Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пред една година...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од blond, 15 септември 2011.

  1. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    пред една година...бев помала 1 година хаха.. :lol:
    епа, бев заљубена и ми беше возвратена љубовта, сеа не. :)
     
  2. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    1.720
    Пред една година, полнев еден месец со дечко ми. По некоја случајност ( живее во странство) бевме заедно на овој ден.
    Бев далеку посреќна од сега.
     
  3. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Пред една година се замарав со глупости ..
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Пред една година бев хаос,бев личност кое не ги беше научило лекциите на животот :lol: Пред една година,точно се сеќавам како да беше вчера,ги упаатував најгрдите можни зборови,за кое ми беше вратено со иста мера.Но ајде де во самоодбрана навредував :angel: Детски се расправав со феминка,која сигурно ке го прочита ова ама ако де :lol: Една година не е многу ама доволно за да си ги средиш мислите и да почнеш да си го надополнуваш беспотребното изгубено време.Пред една година :lol:
     
    На summer-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. chiquita

    chiquita Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Многу работи се сменија од минатата до оваа година. Чувствувам дека иде на подобро, почнав себе си да се доживувам на поинаков начин, поинаку да гледам на работите.. Ко да ми се отворија нови хоризонти, и среќна сум заради тоа. А да, си ја најдов и љубовта, а бев сигурна дека заборавила на мене, но ете, не за џабе рекле ,, Што е твое само ќе си дојде ,,. :)
    :inlove:
     
  6. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Пред една година... :?: Бев многу наивна, се дружев со една личност која негативно ми влијаеше врз мојот живот, но среќна сум што ја оставив зад мене.. Но оваа ми почна некако посебно... :)
     
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.957
    Допаѓања:
    90.242
    Пол:
    Женски
    ...пред една година на овој ден во оваа време уживав во прегратките на љубениот мој :inlove:
    :tmi:
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
  9. Fridas

    Fridas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    205
    пред една година..
    Бев среќна, насмеана, вљубена до лудост.
    Љубовта ми беше возвратена, уживав во секој момент.
    Заспивав во прегратките на љубениот мој.
    Го живеев својот сон. Успешна, среќна, вљубена.
    За жал, годинава се разбудив.
     
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Пред една година сум била по детинеста, сега сум позрела :) Сум била сакана, сега сум повеќе.
     
  11. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Пред една година..

    Пред една година не би го замислила животот каков што ми е сега. Пред една година сеуште се дружев со едни личности. А сега, сега сум во друго друштво, ептен сум променета. На карактер се променив многу, размислувам позрело, не правам глупави работи и секогаш внимавам што кажувам (ова го научив на лош начин). :!:
    Пред една година бев „заљубена“, детска љубов. Променета сум и на изглед. Сега сум разубавена.
    [​IMG]
     
  12. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    За разлика од лани сеа сум ногу оладена..Немам планови(големи) и недежи...Лани убедена дека се ќе биде мед и млеко,надеж до даска и на крајот се отиде у пичку материна(извинете на речникот) :|
    Сеа остава на времето некој работи и фризурата ја сменив..троа порасната со ЕДНО кило минус :!: :rofl:
     
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Пред една година не ни помислував дека ќе ми се случат некои работи. Но. ете се случија. И од нив научив многу. Не за џабе рекле на грешките се учи :)
     
  14. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    2.446
    Пред една година не беше нешто поразлично, но секако дека се чувстувам позрело и попаметно :)
     
    На Heartbeat му/ѝ се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    22.878
    Пол:
    Женски
    Да ми кажеше некој пред една година дека сега ќе работам, ќе имам обврски, ќе земам каква-таква плата и сл., немаше да му верувам :D Највеќе поради тоа што секогаш зборував колку е тешко да се најде работа после завршувањето факултет, ама ете среќата ми се насмевна изгледа (пу,пу да не се урочам само)

    Пред една година ова време, одев редовно на предавања, се дружев секој ден со колегите од факс, уживав! Се спремав психички и материјално за апсолвентската ексурзија во мај, исто како и за апсолвентската вечер. Еуфоријата беше се поголема. Се подготвував за сликањето за апсолвентско табло. Излегував многу, се смеев најмногу, дома не се прибирав :D

    Еееех, пред една година не ми беше така стресен животот како сега што ми е. Би сакала барем за момент да се вратам назад. :)
     
  16. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Се беше речиси исто како и сега...стагнирам во поглед на многу работи ама надежта последна умира,годинава тек започна се надевам ќе има убави нешта за споделување на фемина! ;)
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Ништо не е променето во мојот живот.Можеби најубавите моменти допрва ме очекуваат...
     
  18. love-it

    love-it Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    78
    Пред една година немав памет
     
  19. tiph24

    tiph24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    177
    Пред една година...хм...се дружев со фацките од школце...не си го сакав баш баш класот,тие тогаш беа заостанати :tmi:

    Сега се дружам со сите од одделение фала богу хаха,не сум више во тоа друштво,си го имам очекуваното и посекојдневно друштво од маало и нормално децата од одделение..
    и сигурно сега да бев дел од фацките демек,наставничката по хемија ќе ме зезаше хаха :)
     
  20. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Пред една годинаа, имав совршен живот, со дружења и искачања.. :)