Пред една година,една драга личност беше жива. Немам зборови да опишам колку ми фали.Не,не ми беше роднина,но чувствував некоја поврзаност со неа.Денес и е роденден.Среќен роденен тетка В.Имај вечен мир.Отиде таму каде што припаѓаш.Во рајот. Секогаш ќе се сеќавам на тебе.
Пред една година бев на истово место со истите луѓе. Ми се чини дека оттогаш ништо не се сменило, но сепак - многу работи се сменија. Годинава што измина беше половично добра, но и половично тешка. Од неа научив многу работи. И излегов посилна.
Си буричкам по старите мислења, и гледам дека точно пред година сум била будна ова време и сум пишувала, значи сум имала проблеми со спиењето како и сега Утредента сум отишла во Солун, се сеќавам дека тоа беше интересен и напорен ден. Во пошироки рамки, имав дечко, имав една другарка повеќе, бев на распуст и целиот го поминав седејќи во глупавиот кафич на нејзиниот глупав дечко, бев помрзлива и ми беше подосадно и сеуште немав положено за кола Воглавно, годинава сум позадоволна од себеси, како и секоја наредна година всушност
Пред една година, не знаев што конкретно сакам да бидам понатаму, кој пат да го фатам понатаму во животот, бев нестабилна личност, несигурна во себе. Разочарана во љубовта! Но, сега се тргна на добро, па се надевам дека сето тоа ќе потрае!
Пред една година како и денес бев опкружена со луѓе што ги сакам и што ме сакаат. Ставив крај на некои пријателства кои што ми донесоа само посреќен живот. Сепак беше убава година Задоволна сум
Пред една година поминував низ истите работи како и оваа.Поминало доста време,а ништо не се променило.
Јао, кога ќе се сетам што сум правела лани ова време, ми се слошува инстантно.Бев заглавена во некој проект со кој си го тупев мозокот со месеци, не знаев дали да ризикувам и да се откажам или да продолжам понатаму, секако со многу солзи од нервоза.И нормално, избуткав до крај и излезе многу подобро од што мислев дека ќе биде.Сега сум многу поопуштена и посреќна отколку што бев тогаш
Поминало многу време а нема некои големи промени во мојот живот. Односно забележувам дека сум станала посебична, поегоистична и посурова.