и стравови и мислам дека околината ти е најмал проблем.

    Контрадикторни ти се мислењата, доколку чуваш животни немаш празен стан, па макар ги чувала и во двор, еднополов брак не значи по дифолт брак без деца.

    И btw биолошки, генетскиот код и наложува на секоја единка да се бори за две работи - да преживее (затоа јаде, бара засолништво, бега од опасност) и да го продолжи видот.
    Растение, животно, човек сеедно, така што е многу нормално да 90% од луѓето бидат ‘опседнати’ со потомство.
    Еве да ја замислиме обратната ситуација, 90% да не беа заинтересирани да раѓаат и чуваат деца, човечкиот вид ќе го снемаше за ___ години (нека кажат математичарите од форумов).
     
    На Billy Idol, NewMama, Dentina и 8 други им се допаѓа ова.
  13. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Мразиш деца? Молим? Па не звучи добро кога ќе се изразиш така. Добро можеш да не сакаш, ама зошто да ги мразиш?
     
    На WildMk и mode-kristina им се допаѓа ова.
  14. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    "Кога абортус и зошто роди" е исто невкусно како "кога свадба, кога деца". Дури одвратно.

    Не личи да прашаш такво нешто. А кога веќе прашуваш такво нешто, немаш право да се жалиш кога другите ќе те прашаат.
     
    На edna_malecka, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.639
    Пол:
    Женски
    "Мразам" е тежок збор, многу тежок. Не знам дали членката сакаше тоа да го кажи или лошо се изрази. Бидејќи не е исто да не сакаш деца и да мразиш деца.

    Првото е сосема океј, и ако некој има предрасуди за тоа тогаш проблемот е во него бидејќи се чувствува достоен да кажува кој како треба да си го живее животот. Кај нас општеството и тоа како има предрасуди за ова и уште долго ќе се гледаат како ненормални оние што не сакаат "лозата да ја продолжат".

    Второто воопшто не е океј и загрижувачки е било кој и било што да мразиш ако не ти дал ептен јака причина за тоа. Ама за дете не ми текнува дека можи да ти даде таква причина. Па јас имам предрасуди и за оние што мразат животни. Тогаш проблемот е во тебе и секако дека тоа ќе предизвика негативни реакции.

    Не ми се и мене мили толку децата и не чувствувам потреба да ги играм, гушкам и слично, дури можам и без дете да го поминам животот ако сакам. Ама да мразам? Нема шанси.
     
    На edna_malecka, Bezimenka90 и mode-kristina им се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ова звучи ко мене во најраните тинејџерски години кога сакав да звучам edgy и несфатена. Кога абортус бе :rofl:
     
    На oblace1, theowndemon, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Дап...
    Сакав да речам, она "возрасна сум" ми е толку неверојатно...
    Тинејџерка/адолесцентка - сигурно. Возрасна? Ноуп...
     
    На Kate Rina 93 и crimson им се допаѓа ова.
  18. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    41.864
    Пол:
    Женски
    Веќе сте ги разграничиле поимите мрази и не сака, да не се повторувам. Сте кажале и дека нема разлика помеѓу мразам деца и мразам геј луѓе.

    Ама:
    Овај дел јас и’ го разбрав малку поинаку, можеби грешам. Никаде не рече дека таа така им се обраќа, туку дека важат двојни стандарди. Луѓето си имаат потполна слобода со прашањето кога деца? А кога би ги прашале кога ќе абортираат би се налутиле, нели? Значи, колку што не е во ред да прашаш за абортус, толку не е во ред да прашаш и кога деца. Затоа мислам не е убаво сфатена членката. И мене ми е малку преку глава од истото прашање и очекувањата на другите.

    Немањето деца не те прави помалку жена, да. Ама заборавате дека форумчево е место каде што има еден куп open minded луѓе, надвор од компјутерот не е баш така, поготово со постарите генерации. И затоа пак до некаде ја сфаќам од каде и доаѓа таквиот став, наметнато е, кога цел живот го живееш со конзервативни луѓе тешко е да бидиш поразличен, но не е и невозможно.
     
    На violetblue, Bezimenka90 и BejbiBlu им се допаѓа ова.
  19. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    За да живееш добар живот немора да си поразличен. Доволно е да не те засега мислењето на другите ,секако ако со твоите избори не правиш штета на други. Во однос на опен мајнд луѓе можам да кажам дека во денешницава цела младина е таква. Јас сум 30 години и не сум чула до сега некој од мојата генерација да упатува погрдни зборови. Значи во мојата околина не секој прифаќа такви нешта но исто така не се ни замара односно не осудува. Девојката го спомна нејзиното семејство. Како и да е треба да ги сфати . Доаѓаат од конзервативно општество и имаат поинакви ставови за животот. За нив тоа е неприфатливо,како и за мојата мајка. Не и пречат лгбт но не би била среќна ако и јас сум од нив. Тоа е исто како за мене што не e сфатливо да се карактеризираш како инфлуенсер а да немаш реална професија. Чудно ми е и безвезе но во денешницава е нормална појава. Ова е само една споредба. Исто така треба да се бираат зборови ,можеби затоа е и осудувана,тенка е границата помеѓу искреност и безобразлук. Совет е да си се осамостои да не се замара за туѓите мислења и да размисли пред било што да каже. Јас сум жена и сакам да патувам,мнооогу сакам животни ,сакам понекогаш да бидам и сама, имам многу пријатели и што. Ќе мешаме баби и жаби.
     
    Последна измена: 8 февруари 2021
    На Snowflake97, Ugly Duckling и злоба им се допаѓа ова.
  20. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека не е во ред да прашаш „Кога деца?“, но и прашањето „Кога абортус?“ е некултурно колку ова првото. Тоа и поголемиот дел од нас го кажавме. Ги поддржувам тие што не сакаат да имаат деца. И јас поддржувам абортус, промена на пол, ЛГБТ популацијата. Но, кажав и повторно ќе кажам. „Мразам“ е тежок збор и кога некој ќе го каже тој збор, делува многу лошо колку и да не го мисли тоа. Можеби лошо се изразила. Затоа членката сама нека каже дали лошо се изразила или навистина го мисли тоа. Да не сакаш и да мразиш не е исто.
     
    На Bezimenka90, Snowflake97, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.