А од каде си ти толку сигурна дека нема врска тоа со странство? Еве јас ти тврдам дека има врска и дека таму презимето на мажот и на жената заавршува исто,значи ти кажувам 100% точен извор. И што па го прави по фенси како што викаш ти ако е во машки род?Какво бре помодарство кога има жени на 50 и кусур год.со презиме во машки род најверојатно и они од помодарство,знаеш пред времето.Јас незнам дали ти се сметаш или не за покондурен сељак,а и лично не ме интересира само многу си некултурна со вакви ниски навреди,срамота е возрасна девојка Тинкербел е во право има врска и тоа како јас го земав презимето на мазот ми и тоа во машки род од искуство ви казувам полесно е за да се добијат и да се направат документи ,вака те сметаат со разлиЧно презиме доколку остане на -ска. Инаку јас се венчав во словенија и таму нема за зенски и за машки род презиме туку за сите е исто.
Значи, ајде уште еднаш. Не, не прават проблеми во странство доколку презимето на сопружниците е во различен род. Треба да се пополни изјава и се потпишуваат некои документи дека обичајот во државата од каде што доаѓаш е таков и дека презимињата имаат родови. Значи малку ќе треба да се замарате со администрација и да се објаснувате со чичковци и тетки по шалтери и канцеларии, и то. А сите од искуство и примери зборуваме. Пред некој месец бевме кај братучетка ми на свадба во Австралија. И таа и зетко по потекло се од Македонија. Пред свадбата таа отиде и фино лепо си потпиша изјава и некои други документи и го зеде презимето на мажот и во женски род. И сега со нејзиниот сопруг имаат македонски презимиња кои завршуваат на -ска т.е. -ски. Значи се можело и не правеле проблем. Пример бр. 2 Лани бевме на свадба кај колега од факултет на мм кој е по потекло од Бугарија. И да, неговата сопруга има презиме кое завршува на -а. Кога оделе да закажуваат свадба и вадат дозвола за брак си кажале каков е обичајот и службениците не им направиле проблем. Е сега за Европа не знам како е. Ама со оглед на фактот дека имам пријатели Чеси и Руси по Западна Европа и сите до еден си имаат родови на презимињата, ќе да не прават и таму проблем.
Мене не ми дадоа опција за -ска во Словенија ме праШаа само дали ке го земам неговот или ке го задрзам своето,дури и кога го Читаа моето моминско презиме го Читаа со -ски без разлика Што пиШува -ска,и да во право си за повеке обаснување Што и како е затоа го зедов на -ски
Бидејќи сме модерна држава очекувам и некој иден зет да го земе презимето на идната невеста, па уште да сака да го задржи во оригинал, не знам дали ќе звучи трагично или смешно. На пр. Драган Костовска
Јас сум против презиме само на сопругот. Ама колку да се запази традицијата што останала на моето ќе го додадам неговото. Згора на се одсекогаш сум сакала да имам две имиња или презимиња. Но секој има право на свое мислење.
Жена со презиме во машки род е чисто од курчење. Се знаат правилата во македонскиот јазик, точно е одредено како се додаваат наставките. Ама пуста желба за перчење.. У последно време има само жени што си го задржуваат своето и жени како горенаведените. Ретко се наоѓа некоја што тера како што е правилно. И каква врска има бре презимето со феминизам или независноста или "20 години сум била една личност, сега ли ќе се менувам" или што ти ја знам. Демек сега ако го смениш веќе не си истата личност? Цепидлачење левел 100. Знам една фамилија кај што таткото е со своето презиме, мајката си го задржала нејзиното, едното дете е со презимето на таткото, а другото со презимето на мајката. Не дај Боже трето дете да имаат, ќе се кршат копја како да се презива. Дебилизам. А знам и една ситуација кај што мажот го зема презимето на жената. Човеков имаше крајно глупаво презиме и го зема на жената. И што сега, папучар е?
^ Абе бог да чува.... наречете ме старомодна ама јас си сакам да си се презивам како мажот. Ниту сакам две презимиња да носам (тоа ми е како докажување нешто со сила), ниту пак да имам различно презиме. Ете какви глупави ситуации има после како што наведе. Па едно семејство сме, зар различно да се презиваме.... Кога го сакам, сакам се негово. Зашто да не го носам неговото презиме?
