iiiiiiiiiii pred edna godina si bev trudnicka i dvizenjeto mi bese u haos,mn bev golema i nemozev da se svrtam heeheh
пред една година... на овој ден ми се деси голем пресврт... и морав да донесам важна одлука... сега гледам-погрешив!
Пред една година бев до уши заљубена во дечко ми( сега екс вереник).. Пред една година бев спремна да му го дадам животот, денес би му дала крв... Пред една година сакав да остарам со него,денес знам дека поради него остарев.. Пред една година војував со моето семејство поради него, денес тие ми помагаат да зараснат раните.. Пред една година беше целиот мој свет,денес мојот свет сум јас Пред една година бев пресреќна,денес сум бескрајно тажна...
Пред една година учев ама УЧЕВ, сега со прст не мрднувам, иако имам две оченки за поправанје лет не ме леди си мислам сами ке се стават 5тки во дневнк
Пред 1 година учев- бев студент Сега сум успешно дипломиран невработен инжењер љубовта кон сопругот е се поголема, и се надевам дека в година повторно ќе пишам дека сум сакала бебуш а тогаш да го имам
Пред една година бев успешна спортиска додека сега закржлавев малце Пред една година не учев многу а пак имав 5ки,додека сега малце попуштив иако немам слаби оценки Пред една година бев ''заљубена '' а сега кога ќе ми текне во кој сум била Пред една година не бев толку среќна колку што сум сега Пред една година бев малце срамежлива,наивна незнаев како да се однесувам со некој што штотуку сум го запознала,додека сега ее сосемм спротивноо ......
Пред една година почнав да се гледам со дечко ми, од никаде излезе непланирано баш кога почнав ужасно да се нервирам како тоа јас сум единственото девојче на овој свет кое не може да се вљуби и не знае да сака и не може да биде среќна во љубовта. За една година се променија многу работи на тоа поле. Пред една година имав цел во животот да завршам факс и да се вработам, еве го остварив тоа и сега што, некако се чувствувам дека сум без цел.... немам цел да се омажам, ниту да имам деца, тоа ми делува далечно, а и несигурноста во партнерот оф леле !
Пред една година бев на апсолвентска екскурзија и можам да речам дека тогаш живеев еден од моите соништа - да патувам низ светот. На денешна дата бев во Виена и се заљубив во неа . Пред една година „им го гледав крајот на маките“, а не мислев дека маките доаѓале подоцна. Кога гледам наназад работите скоро и да не се сменети, освен тоа што дипломирав. И тогаш, а и сега, постои некаков страв во мене, некоја несигурност, притисок, заробеност, тешкотија, потресување за глупости. Знам дека се’ зависи од мене, но толку сум огорчена, разочарана, се чувствувам толку потценета и земена здраво за готово, што гледам дека се’ е едно залажување и губење на време. Чекам само кога ќе дојде крајот. Се надевам дека за една година пак ќе пишам на темава, но позитивни промени.
Пред 1 година се чувавме со бебенцето бидејќи бевме многу малииии а сега сме големи и несакаме ништо друго освен шетање и само шетање...
Пред една година мислев дека имам најпрекрасна врска и верен дечко, а додека денес мислам дека пред една година изигравав идиот пред мувачките на дечко ми...
Чекав да дојде 20h, да заврши дечко ми со тренинг и да дојде, да ме земе и цела вечер беше пред нас. А сега сум осамена, многу! Сакана, но осамена веќе 9ти месец. И еден месец, скоро не го имам видено.
Пред една година се беше исто како денес. Дури ме фаќа страв од ваквата монотонија. Истите работни обврски, исто слободно време...се исто!
пред една година живеев во лажна надеж дека ке бидеме заедно не бев запишана на фалултет ми беше монотоно и досадно баш како и денес не се промени ништо за 1 година само што сум попозитивна од лани
Пред една година бев помлад за една година,и од каде знам што сум правел,јас вчера незнам што сум правел,а камоли пред една година.