Имам предрасуди единствено кон луѓе што не пропуштаат прилика а да не озборуваат, понижуваат, се мешаат во туѓи животи и осудуваат. Силувачи, наркомани итн, итн, не ги ни споменувам. Ете толку, кон ништо друго.
Предрасуди - не. Гледам на секој да му овозможам подеднаква шанса кај мене, како тој ќе успее кај другите ми е најмалку битно, шо е до мене ќе ја ислушам и неговата страна од приказната безразлика ако целата таа приказна дури и е измислена. Особено не сакам предрасуди кои вклучуваат - пол, националност, религија. Мислам дека тоа е најлошата основа за предрасуда. Читав и поинакви мислења наназад - хомосексуалност, наркомани, алкохоличари и сл. За жал за хомосексуалци не се сеќавам да сум сретнала во моја блиска околина, ама наркомани и алкохоличари - на тон. Не значи дека тие се лоши луѓе ради нивната зависност и дека неможат да се променат, зошто знам неколку кои успеаа да се вратат на правиот пат. Кога пишувам мислења на форумот, често се обидувам да ги заклучам работите на една едноставна основа, тогаш можи да се речи дека имам одредени предрасуди, ако можи така да се речи, се со цел подобро да ја разберам ситуацијата.
Секој има предрасуди. Исто и јас. Неможам да ги тврдам спротивното, тоа би било само лицемерие. Секој што барем еднаш помислил еј циган, наркоман, скитник, педер или слично, го нарекол со тој збор или се однесувал поинаку во даден момент спрема личноста, постапил со предрасуди спрема него. Секое спротивно тврдење би било излишно.
Jas nemam predrasudi, tuku nosam sud vrz osnova na ona shto go gledam i percepiram kako realnost. Koga kazhuvash nekoi vistini shto na mnogumina ne im odgovaraat, se sluchuva lazhno da te obvinat deka imash predrasudi. Pa, ete, mozhe da se kazhe deka neretko, "lichnosta so predrasudite" e vo pravo.
Јас сум open mind личност и немам предрасуди. Можеби затоа што самата јас сум била етикетирана неправедно. Можеби не ги сфаќам многу хомосексуалците да речеме, но немам ништо против нив, не ги сметам за лоши личности по кои треба да се плука. И со останатите групи е така. Секој си има право да си живее на начин на кој си сака.
Зависи и кој што подразбира под предрасуда. Ако понекогаш не се сложуваме со некоја појава, не значи дека имаме предрасуда.
Интересна дискусија на тинејџери (на студентска размена во САД) од Исланд, Малезија, Филипини, Тајланд, Грција и Турција во 1958 година - видеото е на англиски јазик.
Во голем процент од случаите во предрасудите има вистина. На пример често кај мене преовладува стереотип кога ќе видам убаво машко се си мислам дека или е геј или бисексуалец а не мора да значи. Друг стереотип дека фудбалерите или општо спортисти не се интелектуалци што многу пати се докажало како точно веројатно пошто повеќе се осврнуваат на физички тренинг отколку на читање и сл. Или за некоја нација која има свои специфичности поради културата и традицијата итн итн. Но тоа што генерално одредена група на луѓе е таква не значи дека сите се такви и не е коректно према исклучоците да ги сврстиме у одреден стереотип.
Не се геј Ама се педери! (У душа де) Те поддржувам за тоа. Иначе го мислиш ваљда пошо си даваш автосугестија.Потајно посакуваш да се, пошо ти одговара. Ја иам некои предрасуди, мислам не се класични предрасуди ама едноставно мој став заснован врз основа на некој факт, или дешавка.
Човекот има матрици на размислување и однесување, и не може поинаку, така е неврокогнитивно „конструиран“, инаку не би можел да се снаоѓа низ стварноста, сѐ би било во целосен флукс и хаос...Некои стереотипи се покажале „вистинити“, и немало да станат стеротипи, ако многу луѓе не ги ГЛЕДАЛЕ кај многу други луѓе. Не се сосема неосновани! Но, дали се реални? Реални се колку што им даваме тежина! Стереотипите се двонасочни, функционираат и за тој што ги гледа и за тој кој што е гледан преку нив, самиот си ги наметнува сам на себе и ги оправдува. И не само тоа, туку се релативни во секое опкружување и општество. Сите можеме да избереме да ги „предизвикаме“ предрасудите, да видиме до каде може да се оди со нив, да ги испитаме, по малку да ги разобличиме, да бидеме љубопитни во однос на нивната оправданост, со еден збор да бидеме отворени и да експериментираме со нив. Кога ги предизвикуваме се просмислуваме себеси и другите, наоѓаме поинакви врски со другите луѓе и со самите себе, зашто начинот преку кој гледаш на другите влијае и на начинот на кој се гледаш себеси. Лично, често сум се изненадувал какви се луѓето ЗАД стереотипите и приказните се секогаш интересни. Да, треба напор и треба стрпливост, но вреди! И на тој начин, сите добиваат нешто повеќе, по малку.
Немам и гледам колку шо можам ако ми помини таква мисла низ глава да ја избришам. Инаку нашиов народ е полн предрасуди и стереотипи, неизживеани луди глави на кои се и сешто му смета.