Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Презимиња за во брак

Дискусија во 'Свадба' започната од doktorka-an, 14 мај 2010.

  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Зошто се што не ви се допаѓа на вас го етикетирате со глупост? Многу ме интересира и сакам да ми објасните зошто е глупост ако на некој презимето му завршувало во маши род? ЗОШТО?
    Секое мислење што не се совпаѓа со вашето автоматски е глупост така?Сите со презиме кое завршува со ''И''се предатели на македонскиот народ и воедно глупави, да не беше волку смешно (без смисла и тотално никаква логика) ќе плачев.
    Помодарство било |( Право на избор луѓе,сте слушнале што значи тоа м? Слабо.
     
    На Umbrella22, anastasijaki, BellaS и 2 други им се допаѓа ова.
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    не знам зошто во последната деценија се зголеми бројот на невести кои го земаа презимето на нивниот сопруг, во машка форма, тоа е нивно право, НО,ај да се вратиме назад во времето:
    1.Дали моминските презимињата на нашите мајки од завршуваат на „ОВ“ или „СКИ“?
    2. Дали презимињата на нашите мајки по склучување на брак завршуваат на „ОВ“ или „СКИ“?
    3.Дали презимињата на нашите баби завршуваат на „ОВ“ или „СКИ“?

    Вакви случаи има ако се омажиш во странство за Македонец и кога ќе го прифатиш неговото презиме, нема да ја има женската форма.

    Мислам дека за овој тренд, реагираше и МПЦ пред некоја година.
    Но тоа е тоа, секој има право на избор.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Јас се имам искажано на оваа тема и нема да зборувам, ама па кога ќе слушнам, аууу како таа смеела (што и да се случило) или разни сугиестии што да прави ми е како да им брцате на другите луѓе во џеб и да им ги броите парите. Буквално.

    Дајте престанете еднаш засекогаш по некои чудни стереотипи да се осудувате и да се нагрдувате, кој како сака ќе си прави. Мене и тоа да ми е тотално глупаво, можам само јас да не го направам, ништо повеќе. Нит ќе кажам нешто, нит ќе ме интересира.
    За се' да се имало мислење и мешање. Ту.
     
  4. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Моето не завршува ни на ска, ни на ски, него на šić.
    Македонка - Македонец ама со Срби си имаме работа :)
     
  5. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    Најубаво е ако и двајцата имаат исти презимиња, (и пред бракот, т.е моминското презиме на девојката да е исто со она на момчето) па никој нема да размислува многу ;)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    36.781
    Пол:
    Женски
    Знам за два вакви случаи. Моминското презиме на моја соученичка од средно е исто со презимето на маж и.

    Моминското презиме на братучетка на моја другарка е исто со презимето на маж и. Само што нејзиното е со В, а неговото без В.
     
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.155
    Пол:
    Женски
    Бидна и ова :D Вчера бевме до матично да се направи записник , да се потпишеме и се по ред затоа што венчаницата ќе ни е изготвена однапред бидејќи матичарот ќе не венча во ресторан.

    Го задржав моето презиме и го зедов неговото во оригинал. Ептен убаво звучи :inlove:
     
  8. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Само ќе се надоврзам на муабетов со една реплика на мојот зет. Кога ја прашаа сестра ми како ќе се презива зетов изрично рече: Како сака нека се презива , само да не биде во машки род, се осеќам како пе**р, ко да сум се оженил со машко!!!
    И со право е човекот :D :D :D
     
    На Mishela, cresa-jagoda, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  9. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    ^
    Македонска работа,друго немам што да додадам |(
     
    На connie, andromedae и anastasijaki им се допаѓа ова.
  10. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Нормално македонска работа, во македонија сме :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  11. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    :x Уште што не прочитав по темава :D Како на пример дека на нас од источниот дел презимињата ни заврашуваат на -ов под влијание на Бугарите, а во западниот дел на -ски и тоа е чисто македонско :rofl:

    Океј ајде можеби е така :lol:

    Кај нас во Мк. уште што не е „помодарство“ па зошто да не и презимињата. Стварно не ми е јасен муабетов, кој како сака така ќе си го преземе презимето од мажот!
    Други пак беа нагласиле дека ако го земеше презимето во оргинална форма не си феминистка :rofl:
    Трети сметаат дека тоа е патријахално..... де бре луѓе ова сериозно ли го зборите?
    А ова па дека некогаш можеби и со закон ќе се донесе ние госпоѓите (така е наведено во коментарот) ,што имаме машка форма на презиме, да ги смениме презимињата во женска форма.......

    И ред други коментари...

    Јас го зедов презимето на маж ми во оргинална форма, бидејќи знаевме дека ќе живееме во странство и да не имаме подоцна непотребни проблеми. А плус и поубаво ми звучи така, што да правам по модата сум :rofl: :*
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Нема никакви проблеми во странство за презимињата, признајте едноставно дека ги земате презимињата во машки род од помодарство, ништо друго. Ви звучи името по фенси така,а мене искрено ми е уште еден од многуте глупави трендови со цел да се избега од македонштината и да се доближи до нешто со што нема допирни точки. Како покондурен сељак ќе му дојде работава.
     
    На Mishela, bumbi, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    А од каде си ти толку сигурна дека нема врска тоа со странство? Еве јас ти тврдам дека има врска и дека таму презимето на мажот и на жената заавршува исто,значи ти кажувам 100% точен извор.
    И што па го прави по фенси како што викаш ти ако е во машки род?Какво бре помодарство кога има жени на 50 и кусур год.со презиме во машки род најверојатно и они од помодарство,знаеш пред времето.Јас незнам дали ти се сметаш или не за покондурен сељак,а и лично не ме интересира само многу си некултурна со вакви ниски навреди,срамота е возрасна девојка ;)
     
  14. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Јас го додадов презимето на маж ми, не од помодарство туку отсекогаш сакав така.Законот вели дека сопружниците можат да ги задржат своите презимиња, едниот да го додаде или двајцата да се презиваат како мажот.
     
    На detektivka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Тоа си е твое право и одлука но нема потреба да гледаш на ова на тој начин бидејќи со тоа ти не ги понижуваш родителите или пак му се потчинуваш на мажот. Лоза, нелоза, секогаш било така и нема ти зошто да измислуваш топла вода. Ако детето го носи презимето на таткото не значи дека му припаѓа повеќе него, какво размислување еј. |( Според тебе што треба, мажот да се презива вака, жената така, и децата да си ги поделат кое чие презиме ќе носи според договор? А можеби детето кога ќе порасне нема да му се допаѓа презимето, па нека си стави ново, шо има везе. Кое семејство живее во куќана? Семејството Петковски и Мирковски со децата. Кои патем не знам кои од нив спрема кого се презиваше.... Ај да не должам, ќе сфатиш еден ден, нема да размислуваш исто, а ако не сфатиш мене па многу гајле ќе ми биде. ;)

    И он топик, јас не би сакала да имам две и кога веќе бирам секако дека би одбрала да се презивам како мажот, всушност од мала едвај чекав да си го сменам презимето и која иронија, најдов партнер со исто презиме како моето. :lol:
     
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    13.667
    Пол:
    Женски
    Не сум размислувала на темава додека не го прочитав мислењево, ама во право си. Мене не би ми текнало тоа, но вистина дека во странство тоа може да е проблем. Смешно ми е женско со презиме на -ски, ама мислам дека ова е оправдана причина и те поддржувам во одлуката. :)
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Јас го зедов презимето од мм. Ионака сите мака си мачат со моето име и одвај ми го изговараат, уште да им удрам дополнителен ремет и да го задржам презимето :rofl: Шала на страна, не го задржав презимето поради букви кои ги нема во латиничната азбука и треба да се транскрибираат.

    Не знам за која држава станува збор, меѓутоа во поголемиот број држави нема апсолутно никаков проблем доколку презимињата на сопружниците се разликуваат, особено за една буква. Нашиот јазик, како и некои други словенски јазици, има род и службениците знаат за што станува збор. На почетокот кога Македонија се осамостои тогаш имаше некои недоразбирања во одредени држави кога наши луѓе патуваа со новиот македонски пасош и требаа да се објаснуваат дека и нашиот јазик има родови. Ама тоа беше порано.
    Доколку имаше проблеми со презимиња со различен род тогаш Русите не требаа да мрднат од Русија :) Или Чесите. Или Бугарите. Или Иранците - каде жената си го задржува своето презиме а децата го земаат презимето на таткото.

    Нејсе, станува збор за тренд кој ете мене не ми се допаѓа и навистина не го разбирам неговото постоење и појава. Македонскиот јазик има родови и не ја гледам потребата од преземање на презиме во машки род. Што е следно, презиме во среден род? :lol:
    п.с. некои од постарите фамилии каде и жените се со презимиња на -ски имаа полско потекло во генеалогијата. И не, не се толку честа појава во Македонија.
     
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Постарите жени што се презиваат на -ски биле или родени или венчани надвор од Македонија, немаше ваква мода порано.
    Инаку, апсолутно нема никаков проблем кога се разликуваат презимињата на сопружниците во странство. Во Шпанија, Италија, Кина, Исланд (таму дури и брат и сестра имаат различно презиме), Иран, Шведска и ред други секогаш се задржува моминското презиме, Полска има женски род на презимето и тн.
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Се согласувам со тебе.
    Јас имам живеено и немажена и мажена во странство, поточно во западна Европа и никаде не правеле АПСОЛУТНО никаков проблем со презимето. Јас го земав презимето на мм во женска форма, во МК правевме регистрација и кога отидовме назад во странство, апсолутно немаше никаков проблем.
    Зошто и би го имало?
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Уште е рано, но би го земала презимето на дечко ми,некако ми се допаѓа како звичит со моето име :lol: