Точно пред една година, сестра ми дипломираше, јас ја предадов магистерската... не работев, бев малце поодморена личност, и многу возбудена од прекрасното патување што ме чекаше... Денес...
Точно пред една година за прв пат си е пробав среќата во актерстовото,и успеав 2010 година никогаш не заборавна.Иначе пред една година исто така бев и понезафатена личност,а сеа главата незнам кај ми е
Пред една година бев за една година понеискусна во животот и имав многу падови,но сето тоа ме научи да живеам и да се ценам.Пред една година правев многу грешки за кои сега се каам.Пред една година нонстоп се расправав со татко ми! Е сега сум супер и мило ми е што најважните лекции ги научив!!
пред една година бев една година помала.и уживав во секојдневното смеење со другарките кој сега ги гледам само во викенд.
Пред една година на денешен ден бев во Куманово на концертот на Харис Џинович со другарките си поминавме одлично би сакала да ми се повтори истото.
... се думав како ќе им кажам на моите дека ми лупнаа 3ка во дневник, по предмет со бројки бе! Понижение грешним.
Пред една година тој не беше со мене... пред една година раскинавме и тоа беше нај страшниот период во мојот живот...
пред една година... лани ова време се спремав на дипломска кај братучетка ми... раскинав со дечко со кој идев скоро година дена...
Пред една година се нервирав за истите работи за кои се нервирам и денес, иако скоро се` се смени од тогаш
Пред една година ова времеее... Па не бев разочарана од поедини личности, не ги знаев моите сега прекрасни другари Идев со еден невиден кретен! Не бев плава Не зборев со две прекрасни личности без кои денес неможам заради глупости...
Пред една година со мене беше особата која повеќе ја нема ... Никогаш нема да те заборавам... Ми недостигаш, те сакам ...
пред тоцно една година, живеев многу поопуштено и немав поим што ме чека со тебе, ама ти ми се случи и ми го заврте животот за 360 степени. исто така пред една година мислев дека лесно ќе ми помине занесеноста по тебе ама не сум била во право. :geek: и после една година јас пак сум затрескана во тебе и мислам дека може да има сепак нешто меѓу нас...
Пред една година ова време одев на работа а сега дремам дома мизерија во раскош имам сега затоа шо немам пари немам работа а и досадно ми е
Бев во тотална несвесна депресија. Изгубив љубов, завршував со факултетските обврски, го напуштив бендот во кој пеев и добив работно место. Иако кога ќе се сетам, знам дека се трудев да бидам добра, исполнителна и ведра, а срцето ми беше во пустош, дисхармонија и многу сомнежи. Да, ноември 2010 беше многу чуден, превртлив период. Дознав многу лаги, лажни ситуации, среќа што ги избегнав и гризнав од сопствената гордост за да не потклекнам на многуте лоши моменти. Сега, враќајќи се на тие мигови, им благодарам на сите ништожници што ме направиле посилна и посамосвесна. Живот, еднаш си горе, па долу, па горе, па долу... Форумов ми е како личен дневник, сите тајни тука веќе не се тајни, така што, враќајќи се низ постовите, едночудо гнев, мака, бол, тешки емоции сум испишала, изголтала, обоила. Мислам дека и ме спаси форумов, во извесна мера.
ех, беше тоа време на тешка депресија... заради човек кој не ме заслушуваше Но му сум благодарна затоа што согледав каков е навистина светот...
Пред една година мислев дека знам се. Всушност не знаев ништо. Мислев дека сум силна. А не бев. Мислев дека сум интересна со некои постапки. А не бев. Бев многу повлечена, помирна, немав самодоверба. Едвај туркав низ животецов, се без воља правев. Без и заљубена изгубена. Im glad that is over. Немав насока, буквално. Сега сето тоа е позади мене. И мило ми е.