Пред една година имав дечко кој го сакав, или мислев дека го сакам, со кој повеќе не сме заедно ...за среќа. Треп - треп. Ете, не бил тој - тој, the one И студирав, се мачев со испити а не сум знаела колку било најубаво тоа мачење
Точно пред една година ја донесов најлошата одлука во мојов живот на работно поле заради тој потег 2012 ми беше кошмар бескрајно жалам ех да можев да се вратам назад
пред една година точно на овој ден требаше да изберам меѓу двајца го избрав поубавиот и баш убаво ме повреди ми влезе под кожа и ми реновираше ...
Пред една година ни на крај памет не ми паѓаше дека ке се случат толку работи кои ке ми го променат животот... Тогаш се беше монотоно, одев по пат кој не ме носеше никаде.. како цело време да сум стоела во место. Пред една година немав научено толку нови работи за животот, среќата, љубовта, другарството... мислев дека се што лета се јади и се е така розево. Пред една година трчав како луда по погрешна личност.. се надевав, мечтаев, посакував... барав многу невозможни работи.. ама сето тоа за сега да знам што навистина вредело а што не.
пред една година бев најсрекна во животот,денсес сум најтажна пред една година имав се сто сум сакала денес ништо,животот ти е е чудо,незнаеш што носи утрото
Бев многу среќна не знаев за некои работи што сега знам ,верував многу моја најголема грешка во животот.
Пред една година немав веренички прстен на раката и не бев толкку вљубена, јас сеуште секој ден се повеќе си го засакувам моето жапче..и да незнаев дека за првпат следната доцна пролет ќе станам ТЕТКА
Пред една година имав други планови за животот ми светна дека несакам да се мажам се до 30 а еве ме за една година со веренички прстен на рака и за неколку месеци ке имаме бепче во пргратките и животот ми се смени за 360 степени
Пред една година очајнички се обидував да најдам начин да излеам од мојата безилезна ситуација и никако не успевав. Проблемите само ги игнорирав и се трудев што повеќе трпение да имам. Околу мене пак истите луѓе, истите душмани кои гледајќи го мојот живот ја хранат својата бедна душа. Сите очи во мене, секој очекува нова грешка од мене за да има со што да се смее, на што да се сити и да се радува. Семејството ме притиска, татко ми е на работ на пропаст, односите никогаш не ни биле полоши. Решена прв пат во животот толку одлучна дека ќе ја напуштам мојата куќа и моето потесно и пошироко семејство засекогаш. Но излез се нема. Продолжував затворена во мојата соба без да комуницирам со никого чекајќи времето да помине. Депресии ме убиваат, животот ми е во хаос. Не можам мирно да спијам, се плашам за својот живот и животот на најблиските. Не можам да излезам од својот дом без страв, а внатре ситуацијата полоша. Дојде пролетта, татко ми повторно успеа, се врати во нормала, јас конечно најдов решение за мојот проблем и мојот спас. Во домот ни владее мир и гледам среќни лица веќе неколку месеци. Конечно собрав храброст да му се спротиставам на мојот татко и да му објаснам некои работи. И дојдов до неверојатно откритие... Мојот татко воопшто не е толку страшен како што изгледа, стравот што го имам од него уште од раното детство исчезнува. Тој носел маска, глуми дека е јак но всушност е многу слаб. Да, му се спротисвставив и веќе не може да ме владее. Мојот најголем душман е во затвор, тркалото се врти... Сретнав многу драга личност, најискрениот пријател кој толку многу ми помогна и ме засака. После една година се е подобро и толку поразлично од ланската од која морници ме лазат кога ќе се сетам.
Пред една година ја изгубив една од најдрагоцените личности во животот почивај во мир девојко и знај никогаш нема да те заборавам :'(
Пред една година а може и некој месец прв пат те видов и се заљубив веднаш во тебе, а и сеуште сум но за жал ти не го гледаш тоа..ама ајде надежта последна умира
Почнав да ја читам душата на една моја блиска рода. Сега по 1 година таа личност се трудам да ја држам на дистанца.
Пред една година бев многу помала. Одев во училиштето за јазик, живеев во мојот мал нашаран свет и ми бесе страв да замислам каков е останатиот свет и како би се снашла јас во него. Бев вљубена во него, си отидов во Мк за него, се скаравме, си дојдов и го заборавив..пред една година. Беше исто толку ладно како сега, сиво како сега само јас бев многу поголем сонувач, ги гледав работите што сакав да ги видам. Пред една година, бев 5 пати понаивна.
Можеби од страна изгледа дека ништо не се променило во мојот живот, но всушност се променија многу работи. Ништо не е како што беше. -Пред една година не бев заљубена.А сега сум.(иако нема надеж ) -Пред една година незнев што е да добиеш послаба оцена од 4 во школо. А оваа година имам седум четворки,три тројки и четири петки -Пред една година мислев дека живеам во розов свет. Но, оваа година живеам во црно-бел свет. -Пред една година незнаев што е тоа да добиеш шамар од родител. Сега многу добро знам. -Пред една година незнаев што е тоа не-добивање на џепарлак по две недели. Сега знам.. -Пред една година во школо добивав пофалби од класната. Сега добивам опомени поради изостаноци.. -Пред една година една недела по ред сонував како сите мои блиски ме напуштаат и јас останувам сама аll my life
Пред една година почина драга личност ...никој не можеше да поверува дека се случи тоа...But life goes on... :/
Пред една година на истава дата,само друг ден ,петок беше се роди мојата малечка принцезичка.Толку малечка и беспомошна.Денес таа зад себе има цела една година ,ја постигна нормата од триплирање на тежината и порасна скоро дупло од висината. На денешен ден пред една година ако ви текнува една наша Феминка се самопрогласи за умрена