Пред една година бев девојченце,а сега веќе голема девојка. Пред една година ова време по цел дена плачев по него....
Денеска си помислував пред една година сто се случувасе,бев во заблуда се препустив на емоциите залудно и само повредив многу околу мене а и самата себе за да подоцна безмислосно заминам без збор и со нерасчистени сметки кои усте ги плаќам,многупати слуснав дека немам срце немам чувства но само овој сајт е доказ за спротивното,оставам траги и рани но повеќето јас ги имам но силно стискам заби и затоа мислите дека не допира до мене никој и нисто и мозеби ќе се созали некој ако показам малку слабост доста удари претрпев но мој мој преку мој ако не продолзев напред кај ќе бев сега, во лудница? Уфф пред една година се борев со самата себе,извини сто не се земавме заслузувас некоја подобра а мозеби и полоса па не си ни ти китка за мирисање ааа доста е кај ти се сега сите тие девојки сто те тесија,нема како мене никоја епа ќе нема,таква будала еднас се рагја
исто во текот на оваа измината година научив и сфатив многу работи, сменив многу работи кои ми помогнаа да се променам како личност, да не дозволувам секој да ме користи и да си игра со мене..улогите се сменија ! Спојлер и си се спремав за претстојниот роденден како и сега еве една сличност
Точно така...бев во различна средина, со различни луѓе и имав различни размислувања.Сега се е различно и многу подобро
Пред една година дипломирав и се запишав на мастер. Бев пред нов почеток. Сега сум на половина пат,ама ми фали мотивација. Ако размислам подобро пред една година дефинитивно ми беше подобро него ли сега Сега sheet happens Ама се надевам на подобро Наредна година пак ќе ве известам што и како се сменило. Think positive
Пред една година ми беа првите недели на факулет и си мислев Господе што ме снајде..во почетокот ми беше навистина тешко..не се прилагодив баш брзо..но по една година се се смени и не би си го менувала факсот и колегите за ништо.
Бев сеуште во средношколските клупи со одредени личности кои ме иритираа во секој момент, со одредени професори кои не ги поднесував и со мислите во една личност која не заслужи толку внимание од моја страна... Сега е се многу подобро...
Пред една година бев матурантка. Колку само не ми се одеше на училиште, ме мрзеше да станам од кревет и да поминам 50 метри од дома. Сега сфаќам колку било тоа лесно. Пред една година бев сингл, постојано живеев во надеж, верував дека ќе биде онака како што посакував. Добро е што тоа се смени.
Пред една година ова време бев исклучително туп и глуп за одредени ситуации... А 365 дена подоцна, уште на моменти знам да „кикснам“ на истите полиња.