Се беше слично, а сепак толку различно од сега...Ги правев истите работи што ги правам сега но заради некоја причина имам чувство дека беше различно.
Пред една година бев заљубена во дечко ми и имавме среќна врска исполнета со разбирање. Откако се разделивме, ми се сруши светот. Денес кукам за тоа дека веќе одамна некој не ми рекол дека сум убава. Дека веќе одамна немам бакнато некој и не ми се превртел стомакот ... Си кукам јас на форумов за дечко.. пусти дечко
Кој памти шо се случувало пре една година, сите памтиме само некој посебни или смешни работи, смешно ми е тоа дека некој дури ни то не го памти ахахах
пред точно една година се‘ беше различно . ..... со еден збор совршено . ахх да можеше времето да се врати назад, се‘ би дала
пред една година за прв пат се заљубив, преубаво беше чувството иако ме болеше срцето, беше слатка болка
Пред една година мислев дека многу работи ќе се променат ама всушност остана се исто... Не знам дали тоа е лошо или добро..
Пред една година имав многу минуси по македонски и беше катастрофа. Но, ги поправив и можам да кажам дека знам!