Презимиња за во брак

Дискусија во 'Свадба' започната од doktorka-an, 14 мај 2010.

  1. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    328
    епа вака сакав и јас да направам една тема која мислам дека е интересна па затоа барам мислења од вас сите на овој форум.
    ме интересира дали сте за да го преземете презимето на вашиот иден сопруг но и да го задржете вашето во средина или пак сакате само неговото да го преземете,и било каков да е одговорот од вас ме интерересира причина зошто би било да или не? :lol: :lol:
    многу пати сме разговарале со мојот дечко на оваа тема но еве за мене ке си пишам веднаш тој не сааааака ни да чуе да имам јас две презимиња а причината ќе биле нашите деца кои ако и они би ги преземале моето и неговото презиме би изгледало вака: ана-марија петкова ристевска и тоа би било мноооогу долго ]:) ]:) ]:)
    но јас мили мои сакам само јас да имам две презимиња а не ни мојот маж ни пак моите деца.
    ајде чекам од вас совети и ме интересира како е кај вас на оваа тема?????/
    :envy: :envy: :envy: ве чекам во голем број
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    9.191
    Допаѓања:
    10.812
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми имаме разговарано на оваа тема и јас му имам кажано дека ќе го земам неговото презиме. Не сакам да имам 2 презимиња. Моето би го задржала ако имав некое странско презиме. Дечко ти нема право да се лути на тоа што си одлучила да го задржиш и твоето презиме, затоа што тоа е сепак твој избор. Нема никаква врска дека ако го задржиш твоето презиме и вашите деца ќе носат 2 презимиња.
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    550
    божеее, ова и ја го имав ама у стилот '' што ти да не сакаш и твоето презиме да си го задржиш'' е ми пукна филм, па мајка ми има 2 презимиња ама јас го носам само на татко ми, значи кога го пријавуваш детето можеш да го пријавиш или со твое или со презиме на таткото, и ако му е тоа нему проблемот што не се согласува да си го задржиш презимето, тоа не му држи. Јас лично не сакам да го задржам моето од други причини, но сепак тоа е избор на секој граѓанин, и не може он да ти каже како да праиш.
     
  4. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    328
    фала ви многу и на двете кои ми го коментиравте ова
    ама сепа јас мислам дека се работи за машка гордост а за ништо друг од стилот дека ќе бидат они погазена ако им го носиш и твоето и неговото презиме.
    јас и понатаму ќе продолжам со напорите ама тешко,иам ли некој идеја како и што да му речам на мојот дечко за да го натерам во тоа? |-)
     
  5. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    615
    јас со мојот дечко уште многу одамна коментиравме на таа тема да го задржам моето презиме и да го земам неговото т.с да бидам со две,и барањето ми беше одобрено без никакви напори ама нешто во последно време некеко и не сакам да си го земем моето од причина што во фамилијата само јас ќе делам а децата и маж ми ќе бидат со исто презиме само јас како чир таму,ама пак незнам здравје да дојде до тоа па ќе размислувам по озбилно на таа тема.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    9.191
    Допаѓања:
    10.812
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да го тераш дечко ти да прифати да го задржиш твоето презиме, ниту да бараш дозвола од него. Одлуката е твоја. Тој нема право да се меша.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Двете презимиња,што тоа што неговото кое ќе го земам ќе завршива на ски,а не на ска...значи во оригинална форма.Така сакам,така и ќе биде,моето презиме нема кој друг да го носи и продолжи освен јас.
     
    На detektivdaniela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    zdravje boze ako segasniot decko mi bide maz,nema da mi e problem da mi e samo negovoto prezime,zasto mu e mnogu ubavo.i isto i jas sakam da e vo originalna forma
     
  9. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    328
    ама јас се презиван на ва а мојот дечко на иќ па затоа јас имам млку и машко име кое ако биде со неговото презиме само ќе испадне дека сум машко зошто српските презимиња не асоцираат на женско посебно заради моето име кое многу го мешаат и го кажуваат дека е машко :( :( :( :( :( :(
     
  10. sanji4444

    sanji4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Јас немав никаков проблем со преземање на презимето зошто имавме скоро исто презиме. Само што моето завршуваше на -ва а неговото на -ски. Така да на моето презиме додадов само 3 букви. :lol:
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.863
    Ние никогаш не бевме разговарале за тоа. Апсолутно никогаш. Отидовме во матично да закажеме, и матичарката ме праша кое презиме ќе го носам. Го земав неговото затоа што така сакав. Никој не ме праша за тоа, ни моите, ни неговите, ни тој.

    Да ме прислили??? Ќе летаат глави.

    Инаку неговото ми е земено не со оригинална транскрипција шо го викаат, туку во женска варијанта. Не ми се допаѓа тоа во оригинал, сакам да биде во духот на традицијата.

