На огромна жалост, не. Треба извод од матична книга на родените... јас така се зезнав... на сајтот не им пишува - пишува документ за доказ на промена на личните податоци.... и кога закажав и отидов за сликање - ме вратија... порано било валидно со извод од матична книга на венчани, а сега само од родени... и плус копија од личната карта (покрај уплатницата)..... А прочитав дека по поминување на 30 дена од промените, треба пасошот да се поништи... леле и јас појма немам, ништо не правам, а веројатно треба да реагирам во многу доследно време....
Стварно требало да се поништи пасошот? Јас не сум го поништила, мислев да го користам додека ми трае (а уште малку ќе ми истече валидноста)... ама ај, кога ќе вадиме за малиов ќе си извадам и јас.
Еве јас бев вчера и работите стојат вака. Најпрво мора да се извади нов извод од матична книга на родени, за ден два истиот е готов, а потоа со него се аплицира за нова лична карта, по основ на изменетите податоци во самиот извод. За нов извод има две уплатници, барање, ќе ви побараат извод од матична книга на венчани (носете и оригинал и копија бидејќи копијата ќе ја задржат ама оригиналот им е за увид во веродостојноста). За секој случај носете со вас лична карта од сопругот а јас си носев и копија од мојата лична карта ама не ми побараа. Денес ќе си го земам изводот, па потоа ќе покренам иницијатива за нова лична карта.
Може, ама и не мора да значи. Ако се поведеме од може, може многу работи да се случат. А може и да не се случат. Не му ја мислат, и не се осудувани толку оние кои за подобар живот вадат бугарски пасоши, па не само за себе, туку потпишуваат дека и нивниот дедо, татко и син се бугари, што не може, туку сигурно ќе има последици, и еден куп други глупости од овој тип се дешаваат, кои сигурно ќе имплицираат компликации и загрозување по нашиот идентитет понатака, а моето -и на крајот на презимето, значело дека јас сум шмизла, помодарка, предавник, немакедонка и не знам ти што . Гив ми а БРЕЈК!!! Секоја од нас го има правото да одбере, затоа и е дадена опцијата, секој еден за себе е прашан, за себе секој одговара. И сега? Јас моето го искористив, така сакав, вас кога ќе ве прашаат одговорете за себе, водени од вашата желба. А што правиме со оние со 2 презимиња, поголем дел сакајќи да звучат како познати пеачки, докторки, адвокатки, нели порано само тие го задржувале, за да се знае таа успешна жена од кај потекнува, а сега од пуста желба за поништување на неспособноста на останатите животни полиња, ќе стави две презимиња, и господ за брада, се идентификува со погоре наведените. Еве јас вака ги доживувам (а на никого до сега му го немам речено тоа, сметам дека е негова волја, желба, право, и не треба да го боли таквото како јас го доживувам тоа, нека ужива во изборот) тие со две презимиња, освен оние што немаат брат, до некаде ги оправдувам, ама и тоа е џабе, со неа ќе замре презимето, а на децата, барем во Мк, сигурно нема да им товариш две, па они ќе се мажат женат, и што ќе биде? Тоа е во духот на македонштината наша? Или ќе звучиме ко оние од шпанските серии - Марија Бошковска Симоновска Тодоровдска де Тасевска? Или оние што го задржуваат само своето презиме, не е тоа пострашно? Што се докажува со тоа? Тоа не е помодарство, глупирање? Тоа е во духот на македонскиот јазик, ама што е со духот на македонската традиција? За мене тоа е побитно, многу побитно. Моето презиме означува припадност на фамилијата на сопругот, тоа што треба да означи, всушност. Името ми го означува родот, а башка секаде има графа и за род, кога би требало по презимето да се идентификува родот, не би морале да ставаат графа род никаде. До одродување на јазикот и идентитетот можат да доведат многу други работи, а не ова -и. Јас сум сигурна во тоа. Вие загрижените слободно постапувајте како ви налага волјата, јас сигурно нема некого да навредам за тоа што одбрал нешто што било негова желба, без разлика од што е потикната истата, штом државата му го дава тоа право, постои таа опција која сум јас да мрчам? А вие што навредувате, како тука една, која беше, анушка или ватевер, преслушајте се малку. Генерализацијата е многу неубава работа, башка што и јас мислам дека на сите кои корисничкото име им содржи одредено чоколадо, се мизерни, глупи, неостварени и плитки, кои не мислат 2 пати пред да кажат нешто. Башка статијата, освен што можам да заклучам дека ја напишала ,,интересна,, новинарка во обид, исфрустрирана и изгубена во желбата да поентира на темата, и ја силувала истата до степен кој се граничи со простотилук, друго забележително и поткрепено со факти дека ние ,,ваквите,, ќе ја предадеме државата, НЕМА. СПОРЕД МЕНЕ. А сега, поздрав од г-ѓа ........И.
