Презимиња за во брак

Дискусија во 'Свадба' започната од doktorka-an, 14 мај 2010.

  1. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Моето, а потоа и ќе го додадам неговото. Зошто ? Затоа што неможам да кажам кога ''планирам'' да се омажам, но еве да кажеме отприлика од 24 до кај 28/9. Кога со него ќе поминам толкав дел од животот, е тогаш ќе може да го имам само неговото. За мене таа огромна промена е непочитување кон мојата личност. Немојте да се навредите оние кои го имаат променето, ова е само мое мислење кое можеби ќе се смени.
     
  2. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.666
    Пол:
    Женски
    Најнов тренд во земањето на презиме е навистина да го земеш неговото значи ако неговото презиме на пример е Трајковски и ти се презиваш Трајковски а не Трајковска :rofl:
     
  3. Peperutche7

    Peperutche7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    23
    Јас сакам да си го задржм моето и ќе го додадам неговото, одсекогаш вака сум сакала моето е подолго неговото е кратко интересно и така баш лепо ми звучи :)
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.465
    Допаѓања:
    37.695
    Пол:
    Женски
    Јас го земав презимето од сопругот. Сакав на моето презиме да го додадам неговото, ама сопругот ми се закани дека ќе не остави мене и детето. Не беше проблем за мене, туку заради детето. Така што, сега го носам неговото презиме, ама планирам во иднина да го сменам. А тој нека се лути колку сака.
     
  5. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Jaс сакам да го задржам моето презиме и да го земам неговото во оргинална форма, со -ски :)

    А дали ќе дозволи, незнам. Мислам, може тој да си се буни ама мое право е тоа :)
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.465
    Допаѓања:
    37.695
    Пол:
    Женски
    Ако се буни, откачи го. Ќе си најдеш друг. И јас ќе го откачев мојот, ама бев бремена. Не знам зошто мажите се бунат за презимето на девојката. Ако ја сакаат, не треба да им биде важно како таа ќе се презива.
     
  7. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    50
    Советов ти е ептен добар,морам да признаам.Како можеш туку така да речеш ОТКАЧИ ГО ? Па тие не одат од вчера па дошло сеа до свадба и ако сака добро ако не откачи го.За да дојде мигот до свадбата тие поминале низ многу моменти добри,лоши,но останале заедно и сеа за едно ебано презиме да го откачи така ? Блезесити на паметот.
     
    На Hipica и irena.1 им се допаѓа ова.
  8. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    50
    И уште нешто...Ти можеш да го кажеш твоето мислење на мажот,но сепак ако тој не сака нема така да биде или да ти ќе го откачиш за да не биде ни така. Сепак влегуваш во друга куќа и треба да се прилагодиш на нивниот начин на живеење.Нели ако сепак го сакаш дечкото не треба да ти биде важно како ќе се презиваш така ? Како што и ти сама ни кажа,ама само што ти ја гледаш едната страна(страната на девојката),а каде е страната на мажот ? Ако ти значи нешто,ако го сакаш нема да ти претставува проблем тоа ни малце.
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    SummerGirl не давај совети кои ти сама не си ги испочитувала, не е во ред. Се дава пример со своите дела."откачи го, ќе си најдеш друг" е коментар кој ќе го земевме во предвид доколку ти го откачеше твојот партнер, затоа што си била во иста ситуација. Па што маж е тој бе што се заканува да те остави и ако си бремена, само поради презиме. Тој бебето или презимето си го сака повеќе?
    Стапувањето во брак и се што доаѓа со него, па и прашањето за презимето, е на доброволна основа и партнерите се рамноправни пред законот. Се може да се реши со доовор и компромис.
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    5.404
    пред се за мислењата треба да се разговара уште доколку сте дечко и девојка, а не кога сте пред свршен чин. Ете мене ми беше важно венчавањето во црква и тоа мојот дечко го знаеше и колку да се противеше против црква ако нели сакаше да биде со мене, требаше да го прифати тоа. Разговаравме му објаснив дека е тоа убав чин и ете се сложи ние продолживме да си одиме и нели сега сме си во брак. Така да и со презимињата доколку имате некое друго мислење поразлично од ,,традиционалното,, подобро изјаснете се на време, се подоцна ви е веќе касно.
     
    На Hipica, midnight.flower и Cence им се допаѓа ова.
  11. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Јас во матично се изјаснив, кога закажувавме термин дека ќе си го задржам своето и додадам неговото во женска форма (правилно во македонскиот јазик). Регистрацијата допрва ќе следува..
    Е зошто:
    1. воопшто никогаш не бев размислувала што би правела со презимето кога евентуално би дошло до венчавка, ама верувајте ми најискрено никогаш ни како пубертетлика. Е кога дојде тоа да си го одлучам, либето не се изјасни како милува, а директно беше прашан два пати. Првиот пат кусо се изјасни, јас да си одлучам и на тоа заврши целата конверзација. Вториот пат во една поинтимна ситуација и расположение пак го прашам, овојпат од околу, разгледувајќи ги сите алтернативи.. Он НОРМАЛНО не се изјасни, дипломатски и тактизирајќи како и за се друго. Епа знаете ако нему му е сеедно.. А навистина да му беше битно, не би правела драма за една таква работа, и ако тоа не ми беше присилно наметнато (тогаш од инат ќе правев обратно), ќе го земев само неговото.
    2. во цел период на подготовкиве за нашата свадба, он си бркаше негови обврски, и дури ако се подналутев ќе преземеше некоја обврска и ќе ја завршеше набрзинка како-така само да му се откачи. Да не мораше немаше да дојде да закажеме заедно во матично. Јас прашував, одев пешки и .. Епа ако одам сама да прашувам по матична, како да едвај чекам и со нож да те терам да се земеме, епа тогаш од лутина одлучив дека како за казна негова да си го оставам и моето презиме а он тоа го дозна кога се изјаснив пред матичарот. Епа знам како дете, ама знаете секој очекува мажот да биде маж. Јас барем тоа го сакам, зошто знам дека можам се сама, ама ете убаво е некогаш да се биде и нечија прицензичка нежна и заштитена.
    3. Значи кога сфатив дека никој нема да ме сака како моите родители, ако се појави некој таков некогаш, секако ќе го земам само неговото презиме. А имам единствено презиме во Мк, и моето презиме и име не ги носи никој друг.
    4. И се ама се што досега сум постигнала, не е многу ама и не е малку, па и моите години 35 - пола живот не се малку, сум го постигнала под моето родено презиме.

    И еве искрено да ми покажеше дека му значи како ќе се презивам, да ми покажеше дека ме сака барем 15% како мајка ми, немаше ни минута да се мислам, ќе го земев само неговото презиме па и да е најнеугледното и најгрдото на цел свет. И тоа со големо задоволство и нетрпеливост како права пубертетлика. Ете размазенка ќе речете.. Можеби..
     
    На vickyy90, rici.aaaaa и midnight.flower им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.465
    Допаѓања:
    37.695
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто мојот пост толку ви пречи. Јас си го искажав моето мислење и не осудив никого. Што се однесува до мене, да не бев бремена сигурно ќе го оставев маж ми. Сфатив дека на него му е важно презимето, отколку јас и детето. Се беше во ред пред тоа, ама кога дојде ред да закажуваме во матично си го покажа вистинското лице. Проблемот беше заради детето. Жално ќе биде ако моето дете расте без татко. Сега ме фати инает и ќе си го вратам моето презиме, а ќе го отфрлам неговото.

    Знаете ли колку пари е потврдата од суд дека личноста не е осудувана за кривично дело?
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.465
    Допаѓања:
    37.695
    Пол:
    Женски
    Е па неможе да биде како што сака тој. За многу работи му го направив ќејфот, па уште и за презимето. Требаше тој да биде фер и да ми ја исполни таа желба. Ама ништо не ме чуди со оглед на тоа од каква фамилија потекнува. Мора да направи како што ќе му кажат или ќе си има проблеми со нив. Потпаѓа под нивно влијание.
     
  14. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    50
    Јас сакам да го земам неговото презиме.Сепак заминувам од мојата куќа се мажам за него и јас ќе бидам од неговата фамилија.
     
  15. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Јас си го задржав своето презиме. Си останав со моето име и презиме, ја променив само адресата во личната карта :)
     
    На law му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.465
    Допаѓања:
    37.695
    Пол:
    Женски
    Џабе што го земав презимето од сопругот, кога ми стои само во документи. Секаде каде што треба да ми пополнат документи, ми го пишуваат моминското презиме. Ми се смачи постојано да им ја исправуавм грешката. Требаше да си задржам само моето презиме. :devil:
     
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Решена сум мое презиме да задржам,без разлика кој што би рекол.Дали ќе додадам нечие до моето уште незнам.Ама од моето не се откажувам.
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Јас па во врска со ова прашање сум решена дека моето презиме нема да го задржам, само презимето на маж ми.
    Порано бев решена дека ќе го задржам моето ама со тек на годините го променив мислењето. Кога размислувам за одредена ситуација секогаш ја разгледувам позитивната страна од одлуката. Јас лично не гледам дека нешто ќе постигнам ако си го оставам презимето. Колку и да размислувам никаква позитивна па и негативна работа нема. Единствено што потписот ќе ми биде подолг. Нит имам некое презиме што е звучно, нит може нешто плус да ми донесе во животот, незнам... А и не ги разбирам тие размислувања дека ете звучното презиме нешто ќе ми помогне во животот, па немора моето да го задржам можам било кое звучно презиме да го ставам и што, јас ако чекам од презимето во животот отиде работава. :D Ова искрено, без навреда, ми е глупост, незнам колку фамилии РЕАЛНО во Македонија би можеле да се пофалат со звучно презиме, ајде нив некако да ги разберам ама другиве? Видела жабата го потковуваат коњот па дигнала и таа ногата, баш таква ми е работава. Или ќе копираме од модерниве земји.

    Си сакам со маж ми и моето семејство што ќе си го имам да си имаме едно презиме, несакам ја да се двојам од моите деца или од маж ми затоа што мене така ми текнало, си сакам да си бидеме едно во се. Штознам некако глупо би ми било мајка ми сега да имала две презимиња. А уште па поглупаво ми е и на децата кога им го наметнуваат тоа. Мајката сакала две па и на децата двете ќе им ги тупнат.

    Во секој случај јас лично ќе си имам едно презиме. За тие што имаат некаква причина па оставаат две ајде ќе сфатам, сепак се има некаква причина ама тие што од мода така сакаат ми е глупост. И да, да се надополнам презимето во женска форма, во никој случај нема да биде во машка. Прво не е правописно, второ не се наоѓаме во Германија па да изведуваме нешто, ова е Македонија и се знае дека кај нас има машки, женски и среден род.
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.773
    Допаѓања:
    14.287
    Пол:
    Женски
    Пред две години пишував на темава заради кои причини сакам да имам две презимиња.
    Во меѓувреме имам правено муабет на темава со дечкото, неговиот одговор беше:
    "Ти како сакаш, ама децата се знае чиво презиме ќе имаат." :)
    И онака не би ставила две презимиња на детето. :D
    Така да тоа веќе ми е решено. 8)
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.465
    Допаѓања:
    37.695
    Пол:
    Женски
    Темава е многу дискутабилна. Ретки се оние мажи на кои што не им пречи како ќе се презива жената. На мене ми е многу криво што не си го задржав и моето презиме. Планирам да си го вратам, ама немам време да отидам до МВР. Една моја другарка планира свадба со дечкото, ама наредната година. Тој уште сега и вели - ако задржиш и твоето презиме, нема да се венчаме. Колку само бракови не се склучиле заради проблемот со презимето.