Не е воопшто проблемот дека е сељачки, туку не е во духот на македонскиот јазик и традицијата. Ако нешто е помодарство кај нас, тоа е да се зема презимето на мажот во оригинал. Меѓутоа, прашање на вкус е, и сопствена одлука, ти ќе си живееш со презимето де. Ти посакувам среќа во бракот, презимето и не е нешто особено важно. Ова е само 100% точно.
Се разбира дека на крајот секој го избира она што нему му се допаѓа. За мене помодарство е кога слепо се прати традицијата, зошто секој има право на свое мислење и зошто немора она кое било некогаш да остане вечно. Со превземање на презимето во оригинална форма, не се крши традицијата, на презимето не му се додава наставка иќ, не се менува во американско..Јас малку бегам од традицијата, затоа што сметам дека младите немораат да бидат со стари сваќања. Мојата свадба и нема да биде традиционлна..ќе има дел од обичаите традиционлни, ќе има и некое оро, но ќе биде со забавна музика, рок, евергрини и на крај дј. Поздрав
јас ке го задржам моето и ке го додадам неговото со -ска, ама едно ме загрижува со ова новово лудлио што владее....после 10 години кога детето ке ми оди во градинка сите девојчиња на пример ке се со презиме како мајките -ски само ова моево(ако имам женско дете) ке биде -ска
Нема зошто да те загрижува, овоа помодарство воопшто не ми се допаѓа мене, а и според правописот на македонскиот јазик именките се менуваат по род.
изгледа сум единствената ама јас не би ги задржала ни моето, ни презимето на дечко ми, кога ке дојде време за тоа, повеке сум да земеме и двајцата ново презиме, од името на татко му или дедо му или од моите без разлика за што ке се договориме, немора некое посебно да е, според мене така се прави поголем почит кон постарите кои вложиле многу во нас, а за сегашните и јас и тој имаме постари браќа па ке има кој да ги наследи, а и утре нема да ми ги мешаат децата со тие на девер ми, како што мене често ми се случува.
Ќе го задржам моето презиме, а ќе го додадам презимето на мојот маж, малку ке биде долго, ама нема врска Премногу сум горда на моите родители, па во нивна чест ќе го направам тоа
Кога ке дојде судбоносниот ден , ако дојде .... , ке си го земам и моето и неговото презиме, бидејки јас цел живот си го носам моето презиме , и оп троп, ајде менувај презиме, и да сака, и да несака дечкоми секако ке го земам моето презиме. Имам среќа бидејќи дечкоми се согласува со тоа , и ме подржува, секој има право на свој избор
Јас кога се регистрирав во матично не ме ни прашаа за презимето, си остана моето, да кажам дека во друга држава сум мажена, но не ми се допадна тоа, само за децата ме не прашаа дали ќе го задржиме презимето од сопругот или некое друго презиме ќе ставиме и го ставивме неговото презиме, но кога ќе дојде време да имаме дете и тоа и мојот сопруг ќе си имаат исто презиме, а јас различно и оди докажи дека тоа е мое дете, глупостиии, јас сакам да го задржам моето и да го додадам неговото, но за жал не ме ни прашаа за презимето мое ќе терба да прашам во Мк како иде тоа за менување на презимето, пошто овде не знаат ништо
Јас би си го задржала своето презиме и би го додала неговото.. Но се во свое време, ако ми звучи поубаво поинаку, така ќе направам.. Има време
Мојата мајка кога се мажела, го задржала само своето презиме.Нешто што во тоа време било незамисливо...И ден денес кога некој ќе види дека моето и нејзиното презиме се различни, се соочувам со чудни погледи или прашања.Иако моите родители се во среќен брак. Порано и јас бев со истата мисла.Зошто да земам некое туѓо презиме кога имам свои корени кои длабоко ги почитувам? Во последно време размислувам поинаку.Сакам да го земам САМО неговото презиме. Корените кои ги влечам, нема да се сменат никогаш.Почитта кон мојата фамилија - исто. Земањето на неговото презиме го гледам како чувство на припадност.САКАМ да имаме исто презиме.Здравје боже, сакам да имам исто презиме и со моето дете.
Мене посебно ми е интересно што свекрвите се лутат ако невестата го задржи презимето :0. Тоа презиме не било нејзино , а ретки се свелорите кои се лутат. Или громогласниот аплаус ако невестата го земе презимето на мажот а штамата ако го задржи нејзиното и намртените лица на гостите смешки како некои вараварски адети Ако има важност немора да го поништуваш глупости кој ти рекол. Јас со старио пасош бев во турција глупости какви дезинформации. Не е секаде така мажми инсистираше(не кујзнае како) да си го задржам моето и додадам неговото а мене ми беше седно , така да има разлика. А за тоа со папучата во право си исто како и за моминското презиме нема мочешко презиме како термин.Интересно е и тоа со госпоѓа и госпгица нема гогподин и господинин како и да е .
Во странство да речам задолжително е да го земиш неговото презиме онакво какво што е значи во секој слуај да завршува на ски.
Неговото презиме, со -ска. Баш ми е убаво, интересно и пооригинално. Незнам зошто се трудиме да отфрлиме се што е наше. И баш ќе ми биде мерак моја ќерка да носи -ска, кога сите презимиња ќе им завршиваат на -ски, ќе си биде оригинална Ова па со неговото презиме со -ски ми е тотално безврска. А моето презиме би си го задржала, во случај неговото презиме да е нешто во стилот на Ку*оглавов, Газмиславски или што ти знам
Мене пак од сегашна гледна точка,ми е криво што не си го задржав моето презиме. Па ако сум во брак треба ли идентитетот да си го сменам? Го носам неговото презиме,на -ска завршува,ама....... Си го сакам презимето назад.Не дека сум позната по презимето,туку две женски деца сме и сестра ми си го смени презимето кога се омажи и така...после моите родители нема кој да го носи....жално ми е. Еднаш му спомнав на мм ,така на шала,дека ќе си го земам старото презиме ,ќе го променам сегашното,а он онака мртов ладен ми рече дека и адресата ќе сум си ја сменела веднаш-на старата ќе ме пишал И така ,прво презимето ќе си го смениме,потоа карактерот свеки ќе ни го менува,едно по едно ,за 10 години нема да можеме да се препознаеме-кои сме биле,а кои сме сега....
Јас ќе го додадам неговото презиме на моето и тоа во женски род со а на крај, сакам да се знае од каде сум дошла и каде сум отишла. Новава мода со земање на презимето на мажот во оригинална форма со -и или -ски на крај не ми се допаѓа, не е воопшто македонски. Инаку моето презиме е единствено во Македонија и ако братучет ми не добиеше син, со идниот сопруг се договоривме дека ако имаме 2 сина едниот ќе го носи моето презиме. Но сега сепак нема да има потреба од тоа