Секој си има право како сака да се вика и презива. Се фаќате за презимето дека жената се одродувала од идентитетот, државата... , ауу, до кај фативте?? ХЕЛОУ! А, што кога на вашите деца им давате МОДЕРНИ, првпат слушнати ИМИЊА??? Леа, Леонтина, Теа, Миа, Арио, Мате, Ванеса, Мина...итн...???? Зошто тогаш не им давате МАКЕДОНСКИ ИМИЊА??? Ги имате на список во ВЕРСКО КАЛЕНДАРЧЕ. Сите во нас во срцата си знаеме колку сме приврзани кон МК и нејзините традиции, обичаи. Не значи ако мене презимето ми е поинакво, сум се одродувала и не знам што, а некој пр. Петре Петрески оригинал Македонец е и во душата!!!.... Пс. Не сум мажена, и кога би се мажела би го задржала само моето презиме.
^^enca.69 и јас имав потполно исто мислење за оние со две презимиња се додека ете не дојде ред и јас да влезам во редот на оние со две презимиња. Не го сфаќам тоа што си го напишала како навреда или било што ама сакав да појаснам што стои зад мојата одлука за задржување на моето презиме и само додавање на неговото. Да се омажев за македонец никогаш немаше да си го задржам презимето, ќе си го земев само неговото такво како што е, си имам брат и двајца внуци кои ќе си го продолжаат презимето. Јас живеам во мултикултурна држава која е населена со народ од целиот свет и презимето е битен сегмент кој што ти го означува потеклото,мм е од италијанско/француско потекло со прифаќањето само на неговото презиме јас дефакто ќе станев по самото презиме италијанка а тоа несум јас. Со самото прифаќање на неговото презиме јас си го губев македонскиот идентитет, а под македонски идентитет не значи паѓање во несвест на бисер балкански, лупање во гради дека аце е наш, барем не за мене, туку поврзаност со родителите, верата, традициите. Тоа стои зад мојата одлука за задржување на моето презиме и само додавање на неговото затоа што јас сум православна македонка а не италијанка,католик, и немав намера на секој еден кога ќе ме праша дали сум италијанка да му објаснувам дека не сум мажот ми е италијанец а јас потекнувам од Македонија, со дветте презимиња барем тоа е јасно. А за децата тука е нормално да има средно име, место име ќе го има моето презиме и не гледам ништо лошо во тоа. А за статијата потполно се согласувам со тебе.
