Покажуваше дека ме сака... Сакаше да поминуваме време заедно... Беше заангажиран околу мојот роденденски подарок... После една година, нема ништо од сето тоа... Знам дека не сум виновна јас... Така требало да биде
Секој викенд одевме во неговата викендичка, тој се трудеше да запали оган, а јас се смеев што е толку смотан...
Пред една година се случи нешто што ми го смени животот. Запознав и станав многу блиска со луѓе што многу ми значат.
Пред една година го изгубив мојот татко..мојот најдобар другар..со кој се разбиравме и молчејки, кој единствено знаеше да ме насмее кога ќе ми беше најтешко.. Сега ми недостасува и кога ми е најтешко, но уште потешко е што ми недостасува и во моментите кога треба да се радувам
Бев во исто место во животот како и сега. Неположени испити, непреболена љубов, обиди за подобрување на финансиската состојба, црна коса!!
Пред една година ова време, се спремав за нешто што мислев дека е најголема глупост, а на крајот, излегов прилично успешна во тоа
Пред една година ова време ја доградував куката кај што сега живеам,си купував мебел,си бев со тој што го сакам,си се спремав и почнував да работам на првото работно место,си уживав,бев срекна...
можеби не беше нешто посебно, но ми беше по забавно од оваа година, барем бев слободна и правев се што сакав....ахх