Ова со презимињава ми е претерано небитна ствар од која се прави невидена галама и оди до толку големи размери непотребно. Дури прочитав и дека не се чувствувале како иста личност ако не си го задржеле своето. Мене лично тоа ми е глупост, без навреда. Јас сум тоа што сум, презимето нит ја прави мојата личност, нит ми го претставува карактерот, нит ми помогнало во моите успеси, нит па очекувам да ми помогне во понатамошните проблеми, препреки, желби. Штознам, од друга страна пак кога ќе размислам, ако веќе одиме до екстреми, еве според мене презимето ми е показател колку можете вистински да се одвоите од родителите и животот со нив и колку сте навистина спремни за брак и припојување кон само една заедница од маж и жена, а понатака и деца. Кога ќе се омажам тоа значи дека јас и маж ми градиме една, заедничка, наша иднина и навистина не би сакала да имам различно презиме од него. Ќе се чувствувам како да сум само со една нога во брак. Како бракот со него да го земам со резерва. Искрено, не би се чувствувала убаво денеска мајка ми после 22 години брак со татко ми да има различно презиме од сите нас дома, или пак да има две. Ние сме едно семејство и сакам да имаме едно презиме, наше презиме. Крај краева не мора да биде неговото, можеме сосема трето да ставиме ама да биде едно, единствено и наше. А тоа па ставање во машки род, ми ги надминува сите човечки глупости. Која е целта? Не разбирам. Не е воопшто правописно, нит па ми звучи убаво. Ми звучи фалично.
И јас останувам на тоа дека ако дојде до брак за неколку години со сегашниов, би го земала неговото презиме. Не гледам никакво понижување или д пауер оф феминизам у брак. Глупости се за мене тие работи.
Не сум мажена , но да си кажам свое мислење. Се согласувам со некои од феминките погоре што убаво имаа образложено. Тоа со презимињата е претеризам, поготово тие што го земаат во машки род, според мене, но секој си има право на свој избор. Утре кога ќе се мажам , јас ќе го земам неговото презиме со задоволство, тој ќе биде човекот што го сакам зашто да не го носам неговото презиме
Би сакала да го носам презимето на мажот ми. Затоа што понатаму ако имаме деца кое презиме ќе го носат? А сигурно дека не би сакала моите деца да имаат различно презиме од моето.
Македонски портал: Македоснките женски презимиња треба да завршуваат на А.....ајде ваши мислења:? http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/177017-Makedonskite-zenski-preziminja-treba-da-zavrsuvaat-na-A
Еве денес прв пат прочитав тука дека ако го земеш презимето на мажот си му се потчинувала. Жално е како оваа постапка од нешто преубаво, од симбол на љубов, верност, гордост да бидеш нечија сопруга и мајка на вашите деца прерасна во нешто што е понижувачко за една жена. Нејсе секој си има свое сваќање за истото. Најголем дел од оние што се праат фраерки со вакви изјави се понижувани од мажите во сите други аспекти па као сега ја на сите ќе им покажам дека он мене ништо не ми може, јуначина сум јас пред другите. можеби и затоа така гледаат на земањето на презимето на мажот. А за презимињата во машки род да глупост е , без ралика колку причини и оправдувања ќе си давате глупост е и ќе го разберете тоа за кратко време. Се одалечуваме од самите себе и сопствениот идентитет со ваквите работи. Идентитет не е само презимето туку и вашите принципи и начела, вашите верувања и почитување на се што ви е свето.
Јас ќе си го земам презимот на мажот, тоа е стара традиција и се држам до тоа. А другите што пишуваат ми е гајле.
Претпочитам да го задржам своето и да го додадам неговото,бидејки без моето презиме би се чуствувала како да ми се зема идентитетот.Но сепак се е ствар на договор.
јас си останав на моето презиме и го зедов на мажот, децата кои што ги имам и ќе ги имам ќе бидат по неговото презиме... е сега зошто го зедов и моето презиме... прво сум единка на моите, башка и посвоена, па сакав моите да ја имаат таа радост, да слушнат дека ќерката го продолжува нивното презиме и второ, имам ретко презиме, каде што со тоа презиме ни се сите роднини... сепак тоа си е право на избор и договор помеѓу партнерите...
Почнав да размислувам на оваа тема,и сватив дека не би се чувствувала ништо посреќна кога би си го задржала своето,повеќе би сакала само да го земам неговото презиме.