Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Презимиња за во брак

Дискусија во 'Свадба' започната од doktorka-an, 14 мај 2010.

  1. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    На пример ако свекорот се вика Стојан, детето твое да се презива Стојанов/а ?

    :rofl:

    Мене ми е глупост :!:
     
  2. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    ^^ Еее јас сум токму таков случај! :D
    Јас и брат ми сме единствени во фамилијата што стрчат со презимињата. Јас и он носиме презиме кое е изведено од името на дедо ми , таткото на татко ми. :) Дедо ми има малку невообичаено име па такво ни е презимето, уникатно ! Пред некој ден пишав и на темата за колку пати ни го има името и презимето дека моето презиме во женска форма го има помалку од 5 пати во земјава што многу ме радува. :) Се надевам дека само јас сум со тоа презиме.. :$ Како помала го мразев презимето и си велев зошто да бидам изрод, не ми се допаѓаше тоа кога морав да им објаснувам на сите што како и зашто но сега се радувам што ми го дале тоа презиме бидејќи обожавам ретки и невообичаени имиња и презимиња. :) Се гордеам со него ! :)
    Му благодарам многу на дедичко ! ^^
    И сметам дека ова е сосема во ред доколку се сложуваат и родителите на детето. :)
     
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Токму така Anouk и мене ми е глупаво. Ама ете :lol: Да напоменам дека жената е од твојот крај, без да се навредиш те молам, не ми е тоа намерата воопшто, само онака да споменам :lol:

    Mорти27 да е некое уникатно како твоето, ај и така и така. И јас сакам ретки имиња и презимиња. Ама често е, верувај. Плус не ми звучи убаво :D Ајде да подновиш име, некое слично, или прва буква иста, ќе се сложам со тоа. Ама презимето, јок :lol: Лично познавам луѓе кои направија така, детето носеше презиме на дедо му, различно од тоа на родителите. Дојде ред да одат за Америка - им правеа проблеми за презимето, не било исто, детето не било нивно :fubar: Видоа, не видоа, го сменија презимето на детето. Сега го носи нивното презиме. Вака па ич не оди :)
     
  4. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    ^^ Ех сеа немој вака да ме плашиш.. :P
    Мене до сега не ми правеле некој ваков проблем дека не сум дете на моите родители и слично (а требаше и јас да одам во Австралија ).. Освен што порано се наоѓаа некои да ме прашаат дали сум посвоена.. :D
    Иначе штом е така во твојот случај ќе си го кажеш твоето мислење на време и ќе си разговараш со идниот сопруг на време за да нема кавги после. :)
     
  5. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Ма воопшто не се вреѓам Нати, знам јас многу такви овде со подновени презимиња :D

    Воопшто глупост ми е да се поднови името. Ма и зборот ми е глуп - поднови |(

    Жити се, и што ако детето го носи името на дедо му или баба му woooww :o
    Ама ајде. Мајка ми не го носи името на нејзината баба, а тоа плус пред колку години е, ниту пак јас, а не па моите деца.

    А за презимето е уште поголема глупост. Да сфатам на пример да се договориме со сопругот детето да ги носи двете презимиња моето и неговото, ајде де, ама да се презива по име нечие.... :x
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Епа искрено тоа и ме изнервира :D кога ми го рече тоа (и тоа дирекно на мене, не на синот нејзин ејј, се мислам дали оваа на време води политики :lol: ), а кога ја прашав зошто, ми одговори - за да се знаат чии се децата. Па ало бре жено, на син ти се или на маж ти? Зошто ти не си ставила презиме по свекор ти, ако веќе сакаш така да се прави :lol: Пишав и во темата Однос снаа свекор... како се однесуваше маж и со мене, и секако дека ќе подразмислам утре ден дали заслужува да му се укаже таква чест. Ако не сум снаа таму, ама подобро уште сега да ги согледам работите какви се, и од ден на ден и ги согледувам полека полека.

    Не дека уште сега ќе се замарам јас со нив како ќе ми се викаат децата или кое презиме ќе го носат, дури не знам ни дали тој ќе биде татко на моите деца. Не знаеме што ни носи животот. Ете така ми дојде, сакав да пишам тука, да слушнам ваши мислења. Сепак, на форумов има различни генерации и различни мислења.
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.396
    ^^^ не е тоа ништо ново со земање на името на дедото и правење на презиме, тоа е и до некаде стара традиција само незнам од кој крај. На пр после втората или третата генерација се менува презимето, ако дедото бил петре сега внуците ќе се презиваат петревски на пример а родителите со сосема поразлично презиме си се на пример трајковски. Мене ми е глупо тоа менување на презимиња а воглавно и никогаш не сум била поборник за правата на задржување на презимињата во брак. Па и јас без размислување и без воопшто никаков разговор за превземање на презиме си одлучив дека ќе си го земам на маж ми.
     
    На violina12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Јас моето презиме си го задржав и го додадов на сопругот-фала богу убаво презиме има така да цело име и презиме баш ми е она-УМЕТНИЧКО :lol: :lol: ;)
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.006
    Допаѓања:
    123.785
    Баш така,а ете тоа е најнов тренд |(
    Јас сакам детето да има исто презиме со мене и сопругот.Па фамилија сме,или што :^)
    Ќе се делиме сите со различни презимиња,па да не може крајот да се фати кој чиј е :lol: Мислам која глупост :^)
    Имавме случај во фамилија,каде дедото кој патем се викаше Страшо страшно се налути,па мораа да му стават ново презиме на детето-Страшевски и ајдеее овој жив радосен |(

    Кој се лути нека му стои :lol:
     
  10. violina12

    violina12 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Сакав да го задржам моето презиме но мојот сопруг не го сакаше тоа .Неговото мислење не ми беше важно.Во целта ситуација се замеша татко ми кој најмногу го ценам и почитувам и решив да го послушам него иако малку налутена и навредена.Денес со гордост го користам моето ново презиме и сите се навикнаа на ова презиме можеби што моето име и ново презиме се многу ретки а да не претерам и единствени во ваква комбинација.
     
  11. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Комплетно се препознавам во кажанаво. Меѓутоа како коментар би додала дека ипак машките не го разбираат ова. За нив е само, Зошто де Зошто не го зимаш моето презиме? И многу нормално љутење. :D Меѓутоа, ова болдираното и закосеното, :D

    "Не е работата дали имам брат за да ми го продолжи мислењето, работата е како јас се осеќам и што јас мислам за тоа да се смени презимето. Сум се родила, сум учела, сум паѓала и пак сум се издигнувала, сум завршила основно, средно, па еве уште некој месец и ќе дипломирам. Сите мои признанија, сите дипломи, сите мои успеси го носат моето презиме. Моето, а не неговото. Тоа е дел од мене, дел од мојот идентитет."

    е зошто јас би го задржала своето презиме во брак. :)
     
    На Vetruska, Anouk и Nati.P им се допаѓа ова.
  12. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Ај едно прашање можеби е глупо ама ај :) Доколку го земам само неговото презиме без задржување и на моето како докажувам дека дипломите и уверенијата што ги имам се мои бидејќи ми се водат со моето презиме? А л.карта, пасош се ќе ми биде со неговото презиме
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    ^ Си имаш венчаница каде ти го пишува моминското презиме. ;)
     
    На sonce10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Значи си вадам венчаница и си ја носам ко придружен документ :D доказ :)
     
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Не си ја вадиш,туку ти ја даваат во матично на денот на регистрацијата.....и после со венчаницата и со лк на маж ти си вадиш нова лк,возачка со ново презиме
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Можеш и со Извод од матична книга на родени - следниот што ќе го извадиш после потпишувањето на бракот ќе ти биде со новото презиме + старото како инфо.
     
    На sonce10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Јас, како тазе верена, се почесто размислував на оваа тема. Си го сакам моето презиме, не дека не го сакам, и мене дипломите ми се водат на него и имам кариера каде што секаде сум заведена со моето презиме, ама сепак одлучив да го земам само неговото. Сега оформувам свое семејство и сакам да го носам истото презиме со членовите на МОЕТО СЕМЕЈСТВО. Не ми е битно кое ќе биде, битно ми е јас со сопругот и децата (кога ќе ги имаме) да бидеме едно семејство со едно презиме.
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Јас го земав презимето на сопругот од причина што сакам се да ни биде заеднично па дури и презимето.Искрено не сум со оние размислувања дека ми се губи идентитетот, доколку прифатам туѓо презиме. Тие коментари ми се смешни. Тоа според мене не игра никаква улога. Јас сум таа личност без разлика дека до вчера сум се презивала со едно, а денес со друго презиме.
     
  19. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Јас ќе си го сменам. Цел живот викав дека ќе го задржам, и сега кога дојде време да се каже, на матичарката и реков дека ќе го земам неговото. Иако моето е уникатно, и неговото е. Сестра ми, зошто нејзиниот иден сопруг има многу вообичаено и често презиме, реши да си го додаде на моминското. Ако го смениш презимето не значи дека се менуваш себеси.
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    да ама колку што знам на сите документи и дипломи си го пишува матичниот број а матичниот не се менува така да нема потреба од никакви докази ќе ги споредат документите и дипломите кога ќе видат ист матичен број тоа е тоа.