Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Презимиња за во брак

Дискусија во 'Свадба' започната од doktorka-an, 14 мај 2010.

  1. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    Јас ќе го земам од мажот но во оргинална форма.
     
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Прво си е моето, па потоа ќе следи презимето на идниот сопруг. Да се знае чија мома зел :lol:
    Со овој став сум си засега-кој знае... Абе има време :swear: Кај ја отворив темата :tmi:
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Кога ќе дојде време,за едно 10тина години, ќе го земам неговото. Немам исто презиме како моите родители, а имам и брат, па ако сакаат тој ќе го продолжи.
     
  4. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Јас си го задржав. “На моето го додавам неговото“ - во оригинална форма :)
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mila.s

    mila.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    36
    Иако немам брат, нема зашто да го задржувам моето презиме, демек нема кој да го продолжи, а јас колку ќе го продолжам??? Секако дека моите деца ќе си го имаат презимето од татко им, така да тоа ми се некако глупости. :$

    Иначе ќе го земам само неговото презиме во оргинална форма.
     
  6. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Потполно се согласувам со мила.с, ќе си го земам неговото презиме, и кај мене ситуацијата е со две ќерки, ама навистина за колку ќе ја продолжам лозата, уште само јас? а моите деца нема да ги товарам со две презимиња :rofl: Дефинитивно само неговото.
     
    На mila.s му/ѝ се допаѓа ова.
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш се мажам за дечко ми, ќе го земам неговото презиме, кратко е и убаво, и мене ми се допаѓа. До пред некое време стоев на ставот дека никогаш нема да го променам моето презиме (прилично ретко е, башка сме две сестри), или во најмала рака ќе го додадам презимето на мажот, ама го сменив ставот. Многу ми е долго моето презиме, и името ми е долго, па уште да го додадам на мажот.....Ехехееее, километарско ќе биде. Вака би го земала само неговото, башка ми се свиѓа како би одело со моето име :P
     
  8. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Јас би го зела презимето на мажотми,бидеќи братми ќе бродолжи со ова презиме што го имам а да немав брат да бев сама или да имав сестра би ги зела двете презимиња :)
     
  9. MarcheB

    MarcheB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Читајќи ги претходните постови, морам да забележам дека се изненадив како никој не пиша дека го задржува презимето поради идентитетот, она што бил пред да стапи во брак, туку поради убавината или неубавината на презимињата. Драги мои, презимето не се бира, се наследува, секое си е убаво за себе, а најважно од се склопот на името и презимето кое го добивате со раѓањето ве означува вас како индивидуа, единка со идентитет. Мене лично не задржувањето на моминското презиме ми е нешто како откажување од тоа што до тогаш си бил, од корените и семејството ( тука не мислам само на успешни бизнис жени, мислам на секоја девојка)
    Инаку, планираме до нова година да се земеме,и моето секако ќе си го задржам, а ќе го додадам и неговото, во женски род ( и покрај тоа што и двете се долги и не се ништо посебно убави или неубави, сосема обични македонски) :worried:hock:
    Sorry за долгиот пост, ама ми лежеше на душа по читање на целава тема :talk:
     
    На al-vik и stilas7 им се допаѓа ова.
  10. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    зависи какво ќе биде презимето на сопругот :rofl: ако е некое долго, комплицирано би го зела само неговото бидејќи ако го додадам и моето , тешко кој ќе ме разбере со две комплицирани презимиња. Но како и да е сепак мислам дека е подобро само презимето на сопругот :)
     
  11. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    јас го задржав моето и не го додадов неговото, тој беше ок за тоа, двајцата сметаме дека личноста не се одредува според презимето, за другите што ќе речат и не ми е гајле, битен е граѓанскиот брак каде што вели дека сме во брак и ги имам сите законски права на сопруга, како прават на запад глумците, а за децата после ќе видиме , само нека дојдат на ред и тие
     
    На girl.23 и stilas7 им се допаѓа ова.
  12. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    478
    И јас го земав неговото презиме, и покрај тоа што многу многу си го сакав моето. :(
    Како и да е, со стапувањето во брак одиш еден level up!
    Мажулето мое ми велеше да го задржам и моето, но едноставно да се потпишувам еден километар, не благодарам!
    Мора да признаам дека на скајп, на официјалните документи кои ги работам, уште си се потпишувам со моминското, а башка некако ич не ми се оди да правам нова лична карта :lol:
     
