Пред еден месец го оставив алкохолот, дали е време да ги оставам и цигарите?

Дискусија во 'Психологија' започната од Igor80, 13 јули 2022.

  1. Igor80

    Igor80 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    Во консултација со психијатар имав препорака дека не треба сите пороци одеднаш да се оставаат. Но јас веќе еден месец не пијам и сега се подготвувам да престанам и да пушам.
    Но да почнеме од почеток.
    Најпрво овој форум многу ми помогна во мојата цел да престанам да пијам и да го оставам алкохолот кој овој пат сакам да биде за секогаш. Многу лоши работи ми има донесено алкохолот и сега од оваа кратко време на апстиненција можам да кажам дека јас сум друг човек од кога решив да ставам крај на тоа зло.
    Најмногу ми помогна една членка со која речиси секојдневно се допишувавме и оние таканаречени кризи или модели на однесување по кои потаоа посегнував по алкохол многу полесно ги надминав.
    Некако успеав да изградам модел кој мене лично ми одговара, кога ќе се судрев со стрес јас обично потоа се реалаксирав со алкохол, но сега тоа го заменив со еден дијазепам кој многу ме релаксира по што немам таква желба за алкохол. Да не ме разберете погрешно (еднаш за 1 месец се напив дијазепам, не сум фан на било какви лекови)
    Таа членка незнам поради кои причини но одеднаш по еден месец исчезна и некако ми остави празнина да имам со кого да си ги споделувам моите длабоки чуства, но тоа е што е.
    Сепак сега сакам да направам уште една голема промена во мојот живот а тоа е да ги оставам цигарите кои инаку цел мој живот ги пушам. Но се плашам да не е пребрзо и да не се случи повторно да ми се вратат сите пороци одеднаш.
    Некој предлог, совет ако имате би ми значело.
    Поздрав!
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.351
    Пол:
    Женски
    Време е
     
  3. tari

    tari Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    1.289
    Пол:
    Женски
    Vreme e
    Samo upornost na dobar pat si
     
    На Ouravanture и Igor80 им се допаѓа ова.
  4. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.612
    Пол:
    Женски
    Не мора да ги оставиш наеднаш! Веќе си свесен за нивното дејство и во моментов тоа е најважно, на добар пат си. Може да си скратуваш најпрво по една две дневно па да зголемуваш. Нормално дека ќе ти е тешко само нема откажување. Полека полека чим си свесен или веќе може имаш искусено какви се последиците тогаш знај дека си на прав пат и свесно ќе сакаш да ги откажеш. Ќе имаш нервози нормално, но нив пробај замени ги со твоето омилено хоби. Се надевам и сигурна сум дека ќе успееш. Поздрав!
     
    На BlackNight, Ketchup, Ouravanture и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.047
    Пол:
    Машки
    Не чекај совршено време. Не постои.
    Ако се осеќаш спремен, остави ги.

    Најдобро е да зборуваш со близок пријател или со психолог.
     
    На Ketchup и Ouravanture им се допаѓа ова.
  6. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.503
    Пол:
    Женски
    Најпрво браво за тоа што си решителен и истраен,тоа е за поздравување и секоја чест. Јас би ти дала совет да не брзаш. Сепак помина само еден месец од апстиненцијата на алкохол, дај си време на себе си. Нека помини уште малку време и ќе одлучиш дали ќе ги оставиш постепено или наеднаш и со што ќе си го одвлекуваш вниманието во моментите кога ти се пали цигара. Тоа зависи од тебе како повеќе ти одговара. На добар пат си и сигурно ќе успееш ! Се најдобро!
     
    На BlackNight, Ketchup, Arjanit2021 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.563
    Допаѓања:
    5.633
    Пол:
    Женски
    Имаш ли некое хоби, нова активност? Јас би ти препорачала најпрво да си најдеш нешто што те интересира, да си го исполнуваш времето. Да не ти дојде многу нагла промена наеднаш без да имаш со што да го пополниш времето и во моментите на криза да не попуштиш и се вратиш пак на истото.

    Добро е што си свесен дека и пушењето е лоша навика и имаш намера да престанеш, тоа е првиот чекор. Биди истраен во одлуката и ќе успееш!
     
    На Igor80 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Igor80

    Igor80 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    Да имам многу хобиња, да не набројувам навистина многу и многу интерсни.
    Сепак гледам и тука повеќето совети се дека не треба да се брза за што и јас се согласувам, ништо нема да ми промени во животот ако пиушам уште 2-3 месеци. Ќе им дојде крај и на цигарите барем до Нова Година планирам да се отарасам и од тоа зло.
    Па од следната година да планирам и да се оделам од оваа вукојебина.... поради која си ги навеав сите пороци.
     
    На boo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Кога ќе искочиш негде, не зимај цела кутија земи 3-4 цигари, кога ќе ги испушиш ќе разбереш дека немаш повеќе и немаш од каде да земеш.
    После тоа ќе ги намалиш на 2 па на 1 и на крај 0.
    Ќе разбереш дека цигарата е само навика да држиш нешто у рака.

    Еден дедо ова ми го кажа како он ги намалил на автобуска, ја лично немам пробано дали делува. И нема ни да пробам пошто сум страствен пушач.
     
    На _Naumche_, marlonbrando69 и Ouravanture им се допаѓа ова.
  10. Ouravanture

    Ouravanture Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Само едно да кажам големо БРАВО!!
     
  11. Mystic Girl 7

    Mystic Girl 7 Нов член

    Се зачлени на:
    7 јули 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Пушев цигари околу една година и ги оставив многу лесно, самоконтролата и решителноста се клучен момент.
     
  12. Igor80

    Igor80 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    Јас пушам 35 години :)
     
  13. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.154
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да не брзаш, чекор по чекор. На добар пат си но нема потреба од брзање. Сите сме нетрпеливи и сакаме животот во еден месец да го смениме но не оди тоа така. Трпението е најтешко но затоа најважно во животот.
    Со среќа.
     
    На Igor80 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    26.759
    Пол:
    Женски
    На 5 години почна да пушиш ? :?:
     
    На _Naumche_, Mystic Girl 7 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Прво голем поздрав што си станал свесен дека имаш проблем. Сега е важно да го оставиш алкохолот и кога ќе си сигурен дека ништо нема да поттикне чувство на потреба може да размислуваш и за цигарите. Алкохолот прави проблем во животот и влијае на расудувањето и многу е важно да се фокусираш на воздржување. Поддршка и успех.
     
    На Igor80 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.746
    Пол:
    Машки
    Немој наеднаш, постепено.
    Пошто сигурно не си почнал да пушиш по цела кутија наеднаш, така и немој наеднаш да ги оставиш.
     
    На Igor80 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    На добар пат си. Постепено намалувај на помалку цигари на ден, се додека не стигнеш на 0. Не ти треба тоа, нема корист од алкохол и цигари, паметна одлука си донел, браво. Се започнува пред се кога сами ќе донесеме одлука, а потоа и со самата наша воља и истрајност ќе ја спроведеме. Така да се е можно, ќе успееш, полека.
     
    На Igor80 и Ouravanture им се допаѓа ова.
  18. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Успеал ли некој да ги откаже цигарите? Голем трошок ми се, знам дека се штетни по здравјето, пушам цела кутија на ден веќе 3 години. Сакам да ги откажам ама никако да успеам.
     
    На Cosmic Girl и Igor80 им се допаѓа ова.
  19. Igor80

    Igor80 Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    Ах девојко, цигарите и се нај мал порок мада многу штетни за задравје. Само да осетиш што значи порок, мада пороците потоа си се везат еден по друг, ќе дојде алкохол, коцка мажи жени бркање, и тоа е порок.
    Еве ме мене по толку време, имав успешен пост, и се воздржував и ништо не правев дури бев на добар пат и цигарите да ги оставам, но се тргна на опаку кога се опоравив финансиски, повторно се отиде за никаде.
    Сега знам со сигурност да ти кажам дека пороците се некои точки во мозокот кој нај веројатно никогаш не исчезнуваат, можеме ние да ги потиснеме но да ги избришеме комплетно тешко барем за 10 години тешко. Ех по 10 години се се менува па и планетава. Значи колку што има шанси планетава да се смени толку имаме и ние шанси, значи никакви.
    Но сакам да ви пишам на сите вас, јас не успав, повторно почнав се по старо како што и пишав на почеток. Сакам да знаат сите дека порокот е многу лоша работа и пазете се од него, спас може само привиден да биде а траен нај веројатно никогаш.
    Затоа пазете се со кого се дружите под борј еден. Мене сите пороци ми се од лоши друштва. Под број два пред да посегнете по некој порок размислете дека тоа нема да е првпат. Под број три, размислете дека тој потег навидум наивен може да ве чини живот!
    Јас ќе се изборам знам, кога незнам но ќе се изборам, и ако е вечен форумов ќе пишам по 2-5 години!
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    26.759
    Пол:
    Женски
    Од ко ќе го изгубиш семејството можеби тогаш ќе сватиш па се откажеш , само силна волја
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.