Јас го земав неговото презиме! Овде тешко дека некој ке знае убаво да го изговори , и при пишување би правеле грешки така да подобро беше да го земам само неговото !
Го земав неговото. Иако претходно спомнував на моето да го додадам неговото, и сите тоа го очекуваа. Ама ете, така испадна...
Штом сакаш да го задржиш и твоето презиме, направи го тоа. На мене ми е многу криво што не си го задржав и моето презиме. И кај мене ќе беше истата ситуација ако го задржев и моето презиме. Потписот ќе ми содржеше 28 букви.
Прво се мислев да си го задржам моето, ама ми се виде многу долго и после си реков ај само неговото...и не згрешив
И јас се мислев да го задржам моето и да го додадам неговото, но во последен миг се премислив и го земав само неговото
Јас сеуште си стојам на ставот дека ќе си го задржам моето и плус неговото ќе го земам, можеби ова мое мислење ќе се промени во иднина не велам не. Мене ми е чудно како мајка ми не си го задржала нејзиното моминско презиме кое е единствено во Македонија, а и пошироко. Ајде да не претерам, ама во светот..можеби на една рака се бројат семејствата со тоа презиме.
Мислам дека имаш опција да го земеш моминското на мајка ти, не е некоја процедура, ако толку сакаш да го задржиш, мислам дека и на мајка ти ќе и биде мило
Со оглед на тоа што си го сакам презимето од татко ми, иако не е толку ретко (не е ни премногу често, а и тој е починат), никогаш не би го заменила моето презиме, па дури ни за тоа на мајка ми. Имам братучеди и внуци кои ќе го носат презимето на мајка ми уште долго, за разлика од моето...јас го носам последна, така да... Сакав само да кажам дека за толку ретко презиме и со тоа што татко ми не и правел проблем, навистина ми е чудно зошто не си го задржала, а си го сака премногу.
Јас ќе го земам неговото презиме без да го задржувам моето од причина што моите деца секако ќе го носат неговото презиме. Убаво ми звучи моето име со неговото презиме
Jaс одлучив да го задржам моето презиме и на моето да го додадам неговото во оргинална форма. Иако маж ми малку се противеше, сега се е океј
Искрено јас сеуште не можам да се навикнам на новото презиме....лелеее како друг човек се осеќам кога ќе го речам полното име/презиме-ново
^ Мене ми требаше околоу една година да се навикнам . Работите ми беа уште поотежнати затоа што на работа не ми беше сменет ни потписот ни името, а потпишував исплати, и пред секое потпишување се преиспитував кое ми е старо, кое ново и како треба да се потпишам А сега пред некој месец најдов документи со моминското презиме и сега тоа ми е многу чудно, како да се работи за енокј друг. Се е навика, само треба време да се стекене
Јас сум дефинитивно за земање презимето од мажот. Можеби е старомоден начин на размислување, но едноставно би ми било глупаво од моите најсакани со кои ќе живеам (мажот и децата се разбира), да имам различно презиме. А две презимиња, исто така ми е глупаво и непотребно. А пак јас, за цела среќа и огромна случајност, се презивам исто како мојот партнер.
Кога размислувам за земање на презимето од мажот без да се остави своето,имам чувство како да ќе ја снема таа личност која сум била до тој ден.Како да се избрише,да не постоела,и сега е некоја сосема друга. Незнам зошто така,но јас би сакала да си го задржам презимето од причина што не е воопшто често,и ми се допаѓа моето презиме.
Јас би го зела неговото. Не ми менува нешто многу дали ќе го оставам моето плус или не. И гледам некој претходно зборувале за ,,неговото презиме во оригинал". Девојки, нема оригинал и не оригинал туку машка и женска форма на презимето. Мислам дека овој, да го наречам ,,тренд" што се појави во последно девојките да земаат презимиња со машка форма е крајно глупав и не води никаде. Едноставно отсекогаш во Македонија машките презимиња завршувале на -ски -ов -ев, а женските на -ска -ова -ева, не знам што им текна сега да прават сосема излишни измени на ова. Мене лично воопшто не ми се допаѓа.
Ќе го земам презимето од вереникот, бидејќи не сум љубител на 2 презимиња (да неможам да се потпишам ). А да го задржам моето некако стварно ми е глупо да бидеме со различни презимиња. И секако презимето ќе ми завршува на -А
Јас го земав неговото и за мене така е исправно сите членови од семејството(јас,тој и децата)да имаат исто презиме.Нашето презиме нема женска и машка форма туку и двајцата(сега тројцата) се презиваме исто до буква.