Пред една година и сега не можам да се споредам... светлосни години сум отиден напред. Како само брзо и динамично одат работите тоа е лудо, но соодветно е за бурните средни 20ти и накај 30ти години, тој период е ко преживи причаќе. Ќе продолжам и натаму да се движам со 300 000км/секунда во космосот, only the universe is the limit now.
Пред неполна година те година минус месец дена, мајка ми западна во многу лоша здравствена состојба, а јас бев како мува без глава заљубена во еден човек кој по оваа година ете го гледам со поинакви очи како најјобичен влечкар и ѓубре. Па тоа отприлика,сега откако изминал периодов, можам да заклучам дека годината всушност беше многу лоша...
Не дека се сеќавам точно, ама сигурно не сум се мрзнела вака како периодов Зиморливост е многу тапа ствар!
Пред една година бев затрескана* (хахахах) во едно супееер момче. Но, само затрескана бев. Ах тие зелени очиња. Ах тоа гласче. Хахаха, што ли сум мислела тогаш? А веќе десет месеци како не сум го видела и супер ми е Си најдов јас симпатија за подолг период.
Пред една година ми беше хаус во главата, немав со кого да бидам за 1-ви мај,немав другарки,не изглегував, не шетав но сепак бев среќна.
Бурен живот многу алкохол и кретен кој го мразев и сакав во исто време..... Но, тој си отиде јас се смирив сега имам прекрасен дечко и го сакам мнооогу
Пред една година се ми беше равно и токму. Толку бев флегма шо не значи дека сега не сум али тогаш беше друг период, се спремав за матура... па ми беше забавно, брзо ми врвеше времето. Во овој период се дружев со една другарка која ја сметав за ептен блиска и доверлива, но еве сега по една година сфаќам колку само сум се лажела, и колку не сум ја согледувала нејзината реална страна.. дека е користољубива и дволична. Среќа сега не е повеќе во мојот живот, и сега имам ново друштво кое ми е многу погодено.. сите сме откачени и уживаме во миговите поминати заедно. Да не заборам, бев и толку заљубена што не знаев каде ми е главата.. Овој период баш летав во облаци, глумев лудило.. И овој месец ја имав последната најубава средба со тој што го сакав. Едно нешто кое го заприметив и јас и другарка ми е што ни се случи иста дешавка како лани на овој датум, на овој ист ден се деси нешто што се деси и лани.. но тогаш беше во врска со друга личност. Друго горе-долу, е исто.. добро ајде слично да речам. Јас не можам да кажам дека сум многу смената, но имам некои поразлични мислења и чувства за разлика од лани. Времето го менува човека.
Пред една година јас и тој бевме само најдобри другари и многу се зближивме. Знам дека бев среќна. Две од другарките лани си фатија дечковци и знам дека се се смени и ми беше тешко да се навикнам на промените.
Работите не се промениле многу,сватив дека сум тапкала во место 1 година,се е исто,новост само што заеднички го градиме и опремуваме нашиот иден дом
Лани ова времееее славев матура не знаев каде ќе се запишам на факултет, си бев со дечко миии и така ништо посебно друго мислам дека не се дешаваше
Пρед една година бев сосема дρуга личност, а и начинот на ρазмислување за неκои ρаботи го пρоменив, се појавија многу нови патишта, нови личности и нешта κои го пρоменија теκот на мојот живот...
Пред една година, лошо бев паднала од точак Ај што имав изгребаници по рацете и нозете, левата рака лошо ја повредив. Ви се верува или не, обична чинија неможев да ја кренам. Се што правев, работев со десната рака. Сега можам се да правам со неа, но на нагли промени, сеуште знае да ме заболи раката. Си ја научив лекцијата, сега со паметот во глава сум
Се беше горе-доле исто, само оваа година сум уште позрела и позаљубена и размислувам како возрасна за иднината. Повеќе се замарам со се, ама поубаво ми е оваа година, дефинитивно.
Пред една година јули Кога одевме на ... Уфф Не би можела да раскажам Не сакам да споменувам ми се превртуваат цревата у стомак