Морам да се надоврзам на твоето мислење Истото го мислам и јас би ми било големо задоволство да го земам само неговото презиме А и убаво звучи Не ми се допаѓа тоа што некои го задржуваат своето и го зимаат презимето на мажот без никаква причина. Пример @fifi16 како што кажа дека со причина го задржала своето моминско презиме тоа ми се допаѓа
Ако му докажувам љубов, или пак уште полошо ако докажувам колку добра сопруга и мајка ќе бидам, со земање на неговото презиме... налет и брак, и деца, и се`. Не знам каква улога игра тоа дали имаме исто презиме или различно. Јас ќе бидам иста личност, а и тој сигурно нема да се смени преку ноќ. Планирам да си го задржам моето, тој неговото, а децата ќе си имаат две презимиња. Верувам дека само на Балканов луѓето се замараат со вакви глупости.
Јас на своето го додадов презимето на сопругот. Е сега, дали вие "традиционалистите" ќе мислите дека еве се ку*чам или не знам што, ваша работа. Јас не би да разглабам зашто и како сум се "дрзнала" да го задржувам сопственото презиме. Мое право.
Децата ќе имале две презимиња. Ако ти одговорам дека е чудно за нашево поднебје, пак ќе речеш: Аман овие заостанати, шо има врска нека бидат единствени. Ама, што ако твојата ќерка утре друг ден се омажи. И сака да го земе презимето од сопругот? Ќе има три? И да не го земе, децата нејзини треба да имаат три. Или четири, две од твоето, две од татко и. Или повеќе од татко и. Абе деца, каша попара направивте од помодарство. И закон да донесат, па да нема повеќе лигавења од типот Снежана Георгиев, Илиев, или не знам ти кој веќе. Прва ќе го испочитувам.
Во никој случај немаше да напишам дека овде има заостанати, затоа што културата не ми го дозволува тоа. Исто така, не сакам децата да ми бидат единствени, ниту пак изборот на презиме го гледам како помодарство. Тоа е мое мислење и како такво, Вие не мора да го прифатите. Можеби е чудно за Македонија, ама што Ве натера да помислите дека живеам во таа земја или пак дека планирам да останам во Македонија? Ако ќерка ми се омажи, изборот на презиме ќе и го оставам на неа. Таа ќе ги носи презимињата, а не јас или Вие. Пс. Пред да именувате некого со „дете“, информирајте се за возраста, а ако не Ви е достапна таа информација, подобро задржете си го мислењето за себе.
Супер, мило ми е што уште има културни луѓе. Ме натера да помислам дека живееш во Македонија фактот што зборуваш македонски, членуваш на македонски форум итн. Поголема е веројатноста дека живееш во Македонија, отколку во странство. Иако не е невозможна. Што се испостави во твојот случај. Јас да го напишев твојот пост, кој рака на срце е чуден, ќе напоменев дека живеам во странство, за да бидам поконцизна. Еве, препрочитај го и види што прво паѓа на ум. Сега веќе сè има смисла. А, и не се вреѓај за дете, сите сме нечии деца. Не навредив никого, само гласно го кажав својот став околу помодарството од тој тип.
Не знам што е чудно во тоа да изразиш свое мислење, ама добро, секој со својот ум. Всушност, не мора да напишам од каде сум или каде живеам за да кажам што мислам. Не се навредив, само чудно ми дојде што на јавен форум некој нарекува некого„дете“ само затоа што искажаното мислење не се совпаѓа со неговото.
Не можам да го разберам отфрлањето на наставката -а во случај жената да го превзема презимето од мажот. Зошто и од кога почна тоа да се практикува кај нас? Ми оди да ги прашувам таквите да не се од Војводина? (таму презимињата на војвоѓанските срби им завршуваат неретко на -ов наместо на вообичаеното српско -иќ)
На лична карта и венчаница, го имам само презимето од мажот. На службен меил, на визит карти, на се што е поврзано со работата во фирмата и соработниците со кои работам многу пред да се омажам, сум со две презимиња. На своја волја го земав само неговото презиме, така сакав. Но, имам проблем единствано пак ќе речам на работа, каде никој не ми забранува да имам две. Го почитувам македонскиот јазик, па моето презиме завршува на -ска како што треба, граматички исправно.
