Пред една година...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од blond, 15 септември 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Што се случуваше со Вас пред една година?

    Јас пред една година, овој период работев на случајот бебенце :angel:

    Не видов ваква тема, ако е дупла-канта.
     
    На Dulceee и sesilija им се допаѓа ова.
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    716
    Пред една година на овој ден започна мојата академска „кариера“ :D Во тој момент малце бев несигурна, ама еве година дена после тоа сум тотално сигурна дека не згрешив! Ок барем сега за сега сум сигурна :D Со него ситуацијата си беше иста, статус кво што би се рекло, друштвото почна полека да се дели кој каде реши да се дообразува, кој со повеќе кој со помалку обврски. Пред една година бев среќна, а исто сум и денес иако се појавија некои ситни проблемчиња, а основата на проблемите беше иста и лани и сега која коинциденција (сега се свестив за тоа) :D Како и да е мене ми се слатки проблемчиња, единствени кои и ме нервираат и ме исполнуваат :lol: и ќе дадам се од себе да ги решам на најхрабриот начин. Ама сепак се надевам нема да станат традиција да се повторуваат секоја година БАШ во ова време :!:
     
    На izabela63-64 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    227
    Пред една година животот ми беше во суштина поедноставен, немав големи обврски, фрки непотребни, ми беше мн по ок, посмирен живот. Сега ми е Бура, Олуја незнам уште што не... Како и да е се мора да помине, се мора да се реши :) Насмевка на лице и одиме понатака.
     
    На izabela63-64 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    3.688
    Допаѓања:
    19.546
    Пол:
    Женски
    Пред една година ова време работите беа тука некаде како сега. Се спремав за новата студентска година. Помагав на мајка ми со ајварот :D Но, сега е подобро дома, немаме толку проблеми, фала му на Господ. А со него...пред една година ми беше волшебно.. Сега магијата се изгуби.
     
  5. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.596
    Допаѓања:
    10.780
    Пол:
    Женски
    Пред една година ова време, факултетот ми изгледаше интересен и ни малце напорен..

    И пред една година ова време имав поинаква боја на коса..
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.207
    Допаѓања:
    136.264
    Пол:
    Женски
    Пред точно една година почна мојот брачен живот, официјално, после ставен потпис на хартија. И досега е ист како и предбрачниот (живеевме заедно), поточно, поубаво ни е, посебно затоа што и нашето сонце е дел од него. Се надевам дека вака убаво ќе ни биде и понатаму! :)
     
    На Aleks96, baguf4e, Nina24 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    12.688
    Пол:
    Женски
    Пред една година, ова време бев во школо. И толку памтам. :tmi:
     
    На Jessie-J му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.791
    Допаѓања:
    75.403
    Пол:
    Женски
    Пред една година ова време бев бремена 3ти месец :inlove:
     
    На Lovy1, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Honey16 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Пред една година, не влеговме во полуфинале. :D И не славев вака.
     
  10. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Пред една година јас...Јас бев срамежливко девојче...Ееее тоа беше оддамна...Сега повеке не сум сега сум лошка и несрамежливка :$ :D
     
    На Honey16 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eleni23

    eleni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    18
    Pred edna godina ne ni pretpostavuvav deka ke mi se slucat volku raboti. Imav dolga vrska so decko koj ne bese za mene koj me iritirase i kritikuvase, koj ne mozev da go podnesam da go gledam poveke od 3 pati nedelno, imav rabota koja me pravese nesrekna koj ja mrazev i ne me ispolnuvase. imav i milion problemi drugi, zdravje, finansii, posdiplomski. Denes spremam magisterska, imam nov prekrasen decko koj me obozava i bez koj ne mozam, prakticno ziveeme zaedno i nova rabota koja me ispolnuva.finansiite seuste se problem :D no fala mu na boga sum srekna i imam nesto sto go nemav poslednive 2 godini, VNATRESEN MIR.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.237
    Допаѓања:
    21.357
    Пред една година ова време......имав малку турбулентен период. Дечко ми баш во ова време лани даде отказ, па имавме мала криза која, за среќа, добро ја поминавме. А на „професионален план“ ми беше лошо-што значи дека ми било подобро од сега што ми е :@ Другото се е подобро за разлика од лани ова време :D
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Пред една година....
    Малата ја запишавме во градинка, не ја прифати баш добро, плачење, одбивање итн.,...спремавме зимница (излупив 100кг пипер кој без мое знање и прашање беше даден на мојата драга и мила золвичка), немав работа...излудував дома и се` ме нервираше.
    Лани есенскиот период ми беше лудница во буквална смисла на зборот :lol:
    Сега некако картите ми се наредија, добро е, не се жалам...а зимницата оваа година сама ќе си ја спремам :!: :)
     
  14. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    358
    Пред една година ова време ја спремавме веридбата. Поточно тоа беше на 25 септември. А успат на денешен ден си го купувме Дормеото :D и ја спремавме спалната. И знаев дека ќе бидам среќна онолку колку што сум сега :inlove: :inlove:
     
    На 2505 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Пред една година бев во школо. Како што гледам, сум била 1ва смена така да ова време сум била дома :D
    Четврта година, матурант. Мед и млеко тече. 2 и пол месеци со љубениот. Мх, мх, што друго би посакала! :)
     
  16. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Пред една година ова време, мојов ум беше толку незрел, што се чувствувам глупаво само кога ќе се потсетам на тоа. :fubar: Фала богу, сега се е подобро, иначе минатава година, беше една од најглупавите во мојов досегашен век :doh:
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Пред една година имав овој период имав енормен проблем :( фала богу се се заврши добро и се е вратено во нормала :)
     
  18. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Бев помлада ехх..хаха шала на страна,пред една година го запознав мојот сега најдобар другар и баш ми е драго ете што по тоа ќе си ја памтам мината година..по убава работа! ;)
     
  19. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    пред една година бев незрела, не ни замислував дека ќе ми се случат толку работи, толку промени.. пред една година верував, имав надеж за невозвратената љубов. ми беа важни ситници, сега и целиот свет да се преврти нема да ми е важно. не бев совршена, но бев среќна. бев исполнета. а сега, сега не можам да верувам како животот ми се смени толку, само за една година.
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    :D :D :D
    Пред една година за прв пат дојдов да живеам во џунглево и искрено, ич, ама ич не го сакав, сакав домааааааа ;( ;( ;(
    :D
    Пред една година не знаев што сакам, барем помалку од сега, размислував поимпулсивно, го мразев патот до факултет, ги мразев предавањата во осум наутро.... пред една година започна една од поголемите промени во мојот живот: за прв пат заминав да живеам на друго место различно од мојот О.

    Ех... кога ли помина?