^^^ Битерсвит, токму тоа и ми беше поентата, секој има причина! Ти еве, си ја кажа својата. И да не ја кажа, пак е во ред. Ти сметаш дека тоа така треба, и се додека тебе ти е убаво така, мене ми е уште поубаво. А не секој па сака на овде некој па да му ја образложува. Нормално. И секој има право да си каже мислење дека му се допаѓа или не му се допаѓа. Ама да се навредува или да се генерализира, дека сите тие....се такви.... - мислам стварно не не во ред. Биди си против, има место кај што тебе ќе те прашаат, кажи си што мислиш. Јас сега треба да се извинам на некои овде што пред матично не ги прашав што мислат они по ова прашање? Боже мој . Стварно, ама стварно луѓево во Мк немаат попаметни работи, секој со секого за сешто ќе се замара, ќе му искрава криви дрини, ама што мислиш? што мислиш да постигнеш? ТОА ШТО ЈАС САКАМ! Можеби некаде 100 пати повеќе од вас некој од нас, ,,шиткачите,, на м.јазик и идентитет, се борат за истиот на вистинскиот начин, без непотребното трубење, навреди, по форуми, за според мене маргинална работа. За мене, пред ова, во однос на држење до себе, идентитетот и државата има уште мал миљон работи кои би ги загрозиле истите, без однос на нашето -и на крајот. Не сте се фатиле за штитовите на војниците на воинот, кои имаат 14 краци место 16, што би укажало на нашите антички корења, тоа е ситница, само што значи не се штитовите на фалангата нели, ама се удирате во гради пред воинот, тоа е Аце, тоа се војниците, тоа сме ние!!!БРЕЕЕј... Епа јас не се удирам затоа што не мислам дека тоа е слика на мојата античка историја, таму штитовите имаат 16 краци, за мене сите вие сте предавници, ја менувате историјата. 14 краци еј...16 треба. Или се ценкам за 2? а? Како вие за нашето -и? Епа ТАКА САКАВ, а вие бркајте работа. По ваше убедување и желби, нормално!
Едноставно темава не вреди за дебата,т.е. дебата за тоа што ни е грдо -дали две презимиња,дали во машки род итн...зошто само води кон недоразбирање,а не дај боже и навреди.Зошто секој има различен вкус,став и мислење и не треба некој да убедуваме зошто јас сум земала такво и такво презиме само затоа што тој мисли поинаку.Извинете ама ете така ве сфаќам повечето,откако ве исчитав! Најубаво е секоја да каже што мисли да прави,како направила,а нема потреба да образложувате зошто и како ,зошто Е ВАШ ИЗБОР,И НЕ ТРЕБА ДА ВИ СЛУША ЗА ТОА ШТО ЌЕ КАЖАТ ДРУГИТЕ. Ете јас до вчера сакав две презимиња моето и неговото на ски.Па што? Ме прави будала или незнам што тоа? Ајде да не се притресуваме девојки Некој има причина да е со две,или во машки род,некој нема ама сака, нас да не ни е гајле.
Не знам дали со сигурност не треба да се поништи... ако не планираш да се користи, ок, ама ако планираш, ќе треба... кога бев да се сликам за личната карта убаво ја прашав жената таму... затоа што планирам да излезам од земјава за брзо време, дали ќе имам некакви проблеми (не сакам да ме вратат за бирократски глупости)... жената ми кажа дека изводите (родени, венчани) не ги водат електронски, но по вадењето на личната карта со промените, тогаш влегуваат промените во системот и на граница ги имаат тие информации... така да.. тогаш ќе има проблем... А за санкции од типот ако не се поништи пасошот, немам информации... (иако на сајтот така им пишува)...
Најверојатно ќе си го задржам моето,и ќе го додадам неговото презиме.Но не во оригинална,т.е во машка форма како што е во мода,туку нормално ќе завршува на -СКА.
Каде отиде темата ? Да ви кажи тетка Нејтири што е во ДУХОТ на Македончињата ? Да се замараат со другите. Ете тоа. Што им е гајле на другите како јас ќе се презивам ? Ќе се презивам како што сакам и сигурно имам причина зошто сум одлучила така, па макар тоа било и од помодарство и за тоа никој не треба да го боли душичката или нешто друго. Ако сакам ќе имам 10 презимиња од кои 5 во машка и 5 во женска форма и ќе се потпишувам пола саат. Ако сакам ќе го имам само моето, ако сакам ќе ги имам двете во женска, ако сакам двете во машка форма и ако сакам едно во женска едно во машка или само едно во машка и сето тоа е САМО МОЈА одлука и САМО МОЈА работа. Не сфаќам како е можно да ги цнеите луѓето според презимето ? Демек ако не го делат вашето мислење тогаш се глупави, идиотки, непатриотки или па сакаат да се истакнат со две презимиња и воопшто не ги цените и ги сметате за најголеми кретени само поради едно или две презимиња. Аман бе до каде стигнавме ? А дали некогаш сте се запрашале која е причината ? Дали сте се запрашале дека зад тоа стои нешто многу подлабоко од глупав тренд или истакнување ? Мене па да ви кажам многу ми е глупаво кога се притресувате пред мажите и кажувате па НОРМАЛНО јас ќе го земам неговото презиме и НОРМАЛНО децата ќе се презиваат како таткото, демек децата само на таткото се. Исто така многу глупава работа ми е следната „Не сакам две презимиња затоа што не сакам да се потпишувам пет минути.“ Ај бе пробајте да напишите едно долго име како на пр. Александра и со две презимиња Стојановска-Петревска да речиме, уауууу дури ни една минута нема да ви одземи и на крај крајева ако тоа ми е голема желба, па ако треба и 15 минути ќе се потпишувам. Сакав да кажам дека на сите некои работи ни се глупави и нормално е да не се согласуваме сите, ама нема потреба од употребување на прости зборови и навреди. Мој живот-моја ствар. Јас ќе прам што си сакам и не смее никој да ме вреѓа за мојот личен избоr на кој секако имам право.
