@orhideea ,навистина си толку млада? Лелеее, е тие баниците кога бе дете научи така да ги правиш?! Па и тортите . Згора на се сама во странство,без никаква помош. Алал да ти е мајче.
Немам предрасуди. А зошто би имала уствари? Некој созрева на 20, некој на 25/30, некој никогаш. Јас на 20 не се гледав со дете во раце. Па така до 25 год. книга нишкав. Дали е залудно или не, никој не знае. Ништо не би сменила, некој ужива во мајчинството од млади години, некој се надоградува, шета...Секој со свои приоритети. На крај краева годините и не се битни, нека има само многу дечиња во секое семејство.
Да навистина За готвењето се сама си научив од читање рецепти по интернет, никој не ме учеше. Дури не бев мажена знаев само јајца и виршли да испржам. Ама и моите не ме пуштаја да готвам или ми стоеја само над глава па зошто стави толку па зошто така или па тргни се јас ќе направам а јас си имав желба. И од како дојдовме странство сами си бевме со мажот ми и полека по полека се си се научив сама моите не веруваат дека сето тоа јас го правам А околу бебуш ништо не ми е тешко се правам со задоволство. И милион пати ми е поубаво вака сама. @mariz @fana Сите така мислат @kukla21 повели
@orhideea никогаш немаше да погодам дека имаш 22год., се мислев +10 и повеќе од тие Си научила од нет да готвиш!? Имаш дарба, имаш фат, желба пред се, од нет не се учи да се сука и тегне, јас од нет не успевам ни грав да сварам како што треба, да не спомнам дека научив јајца да варам само во апаратче Браво мајче!
Жена од жена пати. А што поинаку да очекуваме кога повеќето од мали дома не учеле дека треба да ќутиме и трпиме, баби и мајки? Јас лично од мајка ми сум слушала секакви полови срања, а од татко ми ниеднаш. Нејсе, друга тема е тоа. Не осудувам ни на 20 ни на 40 да роди, која како сака, па и не мора да сака. Апсолутно нејзино право. Ако мажите ни лепат секакви епитети, дајте бар по женска линија да не се тепаме за личен избор. Секоја која сака и си ја исполнува таа улога на мајка како што треба, а не роди и батали го понатака, може кога сака да роди. И храбри се и едните и другите, и младите мајки и постарите, пошто мајки се.
Предрасудите се неминовен и неизбежен дел во ова балканско поднебје. Годините нит се релевантен фактор за мајчинство, нит за домаќинлук. Секој се води според сопствените принципи, способност и одговорност.
@orhideea jas i ti sme bile generacija majce . Sram da mi e edna torta ne me biduva da napravam . Sekoja cest za tebe . Jas so svekrva i majka do g'z ( izvinete na izraz ) ne nauciv , a ti sama bez nicija pomos , komati i piti pravis . Alal da ti e . Inaku , i jas ne se gledav na 18 so dete , na 20 so dve , ama ete se sluci sto se sluci . Koga veke se imase sluceno , ne sakav da rizikuvam za ponatamu da ne mozam da imam dete koga ke sakam , zatoa i odluciv da rodam ,plus imav poddrska i od partnerot . Tuka e sto e . Nauciv mnogu raboti , vidov raboti za koi mislev deka nikogas nema da gi vidam , mnogu lugje me napustija koga mi bea najpotrebni , samo zatoa sto bev bremena na 17 mi svrtea grb , kako nikogas da ne bile del od mojot zivot . Mnogumina mi zboruvaa zad grb , i zborovite me povredija mnogu , ama nauciv da ziveam kako jas sakam . Site tie nastani me napravija posilna , mi gi otvorija ocite deka ne treba da veruvam naivno na sekoj bezrezervno ,pa duri ni na najbliskite . Zapoznav mnogu lugje , od togas do denes , i blagodarna sum sto se izleze vaka kako sto izleze . Da ne bese bremenosta, mozebi seuste ke bev naivna devojka koja veruva vo se sto drugite zboruvaat . Predrasudi imase , najvekje od bliski clenovi na mojata familija . Mi zboruvaa kako mozese na 17 godini da zabremenis , kako ke gledas dete , nemas zavrseno seuste ... Rekov ako sakam i na 60 ke zavrsam fakultet . Nikoj ne me osporuva vo toa . I onaka ne planirav posle sredno vednas da se zapisam na fakultet . Srekna sum , i toa mi e najvazno .
Ако нешто не и недостига на Македонија тоа се предрасуди. Не само за млади мајки. За се. Аман кој кога сака нека станува родител (и мајка и татко), секој на своја одговорност. Секој период си има и позитивни и негативни страни. Мајчинството е ново и многу големо животно искуство, некој ќе го искуси порано, некој подоцна. Еве што дека јас станав мајка во "идеалните години" кога за друго сум на мета на туѓите предрасуди. Ако не за ова, за она сигурно ќе бидеш на тапет. Така да, капата настрана и живејте го животот како вие сакате!
Мислам дека не постои човек кој нема предрасуди. Но, сѐ додека тоа го задржуваме за нас и не повредуваме некого со искажување на истите, е ок. А предрасуди на база на претпоставка, што би се рекло со "мувата на капата", не верувам дека има до толку. Барем не во поголемите места. Конкретно, вчера ќерка ми се откорна од плачење по улица, со викање, со солзи, со сѐ. Значи никој не нѐ ни погледна. А не па да ме погледне дали сум млада/стара мајка и да ме осуди. Е сега, ако некој ви дојде и директно ви каже: слушај, нема да ти успее, млада/стара си за мајка, тоа веќе се работи за некултура. И секој си знае сам за себе кога е спремен за било каква важна одлука за промена во животот. Не мора секој да прошета, да заврши факултет, или да се реализира како родител во 20-тите, оти така сметаат дека треба другите. Секој нека си тера како замислил, најважно е во срцето да ни е мирно и топло
Почитувам секој како си го одбрал животот така да си го живее. Јас не кажав ништо лошо едноставно јас сум така воспитана со такви предрасуди во мојата фамилија и затоа имам такво мислење.
Човек да ве чита ќе се осети стар што на 27 години нема дете, лол. Нејсе. Мислам дека после толку години борба на жената да управува сама со сопственото тело треба да се престане да се коментира кога некоја требало да роди или не требало. Не ја разбирам опседнатоста со тоа млада/стара мајка но морате да признаете- самите сме си виновни. На сами кога велам, на женскиот род мислам. Имам колешка на 35 години која е неомажена и нема деца. И мислам дека она многу повеќе го осеќа оној притисок/предрасуда од околината отколку онаа што родила на 20. Некако кај нас стана тренд да се раѓа што помлад. Јас ни со тоа не согласувам, искрено, наметнување на нешто што никако не е морално како да е правилинот избор. Не, не е. Пошто фала богу ни една жена нема исти ставови, размислувања, желби и чувства. И не треба да бидеме исти.
Јас немам предрасуди кон младите мајки сепак тоа е сопствено право.Иако јас не би родила пред 25-26.Искрено и јас сакам да сум млада мајка но не пред ова годиште од причина што сакам да најдма добра и сигурна работа,да прошетам низ светот,да одам на забави и да се забавувам за после да можам да му се посветам на моето дете.
Не знам во каков круг на луѓе движите, ама во моја близина до сега никој не искоментирал за годините на некоја жена дали е млада и несозреана мајка или ако е над 30 години дека на родителска баба ќе биде. Ни па мене ме занима дали некоја родила на 20 години се додека не почне да ми попува дека ја со скоро 31 година а без абер за брак уште помалце дете не знам да го живеам животот како што треба и имам изместени вредности за тоа што е потребно да ти биде комплетен животот. Битно е тебе да ти е убаво а не што ќе каже комшијата. Дека 10 животи ќе живееме па можеме да си дозволиме да се потресуваме за коментарите од околината. Можда кога сум била помлада ми бил чуден тој чекор на девојките од моја генерација да речеме, додека ние како друштво сме искачале, сме дружеле по одмори и дискотеки пар луѓе раѓале деца и не сум можела да се замислам во таква улога ама сега сосема ми е сеедно кој што прави. Често ми се случувало да ми кажат - ЕЕЕ ја на твои години веќе бев мажена и дете родив, ако бе сестро фино за тебе, живеј си- мене ми е ок вака со пијачка во рака во сабота навечер без да се мислам дали ме чека бебе дома за цице. Многу потресување за мислење на рандом луге што не ми значат ништо во животот и случајно сум ги сретнала на улица не е арно. Ако на вас ви е убаво и сте среќни и задоволни со животните избори не треба да ве тангира погледот на некоја тетка во маркет.
не е воопшто битно кога ќе родиш.битно е да има љубов и тоа мало бебче да расти среќно.другото се само ќе си дојди со почит и љубов.
Јас родив на 24,сакав многу порано да родам ама околностите ни беа такви што не успеавме За коментари имало и ќе има Ако не си млада стара си,важно е да се чувствуваш спремен за таков чекор на тие години За коментарите ја вака
Мене многу ми е слатко кога ќе видам млади мајки со деца, просто се топам и мислам дека тоа ми е најслаткото нешто одма после мали кученца и стари бабички. Тоа сигурно од љубомора другите така постапуваат.
Луѓе, 20+ години и не се толку трагични за имање дете. Мислам, зошто би осудила некоја што на 21-22-23 родила? Дете самата - не е. Да, сметам дека е непромислено раѓање на 17-18, бидете реални, дали тие години навистина се доволни да се гледа дете? Не само да се роди! Финансии, дом? Или ќе зависи мајкава од "старите"? Дете се раѓа кога е човек и психички и физички и финансиски спремен за истото. Реално и на 13 можеме да раѓаме, во ред ли е тоа? Не сум мајка оти не сакам да бидам, барем засега, сите другарки ми родија од 24-27 години, некоја средна возраст, само две уште немаат деца. Предрасуди има кон се' и сешто, и мене постојано ме прашуваат "што чекаш?", зар да се замарам со тоа? Тинејџерки да раѓаат деца не е во ред, но 20+ е веќе друг муабет. Ако сте си вие сигурни во сопствените избори, ич уво да не ве боли некој трет што мисли. Едит: манџи. Човек кој не знае да се грижи за себе (готви, пере, пегла, плаќа сметки) не треба ни маче да чува, а не дете.