    Сега, после повеќе од 6 години, чудно ми паѓа кога ќе си го прочитам старото презиме :)
     
    На NEA и vrapcence им се допаѓа ова.
  12. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    279
    Па обично тоа го прават жени веќе афирмирани во својата област, кариера, тие што се занимаваат со шоу бизнисот, преведувачи или познати на јавноста...си го задржуваат презимето и,или го додаваат тоа на сопругот. Се друго е...од чист бес хехе. Според мене секако ;)
     
    На Skyfall му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се остава моето сегашно презиме. Штознам, си го сакам неговото, традиција е, и плус од татко ми презимето ќе го носи мојата снаа, да даде Господ, нека е здрав и жив брат ми, па нивните деца и тн. Мое мислење.
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Би го зела само неговото презиме, но не во оригинал, туку женската варијанта.
     
    На Ina Ina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.398
    Јас пред три недели во матично се изјаснив :worried: :lol: , само неговото, но во оригинална форма, значи завршува на -и, презимето многу ми се допаѓа, и баш интересно му стои на моево именце... :rofl:
    а за зачувување на девојачкото, мене лично ич не ми се допаѓа, мислам дека е поттикнато од тоа што порано само некои од многу ,,успешните,, жени го носеле, па сега ајде ко некое посебно достигнување, и јас сум од тие :@ ...ако неможе со друго со две презимиња ќе боде очи...мене лично многу ме нервира и ми нема никаква цел, затоа што децата се само со на мажот презимето...и толку...само мислам дека е во ред, и повеќе од во ред, кај оние кои немаат брат да го продолжи презимето...ова е мое мислење но кој како сака нормално, и кој како го сфаќа значењето на тоа...
    инаку до матично на дечко ми му викав дека ќе си го задржам моето :rofl: мада никогаш не ни планирав, ама ми беше интересно, и сега на закажувањето термин, кога не прашаа беше прилично интересно кога реков само неговото :lol:
     
  16. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    68
    Jas bi go zela prezimeto na soprugot iden :lol: i toa vo orginalna forma.Inaku sum razmisluvala za zadrzuvanje na moeto prezime posto nemam brat,no ne mi izgleda ubavo so dve preziminja kako sto mi e dolgo moevo 11 bukvi uste drugo da dodadam nema sansi.A i kraj na kraeva pa prezimeto e najmal problem,bitno e brakot dobar da ti bide ;)
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.175
    Допаѓања:
    69.383
    Пол:
    Женски
    Па ме прашуваа за ова уште кога се веривме, како ќе ми биде презимето, дали ќе го задржам моето, дали ќе го земам неговото, дали тој ќе го земе моето презиме. Јас им кажав дека ќе се изјаснам кога ќе ме праша матичарот, а дотогаш нека си траат :lol: мојот свршеник кажа дека ќе му биде чест ако го носам неговото презиме, но нема да ме присилува да го направам тоа. А сите мои другарки навиваа да си го задржам моето презиме, плус неговото ама во оригинална форма. Сепак јас сум потрадиционална, и минатата недела кога закажавме кај матичарот кажав дека сакам да го носам неговото презиме, сепак имам брат кој ќе ја продолжи лозата на презимето на татко ми. Освен тоа, мојот свршеник има многу ретко презиме, па зошто да не го носам неговото? А која случајност, имењачки сме со идната ми свекрва :D значи исти иницијали ќе имаме. А исти ни биле иницијалите и со моминското презиме - која случајност?!
     
  18. purple.butterfly

    purple.butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    20
    Луѓе, па немојте со ова во оригинална форма!!! Сакате да биде во духот на традицијата, а македонскиот јазик каде е тука? ПРЕЗИМИЊАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СЕ МЕНЛИВИ ПО КАТЕГОРИЈАТА РОД! Значи тоа што некоја, на пример, Маја ќе се презива Петров, е крајно погрешно. Можеби звучи интересно, ама Македонци сме! Јас сум јазичар по професија и многу ми бодат очи и уво таквите неправилности.
    Изборот е ваш, но не заборавајте на јазикот!
    Јас би го земала презимето на сопругот, бидејќи забележувам дека ретко кој им се обраќа со двете презимиња на жените што имаат две. Мислам дека сето тоа е помодарство.

    In my humble opinion:)
     
    На RedWine, okcenzi, mon4i91 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    328
    значи девојки не се замарајте ајде ве чекам во голем бој неа=знам вие што би направиле на мое место,јас стварно ќе бидам еден ден и следете го примерот како би ми се обраќале :доаѓа д-р Матеа Сретеновиќ???????(не се знае дали иде женско или машко)
    заради ваквиот пример кој нема никакви сличности со моето име и презиме а и неговото ве прашувам,така би изгледало би сакала ваше мислење и подршка?????? :lol: :lol: :lol: :lol: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    jas iskreno od sekogas matea sum go smetala za zensko ime,taka e tuka,e sea dali deka imam drugarka matea nzm,ama kako i da e nikogas za ova ime ne sum pomislila deka e masko ;)