Јас ќе го земам неговото, тој самиот ме праша што сакам, да си го задржам моето или неговото... јас бев решена уште пред да ме праша дека го сакам неговото презиме затоа што сакам да имаме исто презиме од кога ке стапиме во брак.
Сама ќе си се цитирам. ваква бев кога си го прочитав мислењето, кај ми бил паметот кога сум го пишала ова не знам стварно. Но знам дека здравје боже кога ќе дојде тој ден ЌЕ СИ ГО ЗАДРЖАМ моето презиме, и ќе го додадам неговото. Па ако треба и пола саат ќе се потпишувам. А децата ќе си го носат презимето на муж ми.
Ќе го задржам моето и ќе го додадам неговотоНека ми остане нешто спомен од младоста па макар тоа било и моминското презиме
Не е работата дека терам некаков инат,тоа е мое лично право,и така мислам дека е најдобро за мене.На таков начин ќе го испочитувам и моето семејство,и гордо ќе си го носам досегашното презиме. Дечко ми никогаш не ми сугерирал за такво нешто,или пак пробал да ме натера,или пак забрани. Тоа е мој избор. На крајот на краиштата,битно е да ти е убаво во бракот,и во заедничкиот живот.Презимето,дали ќе биде неговото или старото мое,е најмалку битно според мене
Јас си го земав од мм презимето, бидејќи ако на моето го додадев неговото ќе звучеше никако. Бидејќи мм по потекло е од Хрватска и презимето му завршува на ИЌ, а моминското ми завршува на СКА, некако не ми звучеше убаво, па си го земав од мм и убаво ми е.
Јас сум последна во семејството што го носи презимето, така да ќе си го задржам и воопшто не размислувам околу тоа. Без разлика дали самиот чин ќе се случи со сегашниот дечко или на сцена ќе настапи некој нов (никогаш не знаеш што ти носи животот) моето мислење останува. Мерак ми е ете, а знам дека ќе му биде и на татко ми чест. Децата ќе го носат само презимето од мажот.
Дефинитивно си го сакам моето презиме плус неговото. Па и како што ке одам на општа медицина(дај боже да си завршам со убаво со арно) и како па после Др.Вестлајф х у.. Немора да значи дека доктор,туку навистина е убаво да си го земеш моминското презиме,спомен од моминството Можи глупо звучи но е еден вид оружје презимето!
името,презимето се мање битни..тие не ве прават личности туку самите вие како ќе се изградите.. . може да се презиваш како сакаш ама кога ќе ве погледнат знаат за која личност станува збор по глесините што ве бијат-на пример. ете со тоа да се презиваш во машки род било за да не ти прават проблеми за во странство кога ќе одиш а би сакала да стои моето презиме + неговото... секако со моето презиме се моите дипломи,признанија итн. но ќе си носам придружен документ-доказ хаха дека така и така сум се презивала
сакав неговото па моето на крај, но кога отидовме да кажеме како ќе биде, го запишав само неговото. Многумина беа изненадени, а бога ми и маж ми
Невесто кое презиме ќе го земете? На моето ќе го додадам неговото Што да правам кога сум слаба на молбите на дедо ми, ме замоли искрено да го задржам моминското презиме, додека е жив да не изгине презимето на дедо му Ристо Во срце ме погоди кога ме замоли на погребот на баба ми, не можев да не му угодам Од кај знам може во некоја оставинска постапка и ќе ми биде од корист
На моето ќе си го додада моето,тој ми кажа јас како што сакам и така ќе биде.Сепак сакам да ми остане како спомен од моите презимето и цел живот да го носам тоа презиме .
Моите исто така сакаат да го задржам моето. Но овој мојов ми нагласуе уште пред време само неговото. Искрено? Мене апсолутно ништо не ми мења тоа, може само од инат ако ме изнервира да ги ставам двете (пошто глуми традиционален а уопште не е такво нешто).
Сакам само моето да го задржам или ако ептен ме напнува да го ставам и неговото а само неговото да го земам нема шанси
Се јави митаџијава, знаев дека има нешто штом го задржуваш и твоето. Јас после мнооогу мислење се решив да го земам неговото, без да го задржам моето, а цел живот викав дека ќе си го задржам. Некако многу долго ми се виде.
Јас сеуште се мислам решена бев да го задржам моето и да го земам неговото во оригинал , но ептен долго ми се гледа, долго име, презиме и уште едно долго презиме Ама па многу убаво звучи имам време уште некој месец ќе си мислам уште до тогаш