И те како има везе дали некој ќе стане родител на 20 или 30. Во прашање е првично животното искуство со образование, патувања, работа итн. Не може некој на 20 што учел средно до 18 да биде подеднакво спремен од тој на 30 што имал време од цели 10 години да добие нова димензија како на духовно и интелектуално ниво, така и на материјално. За инстиктот не правиме проблем, него го има и на 20 и на 30 но во други околности!
Јас имав многу непријатна ситуација во една банка доле во мк, вработената се знаела со на мм фамилијата, и она ми вика таму пред цела банка аааа од шо си бремена, затоа ќе се мажиш на 22 години, и тоа го слушнаа сите вработени таму, јас и мм сме тие шо решивме дали ќе го родам тоа дете, и што понатаму, како да обезбедиме подобра иднина како за неа така и за нас, а гледам ја таа така шо кажа колку успеала во животот со тој коментар. Од такви бркалки како неа не не бива во Мк!
Ова е голема вистина. Женските деца се учат од мали дека треба да се омажат, да имаат деца, да гледаат фамилија. Затоа на повеќето девојки им е животен успех мажењето и сакаат да побрзаат. Гледајки по мене, толку многу работи направив од 20 до 30 години (образование во странство, убави работни места, многу патувања и сл.), ама сепак за најголем успех беше прогласена мојата свадба
Еве јас родив на 27,5 и пак имам предрасуди и ништо “не знам “ читам глупости по нет и книги и се консултирам со доктори кои на времето кажувале поинаку а уствари само треба да ги послушам постарите... Не дека сум млада туку дека ми е прво дете ете..