Мајкоо... Колку далеку ми се чини сега ова пред една година. Дали затоа што многу работи,и тоа едни од најбитните за мене ми се случија баш овој период лани,како и цела година. Се чувствувам толку стара понекогаш. Пред една година јас станав студент. Ова време мислам уште немав цимерки во домот,немав запознаено колешки,колеги на факултетот. Уште ни факултетот не го знаев добро. Уште немав отидено во читална. Најверојатно уште не сум знаела да стигнам до Центар или Рамстор сама,врска немав каде е стара чаршија,каде се кафаните во Скопје ( ) и многу работи за кои стварно врска немав. Уште ме плашеше факултетот. Уште се маткав со Иван. Хах.. Знам не правев со еден друг муабет. Баш овој период лани. Пред една година многу повеќе пиев од сега. Пред една година не пушев толку цигари како сега,толку овој период лани ги препушив. Пред една година не се познавав себеси. Да,дефинитвно многу работи се сменети. А има поминато само една година...
пред една година не ни мислев дека ке се запишам на факултет...пред една година бев мн поразлична од сега...се сменив многу на подобро и најважното пред 1 година го запознав него
Пред една година не размислував вака како што сега размислувам. Премногу се променив. Се забележува тоа. Си изградив по цврст карактер за само толкав период. И не сум во врска.
Пред една година започна ужасен период за нашата врска кој за жал мораше да заврши со крај на врската! Али тука има и едно за среќа, пошто ние ете уште сме заедно (се смиривме само по две недели од раскинувањето) и тоа ни беше лекција плус, како треба да бидеме заедно посилни од се и како довербата и заедничкиот муабет треба да бидат најважното нешто што ќе ја одржува нашата врска! Се надевам само, дека тој период нема да се повтори. Ужасен беше за мене и ми остави тајни последици! Сепак, љубовта победи се!
Пред една година се чувствував приближно исто како и сега.Единствено косата ми е подолга нема никоја друга поголема измена.
пред една година запознав еден дел од една особа со која ја поминав оваа година ...но ја запознав само онаа фината страна ...време дошло да ја запознаам и она лошата страна
Пред една година започнав врска со најдоброто,најубавото,најискреното човече на светот кого си го саакам најмногу од сите Пред една година односите со татко ми беа каде каде подобри.Друго шознам се беше исто,освен што учев повеќе,мрзата ме дотолчи оваа година
Пред една година го изгубив своето јас,верував на личност во кој не требаше, плачев за човек кој не заслужуваше.
На УТРЕШЕН ден пред точно една година.... го видов прв пат. И мислев ќе ми биде последен. Грешно мислев.
Пред една година бев збунета бруцошка на која животот за само еден ден и се сврте за 180 степени. Тазе заљубена, тазе изгубена, комбинација невероватна. Нов живот, ново се'. Уште ги учев автобусите низ Скопјево, уште се учев на новиот начин на живот, уште се навикнував на фактот дека нема да се карам со сестра ми толку често.
Многу работи се сменија од лани до сега....Многу. Се е некако поинаку.Поинаква сум и јас.И луѓето околу мене. Буквално се е сменето. Имав дечко кој си го сакав многу.Другарки послабо.Послабо излегував.Целото мое време го трошев на него.Ко будала некоја,амааан..кај ми бил паметот. Сега се чувствувам позрело,послободно,попаметно.Имаам другарки.Излегувањето не е проблем.Одам секаде и се дружам.