Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Презимиња за во брак

Дискусија во 'Свадба' започната од doktorka-an, 14 мај 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.132
    Пол:
    Женски
    Да, па таму ќе платиш и тие работи :)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Точно.
    Жити една одлика што не можеме да си ја испочитуваме.
    Земањето на презимето од мажот во оригинал, без менување по род, односно додавање на -а, воопшто не е во духот на македонскиот јазик.
    Погрешно е, незвучно и неприродно.

    До кога трендови и помодарства ќе го диктираат темпото во секој можен аспект од животот, па макар и во овој, навидум небитен?

    Што се однесува до мене, мислам дека на темава се имам изјаснето, ќе го земам презимето на мојот иден сопруг, со менување по род, како што и доликува.
     
    На Stam, lolyta777, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас имам уникатно презиме и од секогаш сум сакала да си го задржам, приота да го додадам и презимето на сопругот, али слушам многу што се каат што го задржале и моминското. Јас ако треба на сопругот нема да го замам, ама моето ќе остане по секоја цена. Децата нормално ќе си го носат презимето на татко им.
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ма какво ретко не ретко, презиме е, големо чудо.
    Кога ќе се омажам, си го земам презимето на маж ми, и секако, со а на крај, а не од овие модерните, оригиналите де, ми потребало.
    Нашето презиме ќе се вртка секако со векови, брат ми нека се погрижи за тоа :lol:
     
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Кое презиме бе? Тој идниот ми маж нека го земи моето ако сака. :D
    И што е она бе, пр. се омажила и сега се вика Наташа Стојановски.. Оти така маж си ти Наташо?!
    Во странство не се менуваат по род, оти им треба за документи, не смее да е различно.
    кај така цел живот рмбале за азил, уште документите да нечинат ако земат некоја нашинка.
    И сеа на нашиве му текнало модерно и тие така.
    На маж таква глупост сам да му текни не верувам...
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    За кој азил жити се рмбале цел живот? За какви документи станува збор па мора исти да бидаат презимињата?
    Јас сум родена во странство, таму тие незнаат дека се членува презимето во машки/женски род,не е ништо ниту модерно ниту ново едноставно е-татко ми се презива на ски исто и јас.
    А за документите да мора да се на исто презиме истотака нема врска, на снаа ми презимето и е на ска па ете ја си ги доби сите потребни документи.

    Јас се мислев едно 5 минути кога требаше да се одлучам за кое презиме ќе го носам сега кога се омажив, мм не е македонец па со прифаќање само на неговото презиме ми се чинеше како да ќе си го изгубам македонскиот идентитет :Dпа си го додадов неговото на моето а и малиов кога ќе го родам кај и да е исто ќе биде со две презимиња.
     
    На maca99 и enca.69 им се допаѓа ова.
  7. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    ^
    Јас имам роднини во странство, и нив им нагласија дека презимето треба да е исто за и таа да добие документи. Јас не сум била па да знам, кажувам од што ми кажале |(
    И башка, се скапаа мачење за да добијат државјанство, и уште проблем да се прави.
    Значи од потреба а не од мода како нашиве, тоа ми бепе муабетот.
     
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Добро де, и што сега ако не во духот на македонскиот јазик?
    ДА, го земав на -и, така сакав, така ми звучеше поубаво, не од помодарство, туку од лична желба.
    И сега тука 50 страни коментари па уште со навреди. Вакви биле, такви. Не дека ме навредувате, туку чисто, тоа е во духот на слободен избор, па така нема потреба од постови со толкав револт.
    Јас имам нагон за повраќање од такви што држат две презимиња, и од оние кои го задржуваат само своето, што воопшто не е во духот на македонската традиција, демек ќе го изгубат идентитетот, боже пази |( , и на тие би им кажала....ехехехе...многу работи, ама :x ;) , си молчам.
    Нејзин живот, нејзино право.
    Право на избор. Ми се допаѓа или не, е сосем доволно. Не мора ,,епиети,, да се лепат, само затоа што некој си постапил по свој личен избор.
     
    На maca99, pufi-cufi, blond и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.132
    Пол:
    Женски
    ^Меѓутоа тој личен избор понатаму може да влијае на сите. Сакам да споделам една статија со вас токму за овој, да го наречам, феномен, реална е премногу, па ако можете да одвоите време да ја прочитате би било убаво :)
    http://karmakasha.mk/top-kasa/guru/item/868-odroduvanje
     
    На Bozica1980, irenna и julie77 им се допаѓа ова.
  10. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Стварно е многу реална статијава и баш од истата е и текстот-извадок во мојот последен коментар. Секоја чест за напишаното.
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Статијата е на место, и кој шо сака нека рече.
    Сакате уникатност можеби.
    Нема потреба да пишам и да разложувам зошто мислам така, во статијава е се цакум пакум напишано, е тоа е на место, а не новиот модерен тренд што ги стресе дури и презимињата ^
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.462
    јас сум венЧана со странски дрзавјанин и зивеам во странство и од мое лиЧно искусво мозам да казам(барем таму јас каде сто зивеам)дека промената на презиме нема никаква врска со добивањето документи.
    потребно е венЧаница,заедниЧки да зивеете....милион други документЧиња и плус 5 год. зивот таму па да добиес дозвола за дозивотен престој а години после тоа и дрзавјанство. во текот на таа процедура никој не го интересира дали имате исти презимиња или не,сосема други фактори се пресудни.
    јас зо зедов презимето на сопругот во оригинална форма засто не постои зенски или маски род, такво е какво сто е. целосно се слозувам со од предходните мислења дека не е во духот на македонскиот јазик македонско презиме да се зема во оригинална форма . тоа помодарство како сто го нарекуваат едноставно звуЧи вестаЧко во моите уси.
    јас лиЧно не го свакам ниту тоа надоврзување на своето презиме , презимето од сопругот.....боље задрзи си своето и готово,барем ке застедис време секогас кога кетреба да удрис потпис на некој декумент.
    јас воопсто не се Чуствував дека губам дел од својот идентитет или дека кратам несто на мојата фамилија со тоа сто презимето немало да продолзи да зивее преку мене и моите деца

    испагањето од домот на мојата мајка и вселување во нов дом со мојот сопруг, го обелезав и со промена на презимето т.с земање на презимето на мојот зивотен сопатник.


    во мометот кога се венЧав и го зедов презимето од сопругот не изгубив нисто, само го официјализирав крајот на една етапа од зивотот, и поЧЕтокот на нова.
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Секој има право на свое мислење ама дајте малку намалете барем со навредите, не е воопшто вкусно ниту на место.
    Ништо не се менува во твојот живот ако некоја х особа одлучила да се презива на ски или ов место на ска или ова, за толку многу навреди упатени на нивната адреса.
    И само за појаснување ово не е ништо ново, модерно |( јас имам 31 година и од денот кога сум родена се презивам на ски и сега јас исто сум шмизличка, фацуле на кој секој се исмејува поради машкиот род на презимето?
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764


    Точно. Јас сум мажена во странство , и ми нагласија дека презимето треба да ми завршува на -и , бидејќи правеле доста проблеми ... и познавам луѓе на кои им направија проблеми за една буква... Не е за чудење, се има :!: А вие што навредувате, ако некоја си одлучила така , тоа не е ваша работа, не сте интересни. |(
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Колку се ежам кога читам коментари т.е. напаѓања од проста причина што напишаното мислење и плус морам да нагласам за лична работа не се соовпаѓа со нивното |( Да кога ќе си се омажам ќе си го земам презимето на маж ми :!: и тоа во машки род и плус и ќерка ми ќе се прозива во машки род. Баш така сакам!
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.132
    Пол:
    Женски
    ^И зошто така сакаш? Од која причина? Интересно ти е или?
    Посебен дел од статијата што ми остави впечаток. Парадокс голем е, навистина.
     
  17. mamaHana

    mamaHana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    31
    Јас кога требаше да го сменам презимето многу се двоумев и сакав да си го задржам своето.Не го задржав само од причина што не сакав моето презиме да се разликува од презимето на моето дете.Е сега ми е криво што не го додадов неговото.А за документите...и ден денес имам проблеми,не ми се сите средени со новото презиме.А внука ми кога се роди пред 9 години значи брат ми ја пријави со оригиналното негово презиме и презимето и завршува на в.Ееее внука ми е шмизличка од бебе :D Мене лично многи ми се свиѓа така презимето.
     
  18. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Не беше навреда, ќе извиниш ако се осети навредена.
    Нормално, секој си има свое мислење, ама не терај на кавга одма, не ме сфати баш шо кажав.

    Тоа е твое право ако сакаш да се презиваш на ски, и не сите се шмизлички и фацучиња, има и такви како тебе на пример ете, да додадам, сум заборавила |(

    Ама пак, не е за кавга, статијата убаво објаснува се, и се сложувам, не го оправдувам тоа, бар не за мене и за презимињата на моите деца, здравје.
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Aj oфицијално да ви кажам јас одлучив само неговото да го земам и да знаете дека ќе го имам најчестото презиме во Македонија-Стојановска :^) Хихи,порано сакав да се деси чудо и дечко ми да сака да си го смени презимето да го земе пример од татко му Атанас се вика,па барем Атанасова ќе ми одеше на именцето,ама чудно сега си го засакав презимето негово и да,дефинитивно ќе си го носам со гордост.
    Криво ми е што моето е многу ретко а се жени сме,ама ајде мамичка ќе ми биде уникат :P



    Едит-Ве читам и се чудам,аман ама сте се фатиле за македонскиот јазик и правопис бре бре,убедувања вака така.Боже мили.Ако сакам моето ќе го земам,ако сакам две ќе имам три....Оу је,патриоти сме бе сите :rock: Им се гадело од вакви такви презимиња....ете како се фаќа нашиот народ за се и сешто глупости во боја
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.524
    Пол:
    Женски
    Мене ми е рано да размислувам на оваа тема, ама ете сум размислувала и дефинитивно одам на варијанта двете презимиња, моево некако не ми се дава од некои лични причини, да не ја тупам сега со тоа, друга тема е.
    Битно е добро тоа што има многу опции...