  13. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Сега за сега размислувам да го оставам моето презиме затоа што е необично и многу ретко и + да го земам неговото во женска верзија (доколку е македонско презимето). Инаку не ми е за тоа да се продолжува и слични работи туку чисто од пуста моја желаба по презимето, многу си го сакам :D
    Имам време уште до брак, но мислам дека нема да се предомислам ;)
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    мене ме боцкаат неговите дека ќе станам `нивна` со презимето, иако не планирам да го земам нивното!!!!!!!!!!!!!
    ако државата ми дава ПРАВО да си го задржам моето презиме, кои се па тие да ми го одземат тоа право????????????
    тоа си е мој личен идентитет и малку е што ќе се селам кај него, па уште и презимето......
    многу жртви правиме ние жените и тоа за еден маж!!!!!!, барем да се исплати. :lol:
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Сакам неговот да го земам не сакам со моето да останам и од кога ќе се омажам а ни сакам пак со 2 презимиња да бидам па да ми биди смрт кога ќе треба да се потпишувам некаде ;)
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Како ми се ближи времето се потешко можам да одлучам :sweat: До скоро бев сигурна моето плус неговото.Многу си го сакам моето презиме,башка специфично е ептен,а неговото е едно од најчестите...плус,нема кој да го продолжи моето презиме,женски сме,а и неможам да се откажам од него.А и моето е на -ска,и неговото-ски.Да беше едното бар на -ва,ич немаше да се мислам.А вака колку долго ќе ми дојде :tmi:
    И пошто одлучивме матичното и црквата да не ни бидат во ист ден со свадбата,ми се ближи времето и незнам незнам што да одлучам :sweat:
    Тој не ми прави проблем,ми рече како сакаш ти,не му смета и двете да ги задржам.Мајка ми вели да го земам неговото,немало врска презимиња,сестра ми ме зафркава вели ти земи го неговото,а јас ќе го задржам нашето па така ќе го продолжиме :lol: А мене ич не ми е на зафрканција.Се си мислам дека во тпј момент кога ќе ме прашаат,како ќе ми дојде така ќе си кажам :lol:
     
  17. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Мене ми е многу глупаво кога го земаат презимето на мажот и тоа да завршува на -СКИ.
    Зошто да си го расипуваме јазикот кога е мислам еден од ретките со таа карактеристика да се членуваат презимињата. Само некои глупави моди им истекнуваат на луѓево, демек сега ќе се правиме како македонците во странство што се родени или преселени. Глупости.
     
    На Divinebutterfly и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Моето + неговото,од причина што си го сакам презимето,убаво е,а и сме женски и нема како да се продолжи,и бидејки децата несакам да си ги крстам по родителите(иако имаат мн убави имиња и двајцата),со задржувањето на моминското презиме ке ја изразам почитта спрема моите родители.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.018
    Допаѓања:
    81.359
    Пол:
    Женски
    Морам да си кажам тоа што ме мачи околу фамата со презимињата.
    Ете, ме нервира овој новиот, така да го наречам тренд, кој во последно време ко вирус се прошири.
    Имено, ме нервира кога презимето на жената завршува на -ов - еве на пример Елена Јованов,
    Ангела Илиев и слични вакви испади.
    Или пак, една форумџика имаше спомнато погоре, женско презиме на -ски - ај склопете го со горенаведените имиња и презимиња кои ги напишав случајно, пошо тие и ми текнаа моментално.
    Мене лично ваквите и глупо ми звучат, башка што не се вклопуваат со нашите, а и мислам дека тоа им е и финтата - да имаат странски шмек, ако се разбираме мислам. |(
    Од ваквите ''елитни'' презимиња, ми се гади, најискрено.

    Конкретно, јас моево порано сакав да го задржам и да оди моето, па она на мажот.
    Сега мислам дека идејата ми била за никаде, ама има време до мажачки, така да, тогаш ќе му ја мислам подетално. :D
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Иако има време за свадба и за земање на презимиња, мојот став од мала беше дека ќе го задржам моето презиме во секој случај. Бидејќи сме 2сестри и имаме специфично презиме би сакала јас да си го задржам моето и да го додадам на маж ми или да останам само со моето. :D
    Иначе најголема желба ми е децата да го имаат моето презиме :D ај може ќе си најдам некој маж што ќе се согласи со ова :^) хаха :D