Бидејќи имам хумана и специфична професија,значи сум докторка,кога би требало да бирам ОБАВЕЗНО го задржавам моето презиме и го додавам презимето на мажот ми но во женска варијанта,пр на ска/ва.Сакам да имам две презимиња,а моето го задржувам од причина што јас повеќе сум позната по моето презиме отколку име и со него имам доживеано голем број на успеси.А доколку не го земам се ми пропаѓа,едноставно се губам јас и мојот идентитет.
Никој не може да ми го земе тоа што сум била 27 години, прво, моето презиме е со 10 букви, неговото со скоро исто толку, второ благословена сум со брат кој ќе го продолжи нашето презиме, трето, неможам да ви го опишам изразот на лицето кога ме праша дали ќе се омажам за него и кога од срце му одговорив дека ќе ми биде чест да го носам неговото презиме. Бесценето, навистина! И секако ќе биде на -ска!
јас си го имам и моето презиме и неговото и самиот инсистираше да си го задржам моето презиме... преубаво ми звучи
јас ги земав и двете и моето и неговото. моето презиме нема кој друг да го носи и продолжи освен јас.
И јас се решив за моето и неговото, чисто бидејќи после толку години носење (не се мажам баш многу млада ) сум навикната на него, плус и службено ме знаат со тоа презиме. Без навреда за никого, не ми е сосема јасно тоа со продолжувањето на лозата и презимето - тоа и вака и така би завршило (ако нема машко во фамилијата - јас за среќа имам брат, се надевам и внуци наскоро...), бидеќи децата го носат секако презимето на таткото...
е баш затоа јас го задржувам моето и избегавам совети и многу блиски комуникации со свеки(не живееме заедно за срека )
Мене свеки ми вика абе ти имаш кариера, задржи си го и твоето презиме!!! =D Само пусто кај ќе ме собере да се потпишам после, хахахаха!
Ако некогаш се мажам би сакала да го носам презимето на сопругот не дека своето презиме не си го сакам али мислам дека така е подобро...
Па адетот е да се земе неговото, само јас сакам да го земам како што е без да менувам на ска, туку да си остане на ски. Убаво ми звучи.
Убаво звучи, ама не е граматички исправно....Презимето покажува припадност, а ти бидејќи се женско правилно е да завршува на -ска. Замисли мажот ти да сака да го земе твоето презиме и да завршува на -ска. Мислам дека ќе биде смешно. Ова е само мое мислење
Кога ќе ми дојде време за мажење планирам да си го задржам презимето и да го додадам неговото, така најубаво ми е.
Јас би сакала да си го задржам само моето презиме без да додавам и одземам ништо бидејки сум горда на него а и единствено е во светот нема никој друг со исто презиме како моето а да не ми е роднина.Верувам дека би го имало она превртување со очи па како па зашто па што си мисли ама искрено многу ми е гајле.
Ако дојде ден да склучам во брак би си го задржала своето презиме затоа што е специфично и ми се допаѓа ,ако ми се допаѓа презимето на мажот ми би го додала на своето презиме .
Јас ќе го земам неговото презиме. Сега кога закажувавме за матично нели се пополнува формуларот и си го напишав неговото презиме,со "ска". А тоа помодарство што излезе,демек од сега натаму презимето од сопругот се додава со "ски" ама воопшто не ми се допаѓа,без врска ми е,нешто како ајде сега со сила ќе тераме некој наметнат филм ама секој со своето. Имав целосна слобода да си одлучам за презимето,и тоа ми е доволно што никој не ми кажа избери го ова или она.А тоа дека се губел идентитетот или незнам што исто е чиста глупост,добро мене не ми е јасно како би го изгубила својот идентитет она што сум јас ако го сменам презимето Некако не ми иде, на крајот на краиштата презимето не ти го дефинира идентитетот па сега ќе се држиме за тоа оти мама и тато така се презиваат па ако го сменам јас презимето ќе си го изгубам влијанието во средината,жива глупост. Еве јас познавам личности со презимиња на божем видни луѓе во градот,ама пропалитети невидени никакви квалитети во нив,само се провлекуваат покрај мама и тато бидејќи презимето му е влијателно
сега брзо треба да закажеме во матично , па неколку пати веке цитам дека треба да се пополни некој формулар??? тоа значи дека мораме лично да идеме ја и вереникот????? околу презимињата , секој си има објаснување и се ми е јасно но да си македонка и да се презиваш - ски
Јас прво го пратив мм сам да среди работа, ама го вратиле затоа што морало двајцата да присуствуваме. Прво платете си ги уплатниците, затоа што нема да сакаат ни муабет да ви направат без нив. Толку се безобразни. А за презимињата, јас си го земав неговото, нормално завршува на -а. Се ежам од ова ново помодарство. Се знае за женски род во мак јазик презимињата треба да завршуваат на -а, а не на -и. Глупост невидена.
Неговото презиме ќе го земам и тоа во женски род! А можеби ќе го задржам и моето,ќе видиме до тогаш има време! А ова со губењето на идентитетот ми нема смисла. Па јас секогаш ќе го имам моминското презиме во изводот на матичната книга на родените,така да идентитет не се губи! Секој пат кога ќе вадите некои документи за кои е потребен и изводот од матичната книга ќе го има и Вашето моминско презиме! А да исто и во изводот на Вашите деца! Пример: Марија Трајковска род Николовска........не значи дека ако го земете само неговото презиме сте се одкажале од вашето потекло!