Точно овој период лани мислам дека ги направив најголемите глупости во мојот живот хахахаха...мислам дека од лани најмногу Мај сакам да го ставам во заборав ама баш тоа е невозможно,тоа е еден од месеците на кој најмногу ќе се сеќавам...
Пред една година ова време бев матурантка. Се ми беше на брзање, средување нокти, закажување за фризер , спремање на се. Иако тогаш не бев којзнае колку возбудена поради матурската и прославата, сега би сакала да се вратам во тој период. Како и да е, далеку подобар период ми беше од овој кој го имам сега.
пред една година точно овој период имав многу проблеми во врската,до одселување од кај него дојдов...молим те Боже никогаш да не се повтори тој период...
... бев среќна ... Љубев. се смеев од срце, душата ми беше насмеана. Денес се прашувам дали некогаш ќе се чувствувам повторно толку совршено.
Бев во Македонија..Имав ужасен период од љубов до дома до пријателите, до школо до се што може да постои беше ужас..Темен,напорен, мрачен и тежок период кој што сакав да помине, беше толку лошо што и самата се осеќав бедно глупаво..Oh God..Why..? Со колку непотребни работи сум се замарала, колку работи можеле да се поинакви а сега..Сега не ни сакам да заврши овој период, сакам кога ми е дојдено до идење на факултет, сакам кога сум овде на ова место со овие луѓе..Сакам се околу мене..Морам ама..I my life!!! <3
Пред една година бев позанигде, сега се оправив. From zero to hero кажано во мој стил. Исто и помлад бев 1 год. Now I just keep getting awesome and seems like nothing can stop me.
Пред една година паѓав во тешки депресии поради него и се чудев како и кога се‘ ќе помине. Денес, се‘ што остана е неговиот заоблен задник и лигите во неговите очи по мојот.
.. бев најсреќна, најзаљубена и најисполнета, зашто тој повторно беше мој и ме љубеше. Лани во овој период, јас бев вистински среќна.
.. живеев во агонија, делумно среќно, но повеќе би рекла депресивно и меланхолично. Самиот период ми беше инспирација за да го извадам најдоброто од себе. Со него да бевме сеуште заедно, месецов ќе правевме годишнина, ама.. АМА! Не сме заедно уште одамна. Не е штета, не се каам. Можеби ми помогна да осознаам и почувтвувам некои работи, ама дефинитивно бевме на различна бранова должина. И така.. би рекла дека денес сум среќна. Среќна заради луѓето што се околу мене.
... мислев дека сум најсреќна, но сум грешела и сега после една година мило ми е дека си ги отворив очите... горда сум на самата себе за постигнатиот успех !!!
Пред една година работев на друго работно место ,со тежок карактер на газда што никако неможевме да најдеме решение за некој ситни проблеми.Пред 1 година ми се насмевна среќата да го работам она што вистина го сакам,да бидам подобро платен ,да запознаам многу луге влијателни и почитувани во својата компанија.Пред 1 година си ја заменив колата :geek: ,пред 1 година осетив ЗИМААААААА .Пред 1 год бев со бившата .........
Точно на денешен ден минатата година ми се случи нешто многу убаво,кое никогаш нема да го заборавам. Само знам колку бев среќна и најзаљубена таа вечер.