Презимиња за во брак

Discussion in 'Свадба' started by doktorka-an, May 14, 2010.

  1. Alondra

    Alondra Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    1,087
    Likes Received:
    2,358
    Девојки еве ви едно многу интересно размислување од Проф. Румена Бужаровска за новиот тренд на неменување на родот во презимињата. Преземено од http://www.karmakasha.mk.

    Одродување

    Оваа година ќе полнам 30 години. Моите колеги, пријатели и познаници сѐ позасилено ме прашуваат кога ќе се мажам, а оние понетактичните и понападните дури ме прашуваат кога планирам да раѓам дете. Ова меѓу другото се должи и на мажачката треска што пред некое време почна да се шири меѓу моите врсници.

    На Фејсбук сѐ почесто почнав да ги забележувам трансформациите на некои од моите познанички кои често минуваат низ следните фази: 1) провокативни девојки со напрчени усни 2) невести во пуслица-фустани, напикани меѓу креветот и шифоњерот во спалната на родителите заедно со деверушите и нивните комплицирани пунџи 3) ненашминкани жени со блажена насмевка, големи подочници и месести раце во кое лежи едно замаено бебе што гледа лево од фотоапаратот. Сепак, овој текст нема намера да се занимава со ваквата трансформација, туку со друга трансформација која оди во пакет со оваа, а тоа е менувањето на името на новата сопруга. Имено, забележувам како сѐ почесто невестата не само што го зема презимето на младоженецот, туку ја презема и родовата определеност на тоа презиме. Така во денешно време имаме еден куп жени чии презимиња завршуваат на „–ов“ или на „–ски“, појава што свесно или несвесно укажува на одродување од јазикот и од идентитетот.

    На почетокот би сакала да ја истакнам јазичната апсурдност на овој чин со едно основно граматичко повторување. Во македонскиот јазик имаме нешто што се вика категорија род, која во горенаведената појава не се почитува. Како што е познато, придавките немаат свој род, туку го земаат родот на именката што ја опишуваат. Па така од „вишнов/а/о“ и „градина“ имаме „вишнова градина“ и од „прилепски/а/о“ и „пиварница“ имаме „прилепска пиварница“. Истите правила се однесуваат и на личните имиња. Со други зборови, како што граматички е грешно да се каже „вишнов градина“ или „прилепски пиварница“, така е грешно да кажете „Ивана Велков“ или „Маја Неделковски“. Патем, аргументот дека јазикот е флуиден и постојано се менува во овој случај не држи вода, или со други зборови, аргументата дека јазиката е флуидна и постојано се менуваат во оваа случај не држат вода.

    Овој проблем не е само јазичен, туку навлегува и во сржта на нашето патријархално воспитување и родовите улоги што тоа ги наметнува. Потребно е само да ги замениме улогите, да го направиме она што се очекува од другиот за да сфатиме колку ова нешто е или разумно, или апсурдно. Па така, еве, замислете дека сте жена и дека мажот решава да го додаде вашето презиме на неговото. Некако нешто ви подзасмрдува, ама не сакате да признаете што. Некако не е доволно традиционално? Мажот ви се чини како слабак или папучар? Сетете се само каква лавина од потсмев предизвика веста објавена во дневниот весник „Вест“ дека зетот на Бојо Андрески на своето презиме го додал и презимето на својата сопруга – Андрески. Е сега замислете си уште колку вицеви ќе проструеја во македонскиот сајбер простор тој да ја земеше и родовата определеност на презимето на жена му, и да станеше – Драган Андреска. Зошто да не? По таа логика, ако може Петранка Стојановски, може и Стојан Петровска.

    Досега ми било срам да прашам некоја моја пријателка зошто го зела ем презимето на мажот ѝ, ем и неговата родова определеност. Не сум можела да се сетам на некоја разумна причина за таквиот чин, па сум сметала дека прашањето би звучело цинично. Можам да се сетам една причина што луѓето би ја посочиле, а тоа е дека така е попрактично. Демек, практично е ако брачните партнери се презиваат исто. Но ете, затоа постои множина, каде што исто се презивате и онака, и не гледам дека во скорешната македонска историја (во пост-„ејца“ периодот) имало некаков проблем со непрактичноста на женските презимиња. Од телефонските именици веќе одамна се отарасивме, така што и од тој аспект не треба да се секираме. Останува втората причина, а тоа е дека така е модерно во моментов. Но и таа причина не е издржана бидејќи многу работи биле модерни, а невкусни, како на пример оние бечви што се појавија пред некое време во женските бутици. По мене, несомнено е дека повеќето жени или парови се решаваат на ваквата неточна промена на презимето поради тоа што тоа им се чини „ин“ или „тренди“ или „кул“, да го искористам речникот пригоден за ова објаснување. А зошто им се чини „ин“? Претпоставувам поради тоа што се обидуваат да звучат нетрадиционално, немакедонско – т.е. странски.

    Зарем толку е голем нашиот комплекс на инфериорност? Толку ли е голема желбата да емигрираме? Толку ли се надеваме дека некој ден ќе живееме во странство, каде што секретарката ќе нѐ прашува „Mrs. Stojchevski, would you like me to shine your shoes now? “ Или сме југоносталгични, па сакаме да нѐ викаат „Милковски“, со дебело „л“ и развлечено и акцентирано „о“? Толку ли ни е ниска самодовербата, па не сакаме да ги збуниме странците со едно просто „а“ на крајот од презимето? Толку ли ги потценуваме странците и нивната способност да сфатат дека тоа „а“ означува разлика во род во презимето? Можеби тоа е – веруваме дека странците од срам да не кршат јазик ќе нѐ баталат, па затоа и децата си ги крштеваме со кратки имиња што наликуваат на грчки броеви или префикси, за утре странецот да може лесно да го изговори името на нашата ќерка кога ќе ѝ соопшти дека добила главна улога во холивудски филм.

    Ова не е само одродување од својот идентитет и од својот јазик, ова е одродување од својата земја на која не ѝ давате дури ни надеж. Со ваквото одродување како да покажувате дека таа е вашата болна, сенилна, изнемоштена мајка од која се срамите и сакате да избегате – па ако не успеете вие да се спасите, тогаш барем можеби ќе му успее на вашето дете.

    Но еве, да го тргнеме на страна прашањето на националниот и јазичниот идентитет. Што се случува со идентитетот на жената? Не само што таа свечено го предава во моментот кога од „практични“ причини ќе го избрише своето и преземе презимето на нејзиниот сопруг, туку како да се откажува и од својот родов идентитет. Во време кога толку многу се дискутира за промената на името и идентитетот, еден ваков чин од нашето секојдневие е во најмала рака парадоксален.

    И за крај, вие мои „–ски“ и „–ов“ пријателки што ќе го прочитате ова, не го сфаќајте лично. Вие мои пријателки што сте мислеле да станете „–ски“ или „-ов“ зашто така е модерно – немојте. Некој ќе ве праша (еве можеби јас) зошто сте се решиле на ваков чекор и ќе мора да се правдате. И конечно, ако некој ден станам Лазаревски или Митков, викајте ме Румен.
     
    Freyja, rajna-vojvoda, Stam and 2 others like this.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    две варијанти ми се допаѓаат да го задржам моето и да го додадам неговото (-ска), или пак да го земама неговото (-ска)
    ќе видиме .... има време
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Joined:
    Jun 17, 2011
    Messages:
    2,030
    Likes Received:
    4,605
    Gender:
    Female
    :clap: :clap: :clap:
    Браво со ова мислење што си го ставила овде баш сега го барав по интернет. Значи потполно се согласувам со мислењево. Иако е прашање на вкус мене мноооогу грдо ми звучат ваквите презимиња.
     
