Кога останав бремена не сум слушала негативни коментари, дали дека веќе бев во брак 2 години, не знам. Кога се омажив друга приказна беше, свашта се измислуваше и коментираше. Ама баш и не ме погодуваа коментарите на небитни луѓе
За последново ќе искоментирам. Најмногу се виновни родителите. Додека децата се под нивни покрив не им дозволуваат да се мачат со чистење, готвење, и др. И не сакаат децата да им работат за 12 000. Е па мора од некаде да се почне. Срамота на 28 години да не знаеш да направиш јадење и да чекаш од твоите пари за да си купиш гардероба. Таквите нема ни да бидат способни да чуваат дете. Јас родив на 24 и на 27 години. Сакав да бидам млада мајка. Дете сум на постари родители и гледав колку им беше тешко да не исчуваат мене и сестра ми.
Јас сум дете на млада мајка, сестра ми на стара мајка Од на мајка ми искуство, со сестра ми се' е полесно. Ама тоа е индивидуална работа. Мене на 23, сестра ми на 36 ја роди
Јас се омажив на 25 станав мајка на 35 и 37. Не дека така сакав, така Бог сакаше . Од сегашна гледна точка сме мн посредени од тогаш ама па тогаш нервите ми беа други. Да можам да бирам би избрала да родам порано. На 24, 5, 6 ништо немаше да ми фали да имав бебе и сега да го имав поминато овој период на грчеви, пелени итн. Плус и "помагачите" ќе беа помлади . Нејсе, не се жалам, има предности и во раѓањето на постари години. Премлада мајка за мене е девојка под 20 ама никако не е за негативни коментари.
Овде имало многу млади мајки,јас си мислев реткост сме. Искрено јас многу се разочарав,кога дознав дека сум бремена на мои 23 години. При секаква заштита што ни нуди ова модерно време,па следуваа плачки. Таман се осамостоив на некој начин,заработив солидна сума на пари,и планирав да ги искористам за патувања,и да поуживам барем до кај 26. Кога мислам на уживање не мислам на кафина и журки,туку онака ментално,без таа голема одговорност. Кога мораш да бидиш 24/7 достапен за своето дете,и нема кога сакаш ти,туку кога сака тоа. Нема изговори од типот,не можам сега,мака ми е,ќе поспијам уште,мора секогаш да можеш. Веста дека ќе имам дете,ја доживеавме како гром од ведро небо,и јас и партнерот. Иако него не му беше време за женење (зошто веќе му беше одминато) Дома секогаш му викав,до 26 не се мажам да си знаете Па кога бевме на одмор со партнерот,мајка ми често знаеше да каже,пазетесе таму,да не направите некоја беља,не сте видени 3 месеци Ти и реков да си бркаш работа,постојат презервативи 21 век сме По две недели и викам здраво јас трудна сум Сега сум веќе 8ми месец,и чувството не се опишува да знаеш дека таму внатре мрда човече. Има и стресови нормално,како ќе биде што ќе биде,па испитувања па чекање па неизвесност. Некогаш знам да си кажам што ми требаше сето ова Ама па знам и колку ќе ме прави среќна тоа човтенце.
Јас сум сведок дека најголеми предрасуди и муабети има кон постарите мајки.. Не само предрасуди, туку и еден куп лоши коментари и отровни стрели упатени на лична адреса а не онака општо кажано.. Или па кога ќе кажеш дека не сакаш да раѓаш на 27 и не се гледаш како мајка, во состојба се луѓево очи да ти извадат.. Младиве мајки немам приметено дека се мета на муабети, предрасуди.. Освен оној стандардниот коментар --- еее млада си родила, не си проживеала ништо од животот... И тоа само ако знаат колку години има. Голема работа..
