А јас да прашам дали кога ќе наполнам 16 можам да го земам моминското презиме на мама и да го отфрлам ова?
Можешда го направиш тоа ама процедурата е мноогу голема, сите документи свидетелства потврди се треба да се смени. А плус и се плаќа доста за тоа. Познавам човек името што си го смени а за презимето муабет да не правиме секако дека е дозволено Оффтопик. Немаш 16??? Mило ми е што си толку млада па не ме чуди твоето размислување за хомосексуалноста. Секој има право на избор ама се надевам оти со тек на време ке го смениш мислењето и ке почнеш да уживаш во сексот со припадници од спротивниот пол.
Да те поправам за болдираното, не е тоа да смениш мислење едноставно нешто од внатре те тера да фантазираш за тоа.. Инаку благодарам на инфо, ќе разговарам и со моите дома (да не се увреди татко ми блааах блах блах патријахално заостанато сфаќање)
Ти реков твое право твој живот. Ако си во добри семејни односи со татко ти може ке се навреди ако го смениш презимето оти и овдеза жал важи тоа Што ке кажат луѓето. И јас да сум на местото од татко ти ке ми биде мака Инаку во брак еден ден ке земам само презиме од маж ми затоа што голема фамиија сме, имам и брат и има кој да го носи презимето. Е сега некаде се само девојки во фамилијата па се договараат сите братучедки да земаат и моминско презиме. Мене и името и презимето ми се предолги (вкупно 21 буква) и од мажот ако имам презиме до десетина букви додека се потпишам ке заборавам како се викам,
Сакав да го задржам само моето презиме, бидејќи сме 2 сестри, но кога размислив подобро како би се презивале подоцна нашите деца кога ќе ги имаме? Едното дете ќе го носи неговото презиме, другото моето или двете ќе го земат презимето на мајката / таткото? Некако ми е безвеза, сепак сме една фамилија и нема смисла да бидеме поделени со презимињата. Кога закажувавме термин за во матично ме прашаа за презимето и тогаш дефинитивно кажав дека ќе го земам неговото. Ме прашаа и дали сакам презимето да ми завршува на -СКИ или -СКА, ова прашање не го очекував, но како што кажаа неколку форумџики погоре овој тренд се повеќе зема замав кај нас. И покрај тоа што не ми се допаѓа оваа новина, секој си има право на избор. Ме интересира откако ќе се венчаме, во кој рок треба да ги променам личната карта, пасошот и сл.?
Нема кој да ме натера кога ќе дојде тој ден да не си го зачувам презимето. Обавезно ќе си го задржам, многу си го сакам. Многу луѓе ми рекле, многу убаво презиме имаш, културно АЈ НЕКА СЕ НАЈДЕ МАЖ ДА МИ ГО СМЕНИ!
јас од мала сакам да си го задржам моето презиме едно што е многу ретко и многу ми е убаво и сите ме препознаваат по него а не само ради тоа сега јас 22 години сум со едно презиме и ми се губи цел идентитет утредента пр. но ако е така ако си жив и здрав со долги години во брак па ќе живееш можеби и 50 години со сопругот во брак. а еднаш на татко ми му велам сакам да си го задржам презимето и тој само ми рече онака смирено ако е така седи си тогаш дома. и плус имам другарка која се вика исто како свекрвата и таа и ги отварала писмата дома и таа после 5 години брак си го додаде своето презиме, поради домашни проблеми. хехе
Сепак и да се смени,ќе ви биде чудно и помалку во почетокот,но потоа ќе се осеќаш како цел живот да е твое презиме.Башка и со децата ќе си имате исто презиме,никој да не се двои. Кој како му е убаво,така нека си прави.И мене ме иритира она на ски,ама ако им е арно нив,ок Сепак во поголем број го земаат на мажот,така беше и до скоро,ама искочи она помодарството.Јас би го зела на мажот,па што ако е често и вообичаено презиме.Ќе имам најчесто име и најчесто презиме Сепак е од човек кој го обожавам,кој е прекрасен и соо кој цел живот ќе делиме.Друго ништо не е важно
Сакам на моето презиме да го додадам неговото,ама оригинално,не во женска верзија. Арно ама баткава се буни,или само неговото или никако! Пусто турско,колку не има уназадено!
хахахаха ме изнасмеа незнам зашто ама со сите машки што сум правела муабет на оваа тема одговорот е ист само нивното презиме и никое друго иначе мене лично не ми е проблем да го земам неговото ама затоа е проблем ако сакам да го задржам и моето презиме ставрно не ми е јасно зашто е тоа така кај сите
Јас планирам кога ќе се омажам иако е многуу раноо да си го задржам моето презиме на средина и да го прифатам на маж ми.Поубаво ми звучи кога некој е со две презимиња
Јас си го задржав моето презиме и го зедов и неговото,еднаш го прашав како тој сака,тој ми кажа дека одлуката е моја,моето име и презиме се менува е не неговото и така тој нетреба да се меша одлуката треба да е твоја ,ти треба да си бидиш како звучи Поздрав
Јас би искоментирала нешто во врска со последниве трендови, да се земе презимето од сопругот во оригинална варијанта без промена на родот. Па луѓе македонскиот јазик има една карактеристика што се вика род и која важи и за презимињата. Според мене, Митра Петкоски звучи исто толку тренди, како и Петко Митревска, само второво ете не звучи така странски, а тоа е целта која сакаат да ја постигнат тие што го земаат презимето на мажот си во машка форма. Друго објаснување не можам да најдам. И баш деновиве наидов на еден текст од кој ќе извадам еден дел што најдобро го опишува феноменов. Зарем толку е голем нашиот комплекс на инфериорност? Толку ли е голема желбата да емигрираме? Толку ли се надеваме дека некој ден ќе живееме во странство, каде што секретарката ќе нѐ прашува „Mrs. Stojchevski, would you like me to shine your shoes now? “ Или сме југоносталгични, па сакаме да нѐ викаат „Милковски“, со дебело „л“ и развлечено и акцентирано „о“? Толку ли ни е ниска самодовербата, па не сакаме да ги збуниме странците со едно просто „а“ на крајот од презимето? Толку ли ги потценуваме странците и нивната способност да сфатат дека тоа „а“ означува разлика во род во презимето? Можеби тоа е – веруваме дека странците од срам да не кршат јазик ќе нѐ баталат, па затоа и децата си ги крштеваме со кратки имиња што наликуваат на грчки броеви или префикси, за утре странецот да може лесно да го изговори името на нашата ќерка кога ќе ѝ соопшти дека добила главна улога во холивудски филм.
Лично јас, немав проблеми да го задржам своето... мојот дечко (сега маж), ми рече ако сакам ич ништо да не менувам.... немав проблеми ни со неговите... најчудно од се - татко ми некако беше разочаран од фактот дека нема да го сменам... па затоа се решив да го додадам.... е, сега... тука почнуваат проблемите - со нови документи, па чекања... па зафрканции... денес просто посакав да го немав сменето (ме зафркнаа со личната карта....)
Моите деца има да носат презиме од татко им`, точка. А што се однесува до мене, кога ќе се мажам, ако се мажам, неговото. Не го разбирам тоа со реткото презиме, и моето е ретко па не гледам дека некако ме ограничува или обврзува да го задржам. И за мене нема никаква врска идентитетот со презимето. Јас се идентификувам по тоа што сум како човек и тоа што сум го постигнала/ќе го постигнам, можеле и Стојна да ме крстат и Трајанка, па уште и стотици различни презимиња да ми се паднат - не го менува тоа што го носам внатре и што сум способна да направам со истото. Строго за мажачка ми е мислењево.
Девојки, ве молам да ми кажете кои документи ми требаат за да извадам нова лична карта (поради променето презиме после стапувањето во брак)? Дали освен извод од матична книга на венчани и образец треба уште нешто? Ви благодарам!
http://uslugi.gov.mk/UslugaDetali.aspx? ... AA6BB19C48 Кликни на опис на услугата, се е објаснето што и како треба Инаку, јас ќе го земам неговото презиме, имам брат, така што семејното презиме ќе се продолжи. Не е ниту пак ништо посебно да го задржувам моето, а да го додадам неговото не ми звучи убаво. Ќе го земам неговото во женска форма, кога веќе јазикот ни дава такви можности треба да си ги искористиме
зависи од презимето на маж ми дали ќе го земам или не. ако ми се свиѓа да, ако не ми свиѓа, ако е некое секојдневно не, нема потреба од компликации без веза. децата секако ќе го носат неговото.