1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предрасуди

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Superiska, 18 март 2010.

  1. CherryBerry

    CherryBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    132
    Искрено имам предрасуди за некои работи,но сепак ништо сериозно,што би довело да дискриминирам некој или да го мразам.И не сум либерална личност баш,иако се трудам да бидам и да прифаќам скоро се што се сретнува во ова модерно општество,но сепак имам ограничени погледи на некои нови нешта и за некои работи сум старомодна :D
    Eве едно момче што ми се допаѓа-детето прв пат кога го видов ми остана отворена устата.Mногу е згоден и веднаш си помислив дека е дигнат и дека си лета доста во облаци бидејќи очигледно беше дека е стварно убав-па може било која да ја привлече.Но кога го запознав сосема ми се промени сликата за него.Mногу е фин,културен едноставно е совршен.И не ми се верува сеуште дека некој толку совршен може да биде толку приземен како воопшто да не е свесен за тоа колку би го посакувале.Добро сега знам дека има многу луѓе што се сепак да не речам скромни но не се арогантни а навистина вредат.Но сепак ми остануваат предрасудите дека тој е препотентен и само се однесува вака бидејќи уште повеќе ќе привекува внимание од спротивниот пол кој се разбира дека на совршен тип како него нема теоретска шанса да му одолее. :^)
     
  2. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    немам предрасуди секој има право да го живее животот како што мисли дека е најдобро за него.
     
  3. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Имам една предрасуда, и не можам да ја исклучам никако од мислите...а сум се трудела. Никогаш не сум можела да бидам со тип или да имам другарка што слуша турбо фолк...Абе се ежам, не знам зошто, посилно е од мене. Кога и да ми се пуштал некој дечко и ако ми пуштел турбо фолк во кола, абе од 100 поени, 90 ги губел веднаш.

    Ете тоа ми е...
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    хех и јас имав предрасуди за хомосексуалците, ама имав шанса да студирам во странство и да запознаам и да се дружам со многу хомосексуалци. Искрено, ги обожавам. :rofl:
     
  5. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    имам предрасуди.. тие ми помагаат многу пати... а ако не се точни т.е не ми помагаат ги отфрлам
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Се трудам да ги немам, но за жал, имам предрасуди.
    Тоа е вистината.
    Има работи кои ми пречат, ми го менуваат мислењето за човекот и не можам да поминам преку нив.
    Либерална сум за многу работи, ама имам неколку болни точки за кое не менувам став и мислење за жива глава и се некој вид - предрасуди.
    Предрасуди кон проститутки, луѓе со сомнително минато и сегашност (наркомани, припадници на секти...), предрасуди кон луѓе кои не пијат, не пушат, не се сексаат, немаат ниту еден порок, не ми се за верување, не ги сакам, не ги дружам, ги одбегнувам. Точка.
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Уфф полна сум со предрасуди за се и сешто, но најчесто за банални работи.
    Имам предрасуди кон луѓето уштре само кога ќе ги видам на изглед, дигнати, шмизлишта, несредени уфф луѓе поготово жени во години што пушат на сред улица и на автобуска (па не ли им е срам бе) .
    Имам негативен став кон нештата за кои имам предрасуди на пример уште на реклама коа ќе видам некоја емисија или филм или слично, реклама исто така( абе за никаде сум).
    Добра страна е што многу брзо ми се менува мислењето кога за некоја предрасуда што сум ја имала се покажало дека не е така. Ама џабе секој ден имам по нешто ново за предрасудување :D
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    абе јас сум си либерална особа до некаде :lol: имам предрасуди за педофилите, убијците, силувачите, ку*вите и луѓе што се замараат со туѓите животи како да немаат ни една дамка во нивните, неизнаживеани особи, што појма немаат од живот а се обидуваат да ми солат памет овдека!имам огромни предрасуди за нашиот менталитет полн со кратки видици, некои бош сваќања во врска со животот!ало, бркај бизнис, живеј си како што си сакаш ја ти се мешам ли бре, не ми деригирај јас како да живеам може :envy: ??? предрасуди за националисти :devil: уффф ве мразам ејјј!!!! тебе јас ќе те прашам кај да одам на одмор, на кој да му го полнам џебот, итн! е од ваквите :puke: одвратни ми се!!! заостанат менталитет бре, примитивни сваќања!
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека некој нема предрасуди, иако тоа го тврди. Да, имам. Не се тоа за вера, националност, туку за луѓе кои ништо не прават во животот или пак премногу прават. За злосторници, наркомани, за курви, за женкароши...
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Имам предрасуди како и повеќето тука.Имам предрасуди за луѓе кои константно чепкаат по туѓи животи,ама не да имам предрасуди за нив,туку не можам да ги поднесам.Исто за луѓе кои повеќе молчат и трепкаат,отколку што зборат.Таквите молчејќи можат да скројат опасни планови.И да,имам предрасуди за брак меѓу двајца со различни религии, барем јас не би се вклопила во таков.
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Во принцип немам предрасуди, можеби една мала на религиска основа, но други немам.
    Секој човек си одговара сам за своите постапки. Не гледам причина зошто да го пикам носот каде што не го собира. Предрасудата е негативна и треба сите да се бориме против неа.
    Да бевме сите со отворени умови и без предрасуди светот ќе беше многу поубаво место за живеење. Не сакам свет во кој сите би биле како со калап правени. :)
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Имам само кон луѓе со дебело цајканско досие, такви кои седеле во затвор заради тешки прекршоци. Кога би сретнала бивш осуденик веројатно со резерва би комуницирала со него, тоа е посилно од мене. Поточно стравот би зборувал во мое име. Засега не сум сретнала таков човек, но ете чисто теоретизирам.