А јас па никако не можам да ви го сфатам муабетон со нервите. Нерви, та нерви, возрасните немале веќе нерви. Како па да не, секојдневно сум во контакт со млади од рани дваесетти кои едноставно немаат нерви да те послушаат за консултација на некоја вежба, а не пак дете да ти гледаат. Нервите не се на периоди, дел од карактерот се. Ако некоја нема нерви на 23, ќе нема ни на 43. Мајка ми роди второ дете околу 37. Не се сеќавам еднаш да викала по некого или да викала дека нема нерви да се справува секојдневно со било кој од нас. Ако некој си е природно живчан, тоа пак е дел од неговиот карактер, не е производ кој настанал со тек на „стареењето“. Предрасуди кон млади мајки немам, но многу ми сметаат луѓе кои мислат дека светот се врти околу нив и секој поглед на косо го преведуваат како „ееее види ја оваа кокошкава!!! Сигурно ме осудува затоа што „Х“...“ Понекогаш низ муабет со некои такви „таленти“, на сите ни се случува да изреагираме бурно во некоја ситуација можеби, па и јас реагирам бурно некогаш, дури и непромислено можеби, тоа е дел од нас. Ама само поглед молим те, па и да створи таков револт не е во ред. Не може секогаш да си се замислуваме како жртва пред очите на другите. Тоа е веќе смешно. Мајки-тинејџерки не е одлука. Тинејџерки до 19тина години и не знам баш колку одлучиле дека не им треба средно и дека ќе си затруднат и ќе се омажат. Тоа било сосема нормално можеби пред времето на мајка ми, да си оформат семејство по 18 години и тоа не го коментирам - секое време си носи свои „трендови“. Но, во денешно време да остане некоја трудна на 17 години и некој да рече дека тоа било скроз нејзина одлука - епа извенете ама ни во лудило не би се согласила со тоа. Тоа е уште дете и воспитувањето од родителите очигледно потфрлило во најголем дел случаи. Ќе се снајде она со дете исто како што ќе се снајде и онаа која има 30, инстинкти се во прашање, ама моментот со самосвесното одлучување е клучниот кон кој целам.
Реално од луѓе кои не ги ни познавате може да ве допре поглед по вас толкуван на криво? Живејте со вашиот избор. За некого вистински за некого погрешен- секогаш. Со бебе одам на кафе, во мол, во маркет, во аптека, во банка и никој не ме погледнал со осудувачки поглед (25 имам). Дури и се нудат за помош за количката и ме пуштаат преку ред сите насекаде. Од изглед реално не можеш да процениш точни години така што вистина си правите филмови ако мислите ве осудуваат. Осудување од познати е друга приказна, кажав веќе, имало и ќе има но научете да живеете ао она кое сте го одбрале за вас. Во однос на нервите, до карактерот е. Ако немам нерви на 25 ќе нрмам ни на 35 и обратно. А поглуп муабет од да поживеам пред дете да имам немам чуено. Јас сега не живеам дека... Има работи кои се прават пред брак и дете да ама многу лош исказ е да поживеам - ко свесно после да се ставаш во ситуација кај што не живееш веќе.
Баш денес зборев со мајка ми на оваа тема. Мене ме има родено на 28, сестра ми скоро на 34... Значи ете се водела "стара" родилка. Толку е глуп изразов... Ми рече дека со сестра ми имала полесна бременост (со мене патолошка, речиси и да ме изгуби во 6ти), полесен пораѓај-природен(со мене царски), полесно чување(со мене нерви немала)... Дефинитивно се паѓа во вода, сами си ги ставаме тие предрасуди во глава. Јас го користам овој израз, а не мислам дека нема да живеам ако родам, туку сега на 27год. некои работи што ги правам за да добијам некој бенефит во иднина, не би можела со мало бебе да ги правам. Т.е би можела, остај го кај баба/дедо како што прават сите околку . Не сум тој тип јас. Кога ќе се посветам на една работа, си ја вршам сама до крај. Да ми чува некој дете додека јас нешто работам, да не му го слушнам првото зборче, да ми кажуваат дека проодело по телефон-не фала. Можеби звучи себично, но посебично е да молам да ми причува некој дете.
Зависи кој каква перцепција има за млада мајка. Јас родив на 25 години и не се сметам за млада мајка, тогаш се осетив спремна за дете и тогаш одлучивме да го прошириме семејството. Искрено не ме занимаат туѓи животи, кој кога сака нека раѓа, ама да речеме, ќерка ми на 16 години да ми каже дека е бремена воопшто не би ми било сеедно. Прочитав погоре за зрелост, некои помлади станувале зрели. Аха, ептен зрели. Не е работата за образование, мање више за тоа, може да заврште секакво образование , а да немате бенифит од истото,него самото пропуштено време и активности својствени за тие години. Сите велат не ми е криво што родив рано, ама потсвесно им е и тоа како. Инаку зборам за малолетничка бременост и бременост до дваесетата година. После тоа, горе долу се постигнува одредена зрелост. Ова не го зборувам со цел да осудам, како што кажав не ме интересира кој кога родил , камоли да анализирам некоја рандом мајка колку години има, мислам сељачки до немај каде да зјапаш како отидена со умот, него кажувам што мислам во врска со темава. Мене не можело секако да ми се деси ова, маолетна да имам секс за мене било шпанско село, до 17 год се немав пољубено што се вели, но , не дај боже, како што кажав претходно на ќерка ми да се случи, мислам дека би добила удар и сама на себе би си удрила шлаканица за недоволната работа и комуникација на тоа поле . Да се биде мајка е благосов, ама и да се биде дете е уште поголем благослов, детството и тинејџерството е краток период по кој сите копнееме бар еден ден да можеме да се вратиме во него кога ќе влеземе во брак,кога ќе имаме куп обврски, проблеми, работа и.т.н, зошто да го прескокнеме тој период ?
