Пред една година бев заслепена од "љубовта" кој мојот бивши, што не ја заслушуваше, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ. Пред една година не ги гледав работите како што ги гледам сега. Ги гледав наивно и детски.
Пред една година.. Бев наивно дете кое веруваше на секој.. Бев излажена, омаловажена.. Верував и се надевав на работи кои биле дел од мојата имагинација.. Поради една личност бев во депресија.. Ама ако сето тоа беше една голема лекција за мене.. Научив дека не треба да се верува на се што ќе се види и чуе.. Научив дека секогаш на прво место треба да сум Јас..
Пред една година бев безгрижна и среќна. Пред една година најголем проблем ми беше скршениот нокт. Пред една година тежев 10 килограми помалку. Ахх...
Пред една година телото ми преживеа огромна промена. Пред да станам трудна бев 58 кг (170см), во 9 месец од бременоста бев 92-3 кг , а сега 8 месеца след като се породив сум отново 58-59 кг. Како го напраивив ова незнам... :geek:
Пред една година бев среќна, полна со самодоверба...можеби еден од најубавите периоди во животов. Факултетот ми одеше одлично, за викенди си поминував прекрасно, не се замарав со никој и ништо. Ех да се врати тоа време...
не сакам ни да помислам ни да се секавам за пред една година,тоа што било поминало и фала богу никогаш нема да се врати,замина во без трага
Бев многу понаивна. И не знаев што испуштам...не знаев дека се ближи периодот кога ќе се претворам у големо девојче. И од тогаш чувствувам како пола детство ми замина, најубавото детство. Требаше поубаво да си го искористам времето.
Немаше шанси да облечам тесен фустан со тенко каивче на половината и да го мрдам газот како мрдната. Претпоставувам дека работите се менуваат. А да, бев матурантка, животот ми се состоеше од монотонија - школо, дома, кафе, учење, спиење. Истите луѓе, истите места, истите случки. Ја почнав диетата мааалку построго. Уште сметам дека се немав прифатено себеси како личност целосно. Се изненадив колку луѓе ме прифатија откако јас самата себе си се прифатив. Уф, ми се сврте за 180 степени секојдневието откако дојдов во Скопје. Еден куп нови фаци, нови места.... дефинитивно ми требаше тоа освежување. Дома си е дома, ама и досадно си е досадно.
Пред една година мислев дека си ја пронајдов сродната душа дека некој премногу ме сака и дека секогаш ќе биде покрај мене.... и не ми беше паднато шатираното како сега што сум пола кафеава пола плава
Пред една година животот ми беше многу монотон некако,се исти фаци,дрн дрн.Размислував подетски ( нормално,секоја година си го велам ова ).Сепак бев помалку бунтовна,годинава ништо не може да ме запре да викам,да се правам главна,да не слушам Пред една година ова време се смирив со една другарка со која бев скарана добри 7 месеци И бев бааѓи пониска (многу се извисочив во период од 1 год. стварно)
Пред една година бев матурантка; поретко се гледав со дечко ми; и одвај друго ништо не се променило (не земајќи го обзир новиот студентски живот за кој пред една година немав ни идеја како ќе изгледа сето тоа чудо . Сакам да кажам, си претпоставував што како ќе биде, но вака, на своја кожа е многу поинаку и подобро ). Ако се сетам на нешто друго, пак ќе пишам .
пред една година (и нешто ситно) почнав со моите глупости и не престанав. и еве, исто време, исто место, само различна година пак е исто. пред една година бев мирно и повучено детенце на мама и тато (ок, не дотолку повучено)
Пред година дена..или до пред само неколку месеци цврсто се држев за луѓе и спомени кои ме повредуваа. И тоа само ради мислењето дека нема да ја поднесам болката кога ќе останам без нив. Денес сум помудра и размислувам подолгорочно, силно се борам само за оние луѓе кои навистина заслужуваат место во мојот живот. А останатите дозволувам да си одат. И да-луѓето на кои сум им само опција, сега никако не дозволувам да ми станат приоритет.
пред една година бев иста како сега само помала за една година. убаво беше пред една година но сега ми е уште поубаво,не сакам да се врате пред една година бев подебела од тоа што сум сега,пред една година не живеев со дечко ми а сега живеам пред една година имав конфликти со родителите а сега ги немам пред една година бев друга ли чност ,сега сум ладна,смирена и храбро ги поднесувам сите случување-пред една година премногу се оптеретував пред една година работев силно за целите,а сега работам исто но со многу поголем успех.....