Прв пат кога бев на венчавка каде невестата си го задржа презимето веднаш добив претстава дека е некоја надуена татина маза дека не го почитува доволно мажот, ама гледам дека сум била грешка. Зошто да не си го задржи моминското презиме, па тие родители ја изгледале тоа е сепак еден знак на почит. Има фамилии кај што немаат машки деца многу па затоа девојките ги задржуваат презимињата после мажењето, за да не им се угине презимето демек. Јас лично моето не би го задржала затоа што е многу долго, а иако не сум против две презимиња сепак грдо ми изгледа кога ке видам. А за ова кога ке видам СКИ или ОВ на женска особа коса ми се крева. Ептен сељачки е бе луѓе, ако некои тоа го прават за мода еве да им кажам оти селски звучи. Башка од старт излегува оти мажот е нешто повеќе штом ти родот си го менуваш. Е сега следење на западњаците .... е па на запад имаш презиме Браун ај и ние тука таак да се презиваме да се викам Кикирика Кафена
Дефинитивно се имам одлучено кога ќе дојде време за тоа да го задржам моите презиме и на моето да го додадам неговото. Постојат повеќе причини за тоа. Прво да имав брат и внуци,немаше воопшто да размислам да задржување на презимето. Фино лепо ќе го земев неговото.Меѓутоа , верувале или не,во нашата фамилијата се сме женски деца и сите го имаат задржано нашето презиме. Второ, многу си го сакам презимето затоа што ни е едно од ретките во Македонија. Па и на крај краева, моите родители, па и покојни баба и дедо направиле многу за мојот и животот на сестра ми биде исполнет со убави работи. Знам дека моите родители правеле и ќе прават многу работи за да ни удоволат мене и на сестра ми, знам дека и понатаму ке ни помагаат, Па нешто што најмалку можам да направам е да го задржам моито презиме.
Здравје,кога ке дојде времето (се надевам нема да ме скокне и ке чукне и кај мене таа среќичка :geek: ) решена сум дека ке го задржам моето презиме,кое е мн често и познато,и ке го додам неговото ( аххх дај Боже да е тоа неговото лелелее ).Не ни сакам да преговарам на оваа тема, ке биде моја одлука донесена самостојно и несакам да слушнам за компромиси и отстапки.Немам брат,ниту некој кој ке го продолжи,а и децата несакам да ги крстам по баби и дедовци,и затоа оваа ќе е една скромна почит спрема моите,ке се чуствувам ко уште да сум под нивната заштита,едноставно ке ме потсетува дека имам некој во кој засекогаш ке гледам подршка и љубов,без разлика на животните лекции. Моите деца секако би го имале само од сопругот.
здраво на сите се приклучувам и јас на темава.и јас сум со две презимиња и сеа ми е без врска,во некои документи сум со две презимиња,во некои со едното,па мењавај,ај сеа глупости,задржи си едно било кое и готово.секој си има право на свој избор,ама јас се зафркнав и тоа е тоа.
Само ако го задржиш твоето нема да менуваш документи, ако го земеш неговото пак мора сите документи да ги смениш, зошто ако не некои ќе ти бидат со новото другите ќе ти останат со старото презиме, зошто би било поголем проблем ако си со две презимиња, кога менуваш менуваш се и вака и така