Предрасуди имало и ќе има и за ,,стари мајки,, и за ,,млади мајки,, и за било која работа што ќе ја одлучиш во животот. Мајка ми ме родила на 17години.Предрасуди еден куп... а затоа сега другарки,колешки викаат млада мајка сум имала, блазе мене. Кога си фатив дечко(мм) посебно од роднини па и моите ,,пази да не останиш бремена, заврши си го факултетот прво има за се време,,. Сега откако се омажив сите истите ( особено баба ми) ме прашуваат цело време дали имало нешто ново, иако сеуште не ми бил завршен факултетот да сум си родила,тие ќе го гледале.. Значи еј! Пред половина година додека бев во врска ,,пази немој да направиш беља,, а сега ајде,што дека ќе учиш,тек на специјализација ќе одиш роди си,ќе се изгледа. Добро луѓе,не сум темпирана бомба кога сакате вие и што сакате вие. Се надевам дека ќе нема предрасуди и за тоа дека спремна сум за бебче на 23години и уште година ипол студиии и наскоро се надевам на две линии.
А тоа што сега го работиш за во иднина да имаш бенефит е нешто што ќе ти овозможи да се пензионираш и посветено да си исчуваш дете? Не ме сфаќај дека напаѓам, напротив можеби ќе ти дадам делче од друга перспектива затоа што размислував исто како тебе. Додека не ги видов врсничките со веќе потпораснати деца како сега посветено градат кариера затоа што дечињата им се малку осамостоени. Кариерата на секоја жема што ќе раѓа ќе биде на период во втор план. Времињата се променети, има се повеќе амбициозни жени што се борат за свое подобро утре а со тоа и на своите деца, меѓутоа природата е иста и имаме билошки часовник до кога треба да раѓаме. Без одење во крајност, не мислам дека е доцна да се раѓа во триесетите години, ама! таа гаранција дека се ќе оди по планот и лесно ќе се роди не ја има нлту една жена, а за мене сепак најголемо е остварувањето да се биде родител (заради биологијата повторно ). На крајот на краиштата, на едно бебе не му се потребни големи материјални добра ( не го наметнувам како твое мислење, само се надоврзувам на муабетот) за да биде среќно, потребна е најпрво среќна мама. И уште еднаш, без одење во екстрема, не поддржувам ни одлука да се стане мајка ако истата не е сигурна дека и сама ќе може да обезбеди пристојни услови за живот на своето чедо.
на 17 18 19 години стварно не е убаво да раѓа бидејќи е резично и сигурно тоа е непланирано дете, машкото направило грешка и тоа не е љубов некако незнам мн се незрели за деца на тие години, за раѓање после 29тата мое мислење.
E bash ubavo kazhano Snezhe te podrzhuvam i jas imam 19 god. i ochekuvam bebence, na koj kako mu odgovara neka si pravi nisho vo zhivotot ne se planira dali na 30 ili 18 toa voopshto ne e bitno ..bidete srekjni shto ja imate taa mozhnost kako im e na onie shto nemozhat ...
Јас иако нема да бидам премлада мајка (млада да ), имам 27 години и здравје ќе родам на 27 ипол личам бе луѓе на 17/18. Па, секогаш кога одам на гинеколог сестрата ме најавува на др како демек некое дете чека за преглед. А тек да може да и ја видете фацата кога ќе виде во упутите дека сум бремена, и сеуште после 4 месеци не и се верува и на секоја контрола ме препрашува дали сум трудна и ми честита. Истото ми се случи и кога барав венчаница, како демек мн мала ќе се мажиш поседи си, а имав полни 26. Кога ќе им кажев во несвест. Сакам да кажам дека осудуваат, иако не сум толку млада мајка, поради мојот лик имам чувство дека сум осудувана. Ама барем имам предност, не плаќам карта за никаде особено ако одам со некоја постара пријателка која има деца ме мислат дека и јас сум и дете. Го зафркавам мм дека некој ден ќе го пријават за педофилија. Мое мислење е дека децата се благослов, без разлика кој на која возраст ги добил. Зошто некој би осудувал, сигурно нема тој да ми ги гледа. Но сепак еден ден ако имам ќерка не би сакала да биде малолетна мајка. Јас бев мн стереотипно воспитана на тоа поле, но секогаш со моите родители можев да зборам за се. Мислам дека и тоа влијаеше да почнам даа имам односи на 22, а да планирам дете после брак. И сакам тие вредности да му ги пренесам и на моето дете. Да разговарам со неа за се, да имам пријателски однос, да ја поучам и да и ги кажам сите методи на заштита. Малку предалеку заминав, но мислата ми е дека на крај краева секој си одлучува за себе и своето тело и осудувањето е знак за малограѓанштина. А несаканите тинејџерски бремености не сакаат осудување туку едукација и добар разговор со најблиските и наставниците.
Дај Боже сите што сакаат дете да имаат. Не е битно кога. Сосема ми е прифатливо некој да сака порано, некој подоцна, па дури и никогаш. Јас родив (според повеќето луѓе околу мене) млада, 24 години. Не се чувствував млада, да бидам мајка сум сакала од мала. Некои сонуваа да шетаат по бели свет, а мојот сон бил да имам своја куќа, сопруг, да бидам мајка на две дечиња и да работам флексибилна работа. Дел од тоа ми се оствари. Кога останав бремена гинекологот ме погледна и ми рече ти будала ли си, мислев доаѓаш на редовен преглед, а ти трудна. Што ќе ти е толку млада. Јас тоа си го сфатив како "осудување" и многу ме погоди. Сум дипломирала, омажила, магистрирала и родила дете. Сите нека живеат како што сакаат и кога ќе слушнам некој како ми вели дека сум скратила задоволства, шетање и слично, само се смеам зошто моето најголемо уживање е моето бебе и секој миг минат со него. Ниту е фрлено на баба и дедо, ниту сакам да ми го чува друг. Излегував цело средно и факултет, шетав, испив кафе во секое кафуле, а сега исто шетам и уживам со единствена разлика не сум сама и повеќе се грижам за здравјето. Ги гушкам сите млади мајки. Вие сте хероини! Нашето општество за жал е премногу "отруено" и секогаш ќе има предрасуди. Мајчинството е исто, дали на 19,29,39. Мајката си го сака своето чедо исто и ќе направи се за него.
Prvo dete mi e rodiv preslatka kerkicka na 20 god i zamene toa e novo iskustvo site mi velat abe ti si budala sho si se omazila mlada plus i majka si Ama nikoj ne prasuva zosto si se omazila moze sum imala nekoi problemi doma i edinstven spas mi bese mazenjeto site imaat predrasudi za toa no nekoj pat ne se dovolni zborovi da ja opisat tagata vo dusta na edna mlada devojka jas se omaziv na 19 godini i imam prekrasen soprug i toj e mlad ima 23 god ama za as kerkickata ni e najgolemo bogatstvo i gorda sum i srekjna ako mlada se omaziv do den denes ne sum se premislila da kazam lele sto napraviv jas zosto da bides mlada majka e iznenaduvanje za tebe moze kje bide i tesko ama vreme brzo tece i decata rastat sega taa ima 7 meseci i vekje razbira koga kje ja poglednam vo oci i nejzinoto disenje me ispolnuva so srekja
Секако имам предрасуди, ако бегате од родителите кај некој маж што го познавате од вчера не тешкотија, ке носите како товар на грбот, тогаш ке ви биде уште потешко овде се обврски па како ке се поделат па работа, ако веке имаш со родителите проблем гледај тргни се сам или оди во странство денеска има 100 прилики за одење од дома.
И за до странство пак ти треба помош ако ништо друго барем финансиска. Никој не треба да се осудува бидејќи не знаеш на никој што му се случува. Пред месец дена и јас бев готова да се омажам од што мислев дека не можам да издржам додека да се осамостоам. Секој со својата приказна.
Според мене мажењето не е спас туку е уште поголема тешкотија. Полесно ке ми е две работи да работам или да се снајдам барем на 3 месца во Германија да дојдам тука со неколку илјади евра отколку да се омажам со икс некој што не го ни убаво знам.