Го земав неговото презиме, за потоа да правм трошоци пак да си го вратам моето. Се исплатеше. Сега со ќерка ми сме со различни презимиња, ако таа сака поле 18 години може да го смени. Помодарството од типот на Стојанов/Стојановски и жената Стојанов наместо Стојанова/Стојановска не ми се допаѓа. Во Македонскиот јазик има членови така да! Нејсе секој си знае за себе.
Секако би го земала неговото. Што знам сеедно ми е дали ќе го задржам и моето кога децата утре ден би го имале неговото. А и зошто би комплицирала нешто што за мене е многу нормално и се подразбира.
Го зедов неговото презиме, едно е дека ми стои друго заради рационалност - долго ми е името и ако додадев две презимиња немаше да ме собере на ниеден формулар. Чудно ми звучи презиме на жена во машки род. Дека прави проблем родот, не прави, ни тука ни во странство затоа што се' докажуваш со извод од матична книга на венчани преведен на соодветен јазик. И не, не сметам дека губам дел од идентитетот ако си го сменам презимето, затоа што ако презимето ми е идентитет, а не делата и достигнувањата, тогаш имам поминаков проблем.
Многу сакав на моето презме да го додадам неговото.Ама неговите се побунија а богами и лично тој.Попуштив зашто не сакав да правам проблеми пред свадбата. Што знам ,јас ја сакам таа доза на самостојност на жената,што не значи дека овие другите кои го земаат неговото презиме а во чија група и јас спаѓам,ги сметам за неборбени или не знам што.Губењето на презимето ми е по малку и како губење на идентитетот.
и јас исто мислам ко луничка сега 25 години и више носам едно презиме се мажам и ајде одма го тргам тоа е оти да не се задржи и тоа и да се додади и на мажот. Утре ден децата ќе си го имаат нашето презиме пак, моето моминско си е лично за мене задржано. Негде прочитав ама не ми текнува баш каде, имаше некој пишано па неговото презиме го зимам, не на мајка му ова во контекст на она зимање на презимиња во машки род за мене е сосема ок, модерно не модерно личен избор. Јас го зедов неговото во оригинал ( не гледам родови тука) сакав неговото презиме да го носам, ама баш истото ни малку изменето, па сега нека мислат дека се перчам
Јас немав типично македонско презиме, ама си земав неговото, со придавката - а. Воопшто не размислував многу околу тоа, не ми беше битно, си помислив таква е културата тука и така и јас ќе направам. Јес да ми беше после покомплицирано објаснувањето во мојата земја при менување на документи, зошто кај мене презимето се завршува со -а, а кај мажот ми не, ама ајде и тоа помина.
Моето презиме завршува на ски од денот од кога сум родена, кај мене не станува збор за помодарство или како и да го нарекувате, во странство не се разбираат од членување по род, моите не обрнале внимание во тој момент дека ми е презимето на ски, можеби можеле да укажат дека треба правилно, правописно треба да ми завршува на ска, не укажале и ми остана презимето на ски, татко ми е виновен. Кога се мажев немаше потреба воопшто да се мислам околу презимето, на моето си го додадов неговото, бидејќи не сум мажена за македонец прифаќањето само на неговото презиме баш ќе ми се изгубеше идентитетот. Само со неговото презиме од македонка ќе станев италијанка, затоа со двете презимиња си го задржав идентитетот, не мора да објаснувам дека не сум италијанка туку мажена сум за италијанец. Децава ми се со две презимиња, тука ионака е вообичаено средно име, кај децава место средно име им стои моето презиме, исправно или не јас така сакам, сопругот се согласи, кога ќе пораснат не мора да ги користат двете презимиња, како сакаат така нека си праваат.
Кај нас пак обратно. Јас сакав само неговото да го земам, а тој ми вика, не... ќе си го оставиш своето и ќе го додадеш моето после него Као демек, греота е татко ти, нема син, нека има некој што ќе му го поноси презимето уште малку
Јас на моето го додадов неговото. До денот на свадбата јас сум имала едно презиме со кое сум постигнала нешто до тој момент во животот, а тука е и трудот на моите родители и сакав тоа да ми остане за да ми го обележи тој период. Но, со новото сакам нов почеток и да изградам нешто ново во животот. Најмногу јас сум за да се земе некое трето презиме, но нема таква опција при венчавање. Некако ми е најлогична бидејќи означува сосема нов почеток за двајцата партнери. Штета што ја немаме таа опција.