Планирам да го додадам неговото. Немам некоја професионална или било каква потреба да го задржувам своето. Така да,нема зошто да комплицирам. Брат ми ке го продолжи нашето.
Дали ќе го додам неговото или само неговото ќе го земам, незнам. Поголеми се шансите дека ќе го земам само неговото, освен ако немам некое професионално или незнам какво достигнување. Да останам само со моето - нема шанси. А децата, здравје, ќе го носат само неговото
Си го задржав своето и го додадов неговото. Со него сум се родила, со него ќе си умрам. Не го давам за жива глава
Мене па ептен ми е глупаво кога ќе видам дека некоја го земала презимето на мажот ама не со наставката за женски род, пример ако мажот е Лазаревски и она се презива