1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предрасуди кон младите мајки

Дискусија во 'Бебе' започната од Julliet Jett, 25 март 2018.

  1. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    6.767
    Пол:
    Женски
    Душо ама навистина не знаеш некогаш животот во каква ситуација ќе те доведе. Плус никој никаде не пиша дека се омажил со некој што не го знае за да се спаси а и многумина се венчаваат што едвај се знаат поради икс причини.
    Тоа е твое дали сакаш да се омажиш или не.
    Не секогаш мажењето е поголема тешкотија на членката погоре и се погодило.
    Инаку тоа работа во Германија ти мислиш така е лесно ко добар ден.
    Дм оди да работи Германија и знам по него колку пари на почеток му е потребно и процедури за да оди да работи една работа.
    Ако сакаш работа у Америка ќе треба дупло труд, врски, мито и безброј услови.
    Не велам сите да се мажиме за да се спасиме. Јас велам само да не се осудуваме.

    Без осуда !
     
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Не ги осудувам тие што се женат млади, но тврдам дека таа одлука не е правилна. Не си спремен за брак никако на 19-20 години.

    Ова во контекст на псоледните поста на темава. :wasntme:
     
    На candy.cane и Mr. Right им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Не знам кој нормален родител се радува кога им прави свадба на детето кое има 20 години, па како шлаг на торта и бебе да чува, т.е. да се оствари како родител.
    Лично јас не би бил среќен ако утре ми дојде детето, машко или женско, и каже дека свадба ќе прави или уште помалку дека дете чека.

    Ама на кој колку му чука.
     
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Некој на 20 може да биде сто пути боље родител од некој на 30 така да ова не ти држи вода Рајтчо. Годините не секогаш се мерило за тоа кој колку е спремен.
     
    На Mala_plava, Bitter-Sweet и Sesil им се допаѓа ова.
  5. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема толку предрасуди, колку што голем дел од младите мамички си умислуваат Всушност и вие ако сте доволно среќни и задоволни од вашиот живот не гледам причина, ни потреба да ве тангираат коментари и мислења од не толку битни луѓе. Сфатете дека сите не не исполнуваат исти работи. Јас немам предрауди спрема никого ако била доволно зрела да се омажи и да роди дете на 20, нејзин проблем нема сигурно јас или некој од вас да и го чува детето. Имав другарка која имаше долга врска во средно и единствена желба и беше кога ќе заврши четврта година да се омажи и да роди дете, што и така бидна денес е мајка на прекрасна принцеза. Тоа кој каков родител ќе биде зависи од многу фактори, годините немаат врска.
    Милион луѓе милион приказни, секој со своите желби. Не мислам дека е погрешно брак на 20 години ако некого тоа го прави среќен напротив. Муабети, озборувања, предрасуди имало и секогаш ќе има. Гледајте вам да ви е убаво
     
    На candy.cane, WarriorMind, LoveHope и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Мислев на тоа да завршат саглам образование, да се вработат, да проживеат. За женачка и мажачка секако има време. За деца исто.
    Поголем број што знам кои се омажиле/ожениле млади децата им ги тупнуваат на мама и тато, мајката не работи со години нели дека дете чува, сметки исто од мама и тато.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Првиот дел е во ред, заедно и во склоп со мислењето кое си го цитирал. Но овој, воопшто не е така.

    И те како човек на 20 години не е спремен ниту за брак, уште помалку за дете. Нема никакви финансии, а и да има, не се доволни. Но дури и да бидат, сепак многу работи не се проживеани и има огромен недостаток на искуство. Кое е клучно за правилно израснување на едно дете.
     
    На candy.cane и Mr. Right им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Мене само ме нервира кога мажењето/женењето млади се смета за некој огромен успех, па им се вади низ нос на другите во смисла Ене ја Стојна на 20 си се омажи, детенце си роди, си работи, а ти што правиш во животот на 20?
    Не, не сте подобри од оние кои решиле покасно да се мажат/женат
     
    На KuklickaSk, Anabelle.Amorette, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Тоа е веќе друга тема и углавном така е,али нема врска со муабетов :D
    @Snow-Star Не се сложуваме,али нема врска.Порано повеќето луѓе станувале родители на млади години,правеле куќи и одгледувале деца шо значи дека не секогаш годините се пресудни
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Порано немале многу можности како што денес имаат некои затоа и не се образувале многу. А и пред 30 години ако некоја останала немажена и без деца на 30 одма била етикетирана како стара мома.
     
  11. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Јас лично немам предрасуди кон младите мајки.
    Мислам дека е тоа индивидуално и зависи од ставовите и перцепциите на личноста.
    Секоја индивидуа одлучува сама за себе и има различни критериуми кои би ја задоволиле.
    Дали ќе биде тоа на 20 години или 30+ е апсолутно небитно.
     
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Клучен збор- порано. Времињата се променети. Денес не можеш да одиш на училиште до 18 год. , и да си обезбедиш средства за да градиш дом, или пак и да живееш под кирија. Сам, да. Но со сопствена фамилија- апсурд.
    Освен ако немаш побогата фамилија.

    Но и во двата случаи, немаш искуство за живеење на животот и како треба да воспитуваш дете.
     
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Све се може ако се сака,само денешниве млади се разгалени. Не може сам за себе да се грижи а камоли фамилија да одгледува.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    О ма дај, не можеш. На 19 завршуваш средно. И да работиш паралелно, можеш да земаш плата до 15к. Да речеме дека пронаоѓаш партнер со иста толкава плата, многу посвисока и не може, нема образование. И одите под кирија. Нема како да градите дом. И ок, живеете доста солиден живот на почеток. И се додека не дојде до проширување на фамилијата.
    Но доаѓа дете, и автоматски приходите се сведуваат само на едни 15к. И?

    Ова е иделна стартна позиција. Каде не зборуваме за никакви амбиции за кариера и образование, за шетање на светот јер пред тоа не си имал време а (веќе) ни пари, сите желби преминуваат на стенд бај од х причини и фактори до некое посодветно време или никогаш.

    Што ќе му понудиш материјално на тоа дете? И што ќе можеш да споделиш со него за твојот живот и на што ќе го научиш?
     
    На Someonespecial, Doozy, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Тука веќе збориме за спремност,друга тема е тоа. Некој и на 30 е со истите маки,така да дискутабилно е тоа.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Ама ние цело време збориме за спремност. :wasntme:
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Не е исто на 20 или на 30 и тоа е факт.
    До 30 години поголеми се шансите да се дообразуваш, да прошеташ, да најдеш подобра работа, да заштедиш итн. Па и зрелоста игра голема улога, иако е дискутабилно ама на 20 и на 30 не мислиш исто.
     
  18. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Не се разбираме,нема везе Христос воскресе :D
     
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Што не разбирам? Во "спремност" спаѓа и материјална, не само психичка со "некој 20годишен е подобар родител од 30годишен" или било која разлика во цифри, и "и на 20 год. ситуацијата може да биде иста како на 30". Има везе.

    П.С. Навистина воскресе.
     
    На candy.cane и Mr. Right им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ако ви се верува, знам огромен број на луѓе кои се омажија одма после завршувањето на средно, кој намерно, кој ради сплет на околности ( бебе ), и денес, неколку години покасно, сите до еден се разведени, освен едната, која живее во катастрофални услови.
    И тоа кажува све за темава.
     
    На Nausicaa, Someonespecial, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.