Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Презимиња за во брак

Дискусија во 'Свадба' започната од doktorka-an, 14 мај 2010.

  1. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Не се согласувам дека е чиста глупост и ДА, губење е на идентитетот. Зошто тогаш и Македонија да не ја прекрстиме? Според твоето мислење: ист ќе биде народот, иста ќе биде територијата, што има врска? :) Јас сум се родила со тоа презиме, цел живот сите ме знаат така, сите дипломи и се останато се води на тоа презиме. Можеш 3 пати да се премажуваш и да менуваш презиме, но едно е тоа со кое си родена и јас не би го ставала тоа како ЕКС-презиме или моминско презиме. Тоа засекогаш ќе биде мое презиме, а неговото може само да биде додадено на моето.
     
    На luncika и rajna-vojvoda им се допаѓа ова.
  2. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap: браво !!!! баш така !!!! зошто не ја прекрстиме македонија па што дека ке биде горна долна незнам каква зелена шарена !!!!! губење е на идентитетот да , кога поубаво ке се размисли така е :!:
     
  3. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Би сакала да го задржам моето,а да го додадам неговото,но во секој случај ќе завршува на -а.Не сме зборувале сеуште на таа тема бидејќи е рано,сеуште не сме ни верени,но мислам дека ќе се договориме убаво и ќе си направиме компромис околу тоа прашање.
     
  4. law

    law Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    8
    Или само моето или две презимиња а само негово во никој случај. Истото и тој го мисли! Но највероватно двете поинтересно ми е што викаат вистинска Госпоѓа!! А на децата пред презимето првата буква од моето презиме. Да знаат дека имаат двајца родители
     
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јас на сите визит-карти и на службениот маил ке бидам со 2 презимиња, само заради кариерата, додека се објаснувам која сум и што сум, и на сите да им објаснувам дека сум се омажила и дека сум истата (а дневно контактирам буквално со 100 луѓе), а инаку, како бре луѓе губите идентитет, па мора ли да носиме сите по 2 презимиња за цел свет да знае од каде сме дошле и кај сме отишле?! Јас нема мајка ми да ја менувам, па да го губам идентитетот??? Овие муабети ми се како пред 100 години, ако се омажела ќерката преку Вардар, па лле далеку била. Во Австралија да се преселам, пак блиску до сите ќе бидам со денешнава технологија, а не па за презимето на 3 км од кај мајка ми... Мое мислење, без навреда. ;)
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    :D :D :D
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Незнам. Можеби ќе биде само неговото или неговото ќе го додадам. Зависи од многу фактори.. ќе видиме има време :)
     
  8. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Иако е сеуште рано за тоа да размислувам бидејќи имам само 15 години, сега за сега мојот став е да остане моето презиме плус неговото да го додадам ахаххахаахаахахахха :) (смешно ми е што викам неговото кога ни незнам кој ќе ми биде маж хахахахаххаххахха ).
     
  9. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    Најверојатно неговото. Моево си го обожавам, ама мразам долги имиња и презимиња, за да си го додадам на моево.
    Марија-Магдалена Атанасковска Перчуклиевска. |(
    Така да, неговото нека биде. :D
     
  10. vencanica

    vencanica Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    jas go smeniv prezimeto, sega se vencav, i ne sakav da go zadrzam moeto i da go dodadam negovoto od pricina sto e mnogu dolgo dvete zaedno i zvuci glupo, posto sum mazena so stranec so kratko prezime, a moeto 100 bukvi imase i ne odgovarase nekako.. plus toa si rekov imam brat sto ke go prodolzi prezimeto..
     
  11. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Иако имам брат кој ќе го продолжи презимето, сепак јас би сакала или само моето да го задржам или да го додадам неговото.. но сепак има време за тоа :) :)
     
  12. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    За какво продолжување на презимето зборите??? Па вашите деца нема да го носат вашето презиме..не ми е јасно што ќе се продолжи? Да функционира како средно?
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.006
    Допаѓања:
    123.785
    Кога ме прашаа,од прва кажав,оти ако почнев да се мислам ќе немаше крај.Шо убаво презиме си имав,едно единствено,добро уште една фамилија има,во Македонија.Е сега имам едно од најобичните презимиња,и мислам дека ќе си го засакам со тек на време :lol:
    Незнам,велиме што толку се дава до значење на презимето,ама ај да треба да се смени пример името? Од Марија во Цветанка,од Ева во Лилјана итнннннн,не ќе биде исто ! Ете така деновиве ме фати некоја мисла,дека требаше да си го оставам и моето :worried: И јас ,длабоко во срцето и душата сум си Ели со старото презиме :wasntme:
     
    На Mikako и Mama25 им се допаѓа ова.
  14. law

    law Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    8
    Sto ima vrska dali imam brat za da go prodolzi prezimeto. Pa i moite deca mozat da nosat dve, smo moe, samo na soprugot ili novo. Gledajte sto veli zakonot ne tradicijata i obicaite toa se nepisani pravila.

    [mod-kirilica:3setohc5][/mod-kirilica:3setohc5]
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Инспирирана од муабетот со дечко ми ми текна на темава. И така јас, како идна невеста и нечија жена, нели :lol: дојдов да си го искажам мислењето и емоциите на бес што ми ги предизвика дечко ми.
    Не е работата дали имам брат за да ми го продолжи мислењето, работата е како јас се осеќам и што јас мислам за тоа да се смени презимето. Сум се родила, сум учела, сум паѓала и пак сум се издигнувала, сум завршила основно, средно, па еве уште некој месец и ќе дипломирам. Сите мои признанија, сите дипломи, сите мои успеси го носат моето презиме. Моето, а не неговото. Тоа е дел од мене, дел од мојот идентитет.

    За да го земам неговото презиме, треба тој да ме гледа, да ме сака и да се грижи за мене подобро и од мојата сопствена мајка, безусловно да ме поддржува во се, да биде мој темел во се, во било која ситуација и во било која состојба. Ако го прави ова и ако заслужи да го земам само неговото, тогаш ќе подразмислам два пати. Во спротивно, нема место за размислување. Моето останува до крај, а неговото може само да се додаде на моето.

    Ама, :!: овде се отсликува нашата закоравена балканска традиција, мислењето на нашиве балкански мажи дека откако ќе ја земат жената кај себе, таа станува нивна сопственост, па мора да го носи само нивното. Да се знае чија сопственост е нели?? :fubar: :fubar: :fubar:

    Според мене, татко ми ми го дал презимето оти сум негова ќерка нели :D ама ако утре ден го земам само неговото, неговиот татко мене никогаш нема да ме гледа како ќерка така? И да ме сака и да ме почитува, сепак јас НИКОГАШ нема да бидам негова ќерка. Ќе бидам само снаа, жена на неговиот син. Крвта не е вода, така? :D Само еден мал и прост пример :D

    И да не должам многу, утре ден кога ќе дојде ред да се мажам и кога матичарот ќе не праша што одлучивме за презимето, гордо ќе одговорам: Неговото го додавам на моето. (Или евентуално, моето на неговото). Ете така. Поинаку не бива :D
     
    На Ammy.Lee, EMoonlight, Leeloo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Мене па сопругот никогаш не ми правеше никаков проблем во врска со презимето.
    Ние дури и не дискутираме на оваа тема се’ додека не почнавме да ги спремаме документите за во матично.
    Јас се мислев, ама повеќе сакав на моето да го додадам неговото. И тој без проблем ми рече - “задржи си го!“

    И не го направив тоа од причина да го продолжам презимето или слично, ниту пак од мода, туку ете така, ми беше ќеф.

    А децата мои можат било кое презиме да го носат. Ако сакаме јас и сопругот и тие ќе имаат две презимиња.
     
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Отсекогаш ми била смешна, а и ќе ми биде оваа дискусија. Губење идентитети, држење до некои права феминистички, траскање од земја, такви ствари несакам. Сакам да го изберам тоа од кое ќе се чувствувам најдобро јас и моите блиски. Јас одлучив да не го задржам презимето, а имам многу оригинално, уникатно презиме.
    Зошто:
    -Моето презиме е со 10 букви, неговото исто, на што ќе личи кога ќе се потпишам некаде??
    -Не сум тип на девојка која што следи мода, секогаш сум носела тоа што сум сакала да носам и што ми стоело, па исто и со презимето, јас сакам да го носам неговото презиме!
    -Оние феминистички говори за откажување од идентитетот, па зарем не припаѓам повеќе на мајка ми и татко ми, незнам што, ми се ненормални глупости, ве почитувам сите што го имате тоа мислење, но само доколку е искрено а не наметнато!
    -Со сила никој не ме тераше, нож под грло не ми стави. Разговаравме 100 пати со вереникот, и он си го кжа своето мислење, го ислушав, и го направи тоа што јас сакав да го направам, а нашите мислења случајно се согласуваа едно со друго, ниту ме уценувал, ниту ми се заканувал!
    -Ми се смачи секој пат некоја другарка кога ќе ме праша со презимето што ќе правам и кога ќе кажам дека ќе го земам неговото, добивам одговор дека сум старомодна. Фала многу, пријатно!
    -На сите визит картички, службен маил, се што ми е поврзано со работата ќе бидам со 3 презимиња за да не се јавувам по 100 пати да објаснувам, а во останатиот живот, не фала, многу ми се!

    Според мене, правете си така како што сакате вие, а не како што ќе кажат другарките, или што ќе мисли околината! ;)
     
    На karak, Anouk и Moira им се допаѓа ова.
  18. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Елена а јас пак добивав коментари од типот - “Си го задржа презимето??? :o Е како така ти дозволи сопругот? Е како така бе па ти се мажиш веќе си во друга фамилија, треба и нивното презиме да го земеш! Е што кажаа свекорот и свекрва ти на тоа ?!“ :o :^) :rofl:

    А добив и коментари- wow колку си модерна браво :D
    Луѓе бе ниту од мода ниту од старомодност, ете така си јас сакав!

    Мислам Бог да чува и да брани! Ниту сме ние нечија сопственост од кога ќе се мажиме, ниту пак се откажуваме од идентитетот и од нашите родители доколку го земеме презимето на сопругот.
     
    На law и AloneM им се допаѓа ова.
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    17.961
    Пол:
    Женски
    јас ќе си го задржам неговото кога ќе дојде време :)
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Добро, може кај мене малку има влијание и тоа што јас и сестра ми сме единствени деца во семејството, па на тоа гледам како што си кажав погоре. Знам дека ние ќе бидеме последните што ќе го носиме тоа презиме, па барем ќе го продолжам додека сум јас жива, ако не повеќе :)

    Е сега, друг муабет што го слушнав денес од мајката на дечко ми. Нејќела нејзините внуци да го носат сегашното презиме. Сакала да го носат името (нели трансформирано во презиме, а верувајте си кажа и конкретно како, а многу груби ми звучи некако, ме потсетува на една наша „пејачка“ :lol: ) на маж и, т.е. на таткото на дечко ми :fubar: Кога ја прашав зошто, ми одговори да се знаело чии се децата :D :x Си мислев да кажам некој збор, ама ај си преќутев, па нели не сум снаа таму де, немам право на глас :lol: Е ај сеа, чии се децата? На син и или на маж и? Дечко ми немаше свое мислење за темава. Ама се знае, барем таму кај што ќе бидам снаа :lol: презимето останува исто со тоа на сопругот. Може само да ставам имиња на кои првата буква ќе се поклопува со нивните, ништо повеќе. Барем така мислам сега, понатаму ќе видиме што и како ќе ни донесе животот.

    Што мислите вие за ова подновување на името на свекорот, трансформирано во презиме нели :lol: се надевам ме разбравте :D