    Сепак за други луѓе немам предрасуди. Предрасудите се резервирани за луѓе кои не знаат, не виделе, не сретнале, не доживеале. Предрасудите многу ни го скратуваат погледот кон светот. Скоро да не заслепуваат и не прават осамени истовремено.
    Вајлд, паметно си кажа, да ги немаше нив, светот ќе беше подобро место за живеење. А би сакала да е подобро место за живеење и да има поголема толеранција. Ама желбава ми е утопизам, а и навлегува во друга тема.
    Не - за предрасуди! Да - за отворени умови и широки сфаќања.
     
  13. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    немам предрасуди, но имам некоја слика за некоја личност се додека не ја запознаам подобро :)
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Не знам зошто но стронгер ме препрати од друга тема овде...
    немам предрасуди ништо, ако тоа што не им верувам многу на денешниве млади девојки, тоа не значи дека јас правам предрасуди според годините.... Едноставно не се за верување ! :lol:
     
  15. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Освен за лицата кои извршиле криминални дејанија (па дури и во таков случај понекогаш there are two sides of the story), за друго немам предрасуди.

    Па кога ќе размислам, не се тоа предрасуди туку само прв впечаток, дали по пат на директно набљудување или според сликата наметната од нечие туѓо лично искуство. Сепак, не мора да значи дека првиот впечаток ќе остане ист :).

    А мислам дека колку е добро за луѓето да имаат отворени умови, толку е добро и да се постави и некоја граница, затоа што се' што е претерано не чини. Не е на одмет да се има одредени морални вредности, не поддржувам либерализам до претеризам.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Мене не ми е јасно зашто зборувате за предрасуди кон криминалци, наркомани итн... па тие луѓе се веќе рассудени да кажам и се знае какви се, сигурно ако разговарам со некој убиец нема да сфатам уствари дека е прекрасна личност така?

    Имам предрасуди и кон јавните личности, секогаш мислам дека се дигнати, умислени, уфилмани, со носот во небото итн... :)
     
  17. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    ...Не можам,а богами и не сакам да кажам дека немам предрасуди.
    Колку и да сум либерална не можам и не сакам да затворам очи пред некои работи кои го трујат општеството.Злосторници,педофили,силувачи,наркомани....зарем се за подршка??? Зарем треба да им кажеме браво за начинот на кој што го живеат животот?

    Едноставно не можам да замижам пред такви ужаси и да кажам ...Па секој има право да прави што сака.Епа богами нема!!!
     
  18. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Се трудам да немам никакви редрасуди,но сега има некои работи со кои неможам да се помирам.На пример хомосексуалноста.Сега не сфаќајте ме погрешно,не би ми пречело да ми биде пријател некој/а со таква сексуална ориентација,ама се грозам од самиот чин со тоа да бидеш со некој од ист пол како твојот.За други работи немам предрасуди,порано имав за некои работи но како созревам се стремам кон тоа да си ги ширам видиците :)
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Претпочитам да не потпаѓам на стереотипи, но се случува и тоа.
    Кон одредени луѓе пристапувам со друг однос, други чувства, зависно секако.
    Не верувам дека постои човек кој е без предрасуди, еднотавно не ми е логично.

    Иако ме нервираат луѓе полни со предрасуди, пре би ги одбрала нив, отколку овие невините кои се прифаќаат. Во таквите гледам нешто, така не убаво.
     
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ја лично немам предрасуди. Сите ги почитувам без оглед на се. Ама моите дома иако нејќат да признаат ама се пуни со предрасуди.
    Ако пример почнам да зборам за афро-американци добивам фидбек тие биле нечисти, муслимани, бандити, лоши луѓе, сакале само да искористат.
    Ако зборам за турци пример биле нечисти ко народ.
    Ако случајно видам тип со растурени панталони или имам (а сум имала дечко) кој одвреме на време си дува марихуана тој е наркоман . Нема друго.
    Ако нема факултет е неписмен, и ке ми брани ја да имам кариера.

    Можам раскази да напишам за вакви работи :doh: