Пред една година имав симпатија. Сега веќе не... ГО ИЗЕДОВ!!! Се шалам преубава сум за да имам симпатија, а камо ли дечко. Спојлер Знам дека сум нарцис... Не ми замерувајте!
Пред една година (и некој месец) го изгубив човекот со кој бев во врска 9 години... Се чувствував изгубено, измамено, поразено, најосамено....
...изгубив една од најважните личности во мојот живот, по малку се губев и себеси, за да станам оваа личност што сум денес. Оние што ги губиме засекогаш земаат дел од нас со нив и по таа загуба, колку и да се трудиме, не можеме да останеме истите.Јас сум среќна што сум таа што сум, среќна сум што цветам во очите на моите родители и сум огледало на нивното умешно воспитување. Пред една година изгубив дел од себе и продолжив да постојам како сведок на постоењето на таа која си замина.
.... бев осамена , депресијата ме изеде цела , не можев да учам немав воља за ништо .... заглавив дебело ! Сеа е одлично во споредба со тогашниот период !
пред една година имав дечко,кој не го сакав ниту 2%. Ама имаше толку забегано друштво,што понекогаш мислам дека заради нив одев,не заради него..
Бев во хаос, си купивме стан со сопругот, и го реновирвме, глава не кренав од мајстори, сега збираме пари за кујна.