    Alondra likes this.
  4. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Joined:
    Dec 21, 2011
    Messages:
    227
    Likes Received:
    84
    Gender:
    Female
    Јас не се сложувам со тие што пишале дека моминското треба да се задржи само ако си од некоја видна фамилија , успешни бизнисмени БЛА БЛА, и што сега другите обични смртници не им вреди презимето??? :^) Инаку, тоа си е индивидуално и кој како сака ќе си прави. Мене ми беше природно да си го оставам моето презиме зошто цел живот така си се презивам и на него да си го додадам неговото затоа што како што е редот се вклучувам крвно во таа фамилија. И многу ме нервираат маживе што се бунат било глупо незнам ти што.... никој тебе не те тера да земаш мое презиме и нормално е како што си се осеќам така да си правам а не после да ми е криво оти не сум постапила како што сакам него од атер сум прифатила оти некој се лутел. Па нека се лути ако се лути. :P
     
    Hopeful and tweety26 like this.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Joined:
    Mar 30, 2010
    Messages:
    1,650
    Likes Received:
    2,279
    Gender:
    Female
    јас моето презиме го задржувам сигурно па ќе го додадам неговото...или тој ќе го земе моето :) баш ќе ми биде мило :)
     
  6. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Joined:
    Jan 4, 2012
    Messages:
    365
    Likes Received:
    51
    името моето презиме и презимето на нојот иден сопруг
     
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2011
    Messages:
    1,995
    Likes Received:
    2,281
    Gender:
    Female
    Ептен си го сакам моево презиме а и неговото си го сакам,така да ќе си ги земам двете.
    Не верувам дека би се лутел,а и да се лути гаље ми е :lol:
     
  8. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Joined:
    Jan 8, 2012
    Messages:
    259
    Likes Received:
    105
    Мислам дека ќе го земам само неговото презиме, но не се исклучува можноста неговото да го додадам. Ќе видиме како ќе сум расположена кога ќе дојде време :)
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Joined:
    Nov 22, 2010
    Messages:
    2,633
    Likes Received:
    3,058
    Моето презиме и неговото во оригинал
     
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2011
    Messages:
    5,235
    Likes Received:
    48,518
    Gender:
    Female
    Исто и јас.. ќе го задржам моето и ќе го земам неговото како што е :) уф колку само убаво ми звучи :wasntme: едвај чекам :inlove: :inlove:
     
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Joined:
    Sep 5, 2010
    Messages:
    2,800
    Likes Received:
    3,270
    Gender:
    Female
    Јас пак многу сакам да си го задржам моето презиме. :)
    И ќе инсистирам на тоа да имам 2 презимиња, сметам дека дечкото (идниот маж) не би требало, и нема за што да се лути.
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    2,952
    Likes Received:
    1,752
    можеби звучи чудно, ама не сум размислувала на таа тема сеуште
    ке мислам кога ке дојде време :)
     
  13. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Joined:
    Jan 29, 2012
    Messages:
    4,184
    Likes Received:
    3,051
    Или на моето ќе го додадам неговото со наставката -ски или ќе го земам само неговото исто со наставката -ски.
    Се тоа е работа на договор помеѓу партнерите и не ми смета да ја слушнам и неговата желба.
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Joined:
    Jan 19, 2011
    Messages:
    1,504
    Likes Received:
    5,576
    Денес слушнав мислење за темава од машка страна. Дека во неговото друштво, ако жената го задржела своето презиме, станувал де факто трајно предмет на подбив и потсмевање. И ме замисли да бидам искрена. Иако и не се знае дали ќе дојдам некогаш до институцијава брак, ама доколку се случи значи, јас лично одбивам да биде третиран тој како homo papucharus, не знам на некои жени може и им ласка ова, да биде мажот универзална златна папуча и дома и пред светот, ама мене ми е навреда... И онака не го разбирам моментот како се губи идентитет со загуба на презимето, еве сите оние кои ме знаат од дете и сме се запознале низ образовните циклуси - основно, средно и факултет, секогаш би ме помнеле по моето моминско презиме, многу нормално, а оние што ќе ги запознаам подоцна, не знам што улога ќе им игра тековното или минатото презиме. И за крај, постојат далеку пострашни губења на идентитет во бракот, независно од презимето на официјалната документација...
     
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Joined:
    Jul 5, 2011
    Messages:
    4,713
    Likes Received:
    38,134
    Gender:
    Female
    Не ми е јасно како порано на никој не му текнало ова со презимињава,туку се знаело жената го зема презимето од мажот и точка...Но,21ви век сме,време на промени,па мора да се менува се,во сите области па и тука...Мене лично воопшто не ми се допаѓа тоа со наставката -вски -ов,што ако сопругот има незгодно презиме кое воопшто не одговара со името од жената?Не се гледа тоа,битно се следи трендот...Тоа со моминското е ок,доколку така се договорат со сопругот,сепак јас сум за преземање на презимето од сопругот нормално со наставка за женски род...
     
  16. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Joined:
    Feb 10, 2012
    Messages:
    126
    Likes Received:
    40
    Јас закажав во матично и таму се изјаснив дека ке го носам само неговото презиме во оригинална форма. Според некого како што прочитав тоа е "сељачки", но според мене цел свет така функционира, останавме уште ние и бугарите со поделба на машки и женски презимиња. Сметам дека едно семејство треба да носи едно презиме а не две, ски и ска, и сметам дека тоа што не го задржав моето презиме иако е единствено во Македонија, поради тоа што не е македноско, не значи дека не го сакам или не го почитувам моето семејство доволно. Исто така не значи дека таа што го задржала моминското презиме го сака татко и повеќе отколку што јас го сакам. Да не се лажеме, не го продолжуваме векот на моминското презиме со негово задржување, тоа сепак останува средно, крајното е на сопругот, а децата нема да видат ни буква од моминското.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    Да и ја се сложувам дека е многу поубаво во оргинална верзија, како во цел свет што е. Но ако со векови наназад било така од страна на нашите претци, ако сме си специфични по тоа, не би го менувала начинот.
     
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Joined:
    Oct 9, 2011
    Messages:
    1,436
    Likes Received:
    4,995
    Јас ќешки да се омажам,да си ја најдам љубовта, па за презимето најмал проблем.

    Како и да е, мене се ми е прифатливо, зависи како ќе звучи моето име, дали ќе го додадам во оргинална форма, дали ќе го додам во женска верзија, дали ќе го задржам своето или само ќе го земам неговото, се зависи како ќе ми звучи тоа тогаш.

    Кој како си сака, така нека си направи. И да е само од кејф, без причина не гледам потреба да се осудува нечива одлука, како којзнае што да направил.

    Семејната лоза ќе продолжи со гените, зошто битен е духот со кој се пренесуваат фамилијарните вредности, презимето е најмал проблем, барем за мене.
     
    Hipster likes this.
  19. darcy

    darcy Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2011
    Messages:
    2,177
    Likes Received:
    5,898
    Не би се сложила дека целиот свет го зема презимето во оригинал, па затоа треба и тука. Како прво, во поголемиот дел од словенските народи (Русија, Полска, Чешка и сл.) постои женска и машка форма на презимето (таму каде што презимето трпи машка и женска форма).
    Генерализацијата за целиот свет паѓа во вода дури и за добар дел од светот во кој жената го задржува своето презиме (Шпанија, Италија, Кореја, арапскиот свет, Исланд итн).

    Секако дека секој може избор по сопствена волја и да си направи, но останува фактот дека земање на презимето на сопругот во оригинал е мода, а не тредиција или правило.
     
    kjukli likes this.
  20. Stam

    Stam Истакнат член

    Joined:
    Sep 9, 2010
    Messages:
    269
    Likes Received:
    175
    Точно!
    Сами си го негираме и унаказуваме јазикот со тоа!
    Прифатете луѓе Македонија сме, ова е македонски јазик, имаме поделба на машки и женски род во јазикот, како и во презимињата, па и во тоа е убавината едни и единствени сме што се презиваме на -ска и -ски па ете во тоа сме оригинални. А ова што се прави денес мислам дека е само од мода и помпезење и желба да се биде што пооригинален и поразличен од другиот |( . Како што гледам за едно 20тина години и сосема ќе ја отфрлат наставката ски/а или ќе почнеме да земаме американски презимиња...мислам да се знае не сме којгоде |(
    А што се однесува до мене нема да додадам го додадам неговото презиме на моето (сакам едно презиме) веројатно ќе си го задржам своето или (помалку веројатно) ќе го земам од мажот ама во женска варијанта - зошто нели женско сум ;)
     
    kjukli and Trendafilka like this.