Братучетка ми е мажена за италијанец, па си го има своето презиме. Кај нив не е никаква традиција или моралност да го земе неговото презиме, кај нив дури е и чудно ако жената го земе од сопругот презимето. Имам слушнато глупост кај нас во Македонијава: "мајка ми се презива различно од сите нас, си го има задржано своето презиме. Зошто? За да се знае кој од каде потекнува и кој од која фамилија е!" Глупости на куп! Лично јас не се замарам многу околу тоа, мислам дека би го го задршала своето и би го додала неговоо оригинално презиме, да завршува на -вски.
Кога би дошла до тој момент, јас би го земала неговото презиме, иако моето си го обожавам. Неговото ќе го земам од причина што децата ќе го носат само неговото презиме, и кога ќе ни се обраќаат ќе ни се обрќаат со неговото презиме, а како второ ако си го задржам моето и го додадам неговото како што имам долго име и презиме па и неговото ако е долго ќе ми треба 1 саат да се потпишам бтв. и ќе го земам неговото презиме завршувајки на -СКА, бидејќи во македонскиот јазик презимињата се мануваат според родот!
Јас го носам презимето на сопругот, најискрено за време на свадбените подготовки не ни размислував многу многу на оваа тема, не се замарав со тоа дека ако го земам неговото презиме го губам идентитетот,сега гледам дека тоа е актуелно. Ако не грешам (поправете ве молам) порано во минатото поретки беа случаите на сопруги со две презимиња... најчесто сопругата го задржувала своето презиме или го додавала на сопругот за да на некој начин потенцира дека доаѓа од угледно семејство...или обратно-да потенцира дека не е од познати, а влегува во нив. Или пак се работи за ликови со звања м-р, д-р итн.итн. Јас немам брат, но имам братучеди од таткова страна кои условно речено би го продолжиле животот на семејното име т.е. презиме. Уште додека студирав се запознав со опциите на презимето на брачните другари, но ни тогаш некако не обрнав внимание. Што знам онака спонтано си дојде да го земам неговото презиме, колку и да звучи глупаво и патетично сепак за мене има симболика во преземањето на презимето...во смисла до вчера бев на тато и мама девојче, а сега сум негова...не, не, не... не сопственост, да не се сфатиме погрешно, негова љубов, му се предавам со целото мое битие, мојата душа и моето срце..... јас негова-тој мој. Сега може да речете -тогаш зошто тој не го зема моето презиме...да бидеме реални-јас не познавам ниту еден брачен пар каде мажот го има презимето на жената освен Александар (Маленко) Турунџиев, така си останало од старо, така си било традиција и јас молкумно сум ја прифатила, што не значи и дека би ми сметало да бидам со две презимиња. Најискрено ептен звучи докторски, господски, на ниво.....Како и да е, јас не сакав да имам различно презиме од моите деца, а искрено не сакав тие да имаат две презимиња и затоа сега сите сме исти.
Јас би го земала неговото, но би го задржала и моето, од причина што имам доста специфично презиме. Не ми е проблем да имам две презимиња, ама од моето не се откажувам.
Jas чисто онака од мерак сакам да си го зачувам моето презиме и плус да го додадам неговото.Али тоа е зашто мене ми е мерак а не дека само јас сум и ќерка на моите (немам браќа сестри) па сега ќе згасне ''кралската лоза '' Моите деца ќе си го носат презимето на татко им и многу нормално дека многу е убаво кога сите си имаме исто презиме,а моево моминско (како и да е никаде нема да се пишува освен во лична карта)си е мој избор дали ќе го зачувам или не,а не избор на маж ми или па да не згаснела како што реков лозата фамилијарна за мене тоа се чисти глупости.
Ова ме потсети на интересна случка јас кога се мажев. Имаше една другарка која беше шокирана од тоа како јас не сум си го задржала своето презиме па аууу па ти немаш идентитет, па не знам што... се насекира кутртата ептен Инаку верувај, кога тој ден ќе дојде, самата ќе почувствуваш како да постапиш. Тебе ќе те прашаат за твоето презиме, не него А толку ако сакаш да го задржиш презимето, задржи го, тој ако навистина те сака (до брак е дојдена работата, би требало навистина да му значиш), ќе скока малку, ама ќе попушти. Инаку има многу мажи кои го имаат тој ... да речам проблем со тоа нивните жени да си ги задржат презимињата. Што и да направиш, немој да се грижиш, криза на идентитетот се случува во главата, а не на парче хартија, најважно е да имате слога и хармонија во бракот Другото ќе си се намести. Инаку за муабетот со згаснување на мојава лоза (конкретно за моето семејство зборам ), коа никој не му ја мислел за лозата (од тие што ги знам, нема ниту една роднина која го задржала своето презиме) зашо па ја да се замарам Се најубаво
Пред една недела бевме да закажеме термин во матично и матичарот ме фати неспремна околу презимето... Му реков може ли да размислам и да ви кажам кога ќе дојде денот (венчавката) а тој ми се изнасмеаа... Дечко ми виде дека и ми рече ајде знам дека сакаш да го додадеш моето презиме на твоето, не се мачи кажи си И така... да си знаете за да не ви биде незгодно како на мене
пред да почнам да рзмислувам за брак сакав да го задржам моето и да го додадам неговото и често се зезавме за тоа ама како се наближува времево не сакам да го задржам моето од причина што сум премногу разочарана од родителите и не би направила напор да им угодам нив. сега ќе ми биде чест да го носам неговото презиме и знам дека тоа ќе го направи среќен а мене ништо посебно нема да ми значи. второ презимето нема ништо во врска со идентитетот не е ова името македонија па ајде сега да умираме за него. традиција е да се зима презимето на мажот не само кај нас туку во цел свет така да кој како си чуствува и како сака нема овде дискусија. ако немате некое познато докторско или адвокатско/политичко презиме голем к*р со извинување дали ќе се презивате со едно или две презимиња или ќе ви завршува на ски/в или незнам како таму во машки род...
Јас дефинитивно ќе си го задржам моето со тоа што ќе го променам од ,,ска,, во ,,ски,, а моите деца покрај презимето на маж ми ќе си го носат и моето. Јас не сум ништо помалку родител од него, и моето презиме не е ништо помалку вредно.
Промената на презимето не значи дека некој ќе ве направи помалку родител или како што некои кажаа, да ви го одземат идентитетот. Процесот брак е сплотување на двајца во едно и најлогично ми е тие двајца да се презиваат исто - едно семејство стануваат. Ако го додадам неговото презиме ништо нема да докажам, јас и онака ќе си го имам засекогаш моето моминско, никој не ми го одзема, тоа ќе остане дел од мене. Ако на пример тој е Петровски, а јас Митровска и ајде сеа Митровска Петровски па децата со две презимиња па коа ќе се мажат ако се женски колку презимиња? Нема крај. Јас ќе го земам неговото презиме од причина што сакам да се презиваме исто дополнителните причини ги наведов - ќе бидеме едно семејство, нема причина да се презивам различно. ps. Башка во иднина нема да кажат семејство Митровска Петровски туку семејство Петровски .
Јас уште од мала зборував дека кога ќе се мажам ќе си го задржам своето презиме и на тоа ќе го додадам презимето на мојот избраник. Своето презиме го задржувам пред се зошто сум емотивно врзана за него, односно изведено е од името на мојот дедо, па едноставно имам желба да го носам и тоа презиме цел живот. Неколку пати сум разговарала на оваа тема со најблиските и сите ме подржуваат во идејата да си го задржам презимето и да го додадам она на вереникот и така ќе биде А бидејки мојот вереник од оправдани причини не го сака своето презиме размислуваме и за варијанта да земеме наше ново презиме, односно тој да го промени неговото презиме а јас повторно да го додадам на моето веќе постоечко . Но има време, за неколку години по конкретно ќе размислуваме на оваа тема.
Со неговото би си го задржала и моето бидејки сум единица (т.е. немам ни брат ни сестра) и нема кој да го продолжи.
Да нема меѓусебни расправии, ќе одберам некое трето презиме. Искрено, она дословното преземање на презимето ми е крајно глупаво, нема да бидам г-ѓа Милевска, туку г-ѓа Милевски. Па комотно во пратки на адреса и со г-дин нема ме ословуваат. Не знам, глупаво ми е и како некој нов терк што сите “мора“ да го прифатат. Ако се внесе нова одредба во законот, ок. Инаку, нема шанси. Дома сме сите женски деца, презимето нема да се продолжи секако, па која потреба јас да го продолжувам за неколку години плус, кога децата мои сепак презимето на татко им би го имале?!
Супер тема! Посебно за девојки! Затоа што некако мислам дека машките ги учат на тоа дека ние мора да го земеме нивното презимето, децата мораат да го имаат татковото и нема отстапки! За мене лично, интересно би било ако јас си го задржам своето, маж ми да си го има неговото а децата да ги имаат и 2те, интересно, нели?
синока ја читав темата и денес му велам на сонцето мое: злато би ти сметало да си задржам мое презиме и додадам твое? Погледот не се опишува ахахаах само одговори ајде златце врати ми се ти овде и очи во очи ке се договориме а не преку скајп....би сакала да го задржам бидејки моето Македонско неговото Словенско интересна комбинација е....ама па од друга страна кога би требало да се потпишам ке ми треба два реда....мада не би ми било проблем само со негово да бидам,а моминското братучет ми го продолжи веке си има дете...
Иако сум во брак, го имам моето презиме.Ама разговарвме со мм дека јас сум за да го имам дословно неговото презиме. НА пр ако е тој Петковски и јас ке сум Петковски. Се одлучив вака дека ми е поинтерсно, ама шала на страна оти во странсво понекогаш знаат некоја замерка д аимаат ако не ви се исти презимињата, па за да нема мн трте мрте и да докажувам оти дека навистина му сум жена (оти тоа го бараат) вака полесно.