Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пред една година...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од blond, 15 септември 2011.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Пред една година се опоравував по оперативен зафат.
    Тешки но убави денови за кои сум благодарна бидејќи ме научија што е најважно во животот. Времето е моќен исцелител а организмот знае како да се избори за себе. Каква креација е човекот...
     
    На SummerGirl и Vikktorr им се допаѓа ова.
  2. Beautyyou

    Beautyyou Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Живеев депресивни денови и не знаев од каде да почнам за да си го средам животот, се личеше како одеднаш да ми се сруши. Ништо не беше како што треба.
    Сега уживам во тоа што исполнив се што пред една година овој период посакував и замислував. Успеав да си го потсредам животот и најглавното што ме мачеше долго време, посреќна сум од тогаш. Допрва ме чекаат нови предизвици за да видам за една година дали ќе сум таму каде што сега си замислувам. :)
     
    На Kiko9, GirlLove, Vikktorr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.465
    Пол:
    Женски
    Пред една година бев мизерна, сега оди на подобро. Само уште луѓето околу мене да се живи и здрави, па ќе планираме за наредните 365 дена
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    5.446
    Пол:
    Женски
    Пред една година се спремав за пристигнување на моето бебе. Знаев дека ќе стаса порано, односно имав претчувство и само се молев да е се во ред.
    300 замисли што и како ќе биде.

    Сега е тука, животот ми се смени за 180 степени. Многу од замислите се неочекувани и на полошо од што требаше, сепак таа е најсветлата точка.
     
  5. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Пред една година се зачленив на форумов. Тој период беше лош, можи и премногу лош. Помина време, почнав да си ги навраќам мемориите. Ништо од тоа што се случи не беше моја вина. Ама тоа што сега го знам од психолошки аспект е далеку поголемо од истото знаење пред неколку години. Почнаа некои работи да се менуваат, многу споро и бавно. Ама ете, има некоја промена it's something. Ви прочитав дел од мислењата погоре, делува дека сите сте поминале премрежија. Не ме чуди, многу луѓе ми признале дека последниве неколку години поминале низ пекол. Што да кажам, освен како паталци да си помагаме, ако ништо друго, барем некој совет на форумов или интересна шега. Другото, очигледно не е во наши раци.
     
    На GirlLove и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    2.495
    Пол:
    Женски
    Ако се споредам со од пред една година може да кажам дека сега ми е многу подобар животот.
     
    На H.VAGA, joy1 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  7. Bitolchanecot

    Bitolchanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Машки
    Славев нова година со брачеда прва, која за жал почина после кратка и болна борба од рак пред недела дена. Почивај во мир златна моја, те сакав како сестра сега и засекогаш. :l: