Јас сакам да го задржам моето и да го додадам неговото, бидејќи имам ретко презиме кое е единствено во градот во кој живеам. А и премногу си го сакам презимето... Па што и како ќе биде ќе видиме, ќе му ја мислам кога ќе дојде време за тоа, да не зборувам сега напразно.
Мажите што се бунат за презимето на жената, се себични. Во стилот - ако го задржиш и твоето презиме, не ме почитуваш мене и мојата фамилија. Секоја чест за оние мажи што не се замараат со оваа тема.
Јас си го задржав моето и го додадов неговото. Моето зашто многу си го сакам и 20 и кусур години сум била една личност и сега со мажење само со неговото како да сум друга, а неговото го земав од почит кон него. Иднот сопруг немаше никаков проблем со тоа. Мојот став околу презимињата си го кажав уште на почеток на врската и го почитуваше.
Сакам да го задржам моето презиме и да го додадам неговото, се разбира граматички точно-да завршува на -ска. Не ми е важно дали е големо или мало за потпис, дали е поубаво, позвучно... Е сега, тоа што сме традиционално општество, со малку конзервативни сваќања е нешто сосем друго. Да ми беше животна желба и најголемо достигнување во животот стапувањето во брак и да се мажев на 16-17-18 години Ок, може и ќе прифатев ново презиме, ама 30тина години сум го носела моминското презиме и за тоа време колку-толку сум постигнала во животот и не сакам да го отфрлам бидејќи се гордеам за се што сум постигнала носејќи го. Ако некој има право на избор и ако го прашуваат лично него: „Дали сакаш.....“, значи дека изборот е негов.
да ви кажам девојки читам и се чудам ич не сум размислувла на оваа тема дипломите да ми стојат со тоа име ама знаењето е во мене и способностите не во презимето башка ич не користам презиме јас сите ми се чудат и скоро никој не знае како се презивам АКО и само АКО некад се омажам не се замарам ке прашам а може без презиме да сум хахаххха и само име штрак на тоа хаххххха шала на страна ако некад се мажам ке го земам неговото и така не ми игра улога ама ми мириса дека цел живот ке си бидам сама и со моено презиме хахаха
Јас отсекогаш викав дека ќе си го задржам моето презиме и ќе го додадам неговото. Ептен ми се допаѓа како звучи. Ама кога дојде време да се закажува во матично се премислив, во последен момент. На мм му беше сеедно.Немаше да се лути како и да одчучам. И таа не праша, јас и ги кажав двете презимиња.Си завршивме работи и тргнавме да си одиме. Таман пред врата стигнавме си викам, вистина, јас сум се што сум како сума од искуствата како личноста со тоа презиме, ама сега почнувам нова етапа од животот. Ново семејство. Зошто да не биде со ново презиме, која е разликата? А и сакав да му покоажам почит на идниот сопруг. И се вратив. Ги изненадив сите, брат ми се чудеше ама воопшто не се покајав.
И јас би сакала да си го задржам коа ке дојде време за тоа. Шознам, колку за потсетување секогаш да си бидам своја и ничија друга.
Немам ништо против преземање на презимето на сопругот , ниту пак против задржување на сопственото презиме моминското и додавење или недодавање на презимето на сопругот. Ама имам МНОГУ ПРОТИВ преземање на презимето на сопругот ама во МАШКА ФОРМА. Иронично е да имаш презиме во машка форма, а да се сметаш себеси за феминистка и еманципирана жена и да бараш еднаквост со сопругот. Исто така уште помалку да се наречиш македонка или патриот кога во сопствениот назив идентитет не го почитуваш македнскиот јазик и неговата граматика, како и традиција. Нашите презимиња посебно во западниот дел на Македонија се наше облежје како народ и со кое право вие си земате да го уништувате преку себе и вашите идни генерации. Посебно нагласив во западниот бидејќи во поголем процент таму савршуваат презимињата на -ски,-ска, -вски, -вска, за разлика од тие во источниот кои завршуваат на -ова, -ов како кај бугарите или под влијание на бугарите.
^ Како прво јас лично не ни сакам да сум ФЕМИНИСТКА а како второ од каде тоа еманципирана жена има некаква доприрна точка со презимето? Мене ми нема никаква,очигледно не го знаеш правилното значење на називот еманципирана жена. Како трето зошто би ме правело мене помала македонка од тебе доколку го земам презимето на сопругот во машка форма? Не го почитувам јазикот и традицијата на Македонија ако се презивам со ''и'',немало да бидам патриот Многу забегувате во темиве тоа приметив,значи какви длабоки анализи правите тоа чудо едно,од мува слон правите.
While on the subject... За дваесетина години ќерките ако го продолжат трендов (пошто лично како тренд го гледам - нова мода (како некоја до вчера не се презиваше ПеткоВ, ТрајкоВ или ако имаше беа 1,3% од популацијата)), наместо Петкана Трајковска - Стојановска, ќе ви се презива Станка Трајков Митков just sayin'... (зборам за оние со две презимиња нели )
Не туку Трајковски -Стојановски или како што кажа ЕмГрин Трајков Митков и автоматски полека полека си ги искоренуваме женските форми од презимињата си го сакатуваме јазикот како граматички така и во поглед на идентитет. Место да напредуваме во општество во кое владее еднаквост меѓу половите, ние се враќаме во некое патријахално општество, каде мажот имама статус над жената. Колку и да не е такво, како некој социолог или психолог би го сфатил феноменот жените се откажуваат од женската форма на презимињата и ја заземаат машката, газејќи и врз традицијата и граматиката и идентитетот на нивниот јазик. Дури и смешно е, всушност идните госпоѓи или тазе госпоѓите премногу буквално го сфатиле преземањето на презимето на партнерот. Овај тренд треба брзо да престане ,оваа мода ,оти и онака ни прават проблеми околу идентитетот, не треба ние со некои си западњачки моди сами си го осакатуваме. А ништо чудно ако им притребаат пари во државната каса како што ги сменаа имињата на улиците можеби ќе им текни со закон да ги принудат госпоѓиве да си ги сменат презимињата во женска форма. Затоа што јазикот ,традицијата, презимињата, фолклорот се наши чувари на традицијата и идентитетот,спомениците можеби ќе ги нема, но презимињата се пренесуваат преку идните генерации. Тоа сите го знаат затоа поробителите на нашиот народ прва работа што ја преземале за асимилација на народот била промена на презимињата во форма својствена за презимињата на нивниот народ. И можете да се буните колку сакате веќе мажените и останати кои ја поддржуваат оваа појава што како чума се шири кај младите, ама ќе има поголеми последици во иднина и секој мој аргумент е повалиден од вашиот. Еднствено можам да го разберам ако се венчани во друга држава па жената мора според нивните закони(бидејќи тие немаат машка и женска форма на презимињата) да има буквално(во машка форма) исто презиме со сопругот.
А јас од денот од кога сум родена што се презивам на ски не сум македонка? Ово е откритие на векот ако немаш женска форма на презимето не се македонка , сум била во заблуда 33 години, сигурно сум некоја марсовка. И колку за информација за сите што упорно тврдат дека ово е нова мода сите кои се родени надвор од Македонија со исључок на тие родени во бивша Југославија се со машка форма на презимето, како е презимето на таткото такво е презимето на детето, без обзир на полот. Инаку во контекст на темата на моето презиме кое завршува на ски а види за чудо не потекнуваат моите од западна Македонија, го додадов презимето на сопругот.
Самата кажуваш дека само тие кои биле родени надвор од Македонија имале исто презиме со таткото ,оти женската форма на презимето е карактеристична за македонскиот јазик, а не и во останатите земји. Ако немаш презиме на -ска или на -ва од раѓање не те прави помалку македонка од останатите ама не оди во прилог на граматиката, идентитетот и останати работи кои погоре ги објаснив. И не ми ги извртувајте зборовите оти сум многу сериозна и ако не вие вашите внуци ќе ги видат последиците на тоа за кое зборувам.
Муабетов нема врска со историја. Последниве неколку страни личат на учебник по историја од средно. Презимето си е дел од личното име на човекот. Име како име нема ама ни најмала врска со традицијата, фолклорот или идентитетот на јазикот. Има само врска со личниот идентитет. Името по кое ќе бидеш препознаена во поширокото општество. Толку. И моето презиме не завршува на ски, и далеку од тоа дека се осеќам како помалку македонка. Според мој впечаток модата почна пред некоја година и тоа преку ноќ. Перса го зема презимето од мажот во машка форма зашто полесно било за изговор и памтење надвор од Македонија, па комшика и Стојна да не остане покуса и она го направи истото и така почна да се шири целата оваа фрка. Муабетот ми е, целава работа се започна заради мода просто кажано. Ми се има случено да прашам 2-3ца познаници зашто токму така одлучиле и одговорот беше најпросто убаво ми звучи, ми се допаѓа. И сега што, фино за нејзе, и претходно некој напиша, не поџабе матичарот те прашува ТИ како си одлучила да се презиваш, не си обврзана за одредена наставка во презимето. Мене лично НЕ ми се допаѓа, и не би ја земала машката форма на презимето. Зашто? Затоа што не сакам, не ми звучи убаво и самата идеја ми нема некаква смисла. Башка никогаш не сум била помодарка Башка ако маж ми се презива на ИЌ, а македонец, нема ваљда србинка да станам преку ноќ. Не мешајте баби и жаби
Во ред тоа традиција, култура... До некаде се сложувам и јас со земањето на презимето на мажот во оригинална форма, значи исто, без додавање на наставки. Се сложувам затоа што ми се чини попрактично доколку во иднина ете на некој му се укаже шанса да замине од државава. Знаеме сите какви се процедурите. Мои блиски пред да отидат за САД мораа да го сменат презимето на детето, бидејќи се презиваше на дедото, различно од нивното презиме. Е сега, што е помодарство, е. Да не се лажеме. Во однос на тоа, не знам, а и не сум размислувала како ќе се презивам, дали ќе го земам презимето во оригиналот, или ќе додавам наставки. Се зависи од ситуациијата. Кога ќе дојде редот ќе размислувам и на оваа тема. Сега за сега знам дека моето ќе си го задржам
Јас сум традиционална, и го сакам македонскиот јазик. Затоа, ќе го земам презимето на мажот, и ќе се презивам со ска, или ва. Родителите и потеклото си ги сакам и доволно ги почитувам, но не мора да го носам тоа презиме.
Јас пред две недели си го променив моето презиме и си го земав од маж ми како што е и нормално според мене. Не подржувам додавање на презиме или промена во -ски тоа е нон сенс. Освен ако немаат моите дете кое ќе го продолжи презимето е тогаш би си го задржала моето + на маж ми ама со -ска.
Јас ќе го задржам моето презиме пред се од почит кон мојата лоза. Мене малку ми е сулудо тоа менување на презиме, со тоа се покажува потчинетост на жената под мажот. А како поткрепа ќе го кажам следново и ден денес се смета дека само ако имаш машко дете продолжува твојата лоза, додека женското е само привремено тука, што би рекла бабами женското е туѓа стреа. Јас неразбирам како тоа повеќе детето го поврзуваат со таткото отколку со мајката која го носи 9 месеци. Значи моето дете ќе биде наследник на лозата на мажот ми а не на мојата? Како тоа? Значи нема сила и љубов што ќе ме натера да го сменам моето презиме и со тоа да ги понижам моите родители. Јас неможам да бидам една особа до мажачка а потоа друга, ако некому тоа не му се допага тоа е негов проблем. Најголем компромис што доага во предвид е да го додадам неговото презиме. Инаку ова со преименувањето на иминјата во ски, наместо ска, е чисто помодарство и тотална глупост.