1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предрасуди кон луѓето што не сакаат деца

Дискусија во 'Психологија' започната од G_lgbt, 7 февруари 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Да 'мразиш' деца?
    Зошто би 'мразеле' деца?

    Може да не сакаш деца, ама да ги 'мразиш'?

    Да ми појасни некој, ако можи?
     
    На edna_malecka, oblace1, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Како тоа "мразиш" деца?
    Тежок збор е мразиш. Не памтам дека било кого сум мразела некогап во животот.
    Да не сакаш/сакаш деца, е сосема друго, ама да "мразиш" (поготово деца), тоа не го разбирам.
    Поддржувам сечие мислење, одлука и сл. ама мразење е тежок збор. Во секој случај секој одлучува за себе, ама нека не ми наметнува мислења, ставови и теории, особено не за деца. Океј е да кажеме дека сакаме/не сакаме деца, ама да ми водат полемики околу тоа, не би да слушам.
     
    На edna_malecka, WildMk и mode-kristina им се допаѓа ова.
  3. Mony18

    Mony18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2017
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Членката тука си кажува дека мрази деца, ако не чуствувала такво нешто немало да го употребува овој збор....а и темата и е така насловена....Како и да е твој живот и нема никој право да одлучува за тебе....
     
  4. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Никого не осудувам но мислам дека ова го направи модерново време. Порано ако не сакаш маж и деца ке си седиш стара мома и дома а сега у никој случај никој не сака дома ете сакаат да шетаат и да видат како е да си во врска со ист пол
    Порано се мажеа за да имаат живот сакаа деца за да имаат на кого да се посветат а сега модерните мајки (со исклучоци) се сакаат само себе и се многу по самостални од порано и никој не им треба. За мене оваа тема е ужас бидејки со сила воведуваме нови "нормални" рсботи во оштеството како што се лгбт и не знам што друго. И порано го имало ова но не во оваа мера да се прави толкава фама. Сакајте партнер од ист пол не сакајте деца никој ништо не тера на сила но немојте и да барате да ве поддржуваат бидејки ова е едно извештачечно време и се што порано беше правилно, сега не е...
     
    На edna_malecka и NewMama им се допаѓа ова.
  5. Tracer

    Tracer Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2021
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Машки
    Dojde
    Ja napravi dramava
    I si zamina
    vie raspravajte se :D
     
    На edna_malecka, Besmrten, Anie93 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А ти од кај знаеш како било порано?
    Некогаш муабетиве за порано ко да имаш 150 години па си видела многу генерации.
    Од секогаш имало луѓе што нејќат деца.
    Во тоа порано што го идеализираш, раѓале деца и редовно ги тепале пошто не ги сакале ама морале да родат зошто така налагало општеството.
    Геј луѓе имало и порано исто ко сега само се криеле зошто тешко нив било.
    Не е нормално да имаш деца за да имаш на што да се посветиш, треба да ти е среќен животот и пред децата, а децата да ти се само екстра љубов, а луѓе што немаат интересен живот пред да родат деца, да ти кажам што прават, кога ќе дојде ден да се одделат децата од родителите, родителите болни паѓаат пошто не знаат шта са собом, и така се ствараат нездрави врски меѓу родител и дете.
    Порано се мажеле за да имаат живот :headbang: :drunk: имај живот и пред да се мажиш, не треба да најдеш маж за да те комплетира.
    Никој не бара поддршка од тебе.
    Проширете ги малце хоризонтите, млади луѓе со вакви размислувања е срамота.
     
    На MarigoldA, CameliaMiller, TashSefton и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Реков дека сите можеме што сакаме да си сакаме нормално е да има брак од два пола, ако некој сака од еден пол, слободноо никој не брани ама сакаат сите да ги поддржуваме.
    Ако некој не сака деца и брак и сака да ужива така сам нека уживаа зошто бараат поддршка и да им се каже да правилно е да не сакаш деца. Од двајца со различно мислење не се обидувајте да се удогласите. И тоа се вика приоритет во вашиот живот. Како што на пример јас сакам фамилијарен живот некој не сака да се прибере дома и не ме оправдувајте ни вие мене ни јас вас.
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А дали разбираш дека може да поддржуваш нешто и пак да не го применуваш?
    Поддржуваш право на избор, нормално е да не сакаш деца, баш ќе беше се поубаво ако родители кои не сакаат деца немаат деца пошто нејќат ама раѓаат и децата трпат.
    Можеш да поддржуваш некој што не сака деца и пак да си родиш ти ако сакаш, што е тука спорно
     
    На CameliaMiller, TashSefton, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    И да, за тоа дрка зборам како да сум стара и знам како било порано, е да ги трпале и ги мажеле па и деца со сила имало (не оправдувам) ама пак затоа срга двајца мажи од истополов брак ќе имаат дечиња ма ајдеее па НЕ НЕ Е НОРМАЛНО
     
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Отековте со вашето "не е нормално".
    Значи ептен
     
    На edna_malecka, CameliaMiller, Ena05 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Темава е за деца на родители од ист пол или за друго? Ај препрочитај за што е темава и врати се
     
  12. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Нека не сакаат деца, ќути си шетај си.. зошто тема на ова као ќе не послуша? Во ред е да ги сакаш и да не ги сакаш ама не да решаваме дали е во ред или не е
     
  13. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Го прочитав и тоа некаде наназад
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Сериозно мислиш дека некоја што за себе вика дека мрази деца треба да има семејство? Подобро нека секој си има избор и таквите нека немаат деца, зашто утре некое дете недолжно ќе страда зашто мајка му/тато му створиле семејство под притисок.
    Порано било правилно, кога било правилно, пред 20-30-50-90-120 год.?Порано е широк поим.И што било толку поправилно порано од сега?
     
    На CameliaMiller, mode-kristina и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  15. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Нека немаат нека прават што сакаат без притисоци и притоа без убедување како е подобро. Кој како си сака
     
  16. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.756
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Затоа нас не не бидува како народ, затоа што ги осудуваме другите што сакаат да вклучат брак со личност од ист пол, што сакаат да посвојат дете и слични такви ствари.
    Оставете ги луѓето да прават што сакаат, аман бе.
    Луѓето на месечината отидоа, овде замараат уште со тоа што било а што не било нормално.
    Лепо фино да се вратиме назад во прошлите векови со овие затуцани размислувања.
     
    На CameliaMiller, mode-kristina, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Никој не те убедува, зарем те присилува некој да ја отвораш темава?
     
    На CameliaMiller, mode-kristina и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    Не ми кажа што било подобро порано и кога.
     
    На CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    52.630
    Пол:
    Женски
    Не мора да ги поддржуваш, доволно е да не ги осудуваш. Бидејќи одлуката дали некој ќе има дете или не, дали ќе е со партнер од ист, спротивен пол или со никој, не влијае никако на тебе.

    Општеството тука многу знае носот да го пика кај што не треба и да распрашува кога ќе си најдиш партнер, па кога свадба, кога дете, кога второ итн.
    Зошто да ќути некој ако не сака деца? Па негово право си е, кога веќе е прашан така да одговори и да не е осудуван.
     
    На CameliaMiller, mode-kristina, Peperutce1115 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како луѓе од 20-30 години величаат некои минати времиња.
    Жените се мажеле колку да се омажат, ги мажеле нивните некогаш со мажи кои не ги сакале, биле силувани, зошто тоа не се гледало како желба туку како должност, раѓале деца, абортирале брцајќи си пердуви.
    Апсолутно нормално било мажите да се еба*аат со други, зошто нели маж е.
    Многу од нив не сакале деца ама ги раѓале зошто морале, па после децава испаштале цел живот.
    И некој ќе ми каже поубаво било. Абе ајде
     
    На MarigoldA, CameliaMiller, Ena05 и 13 други им се допаѓа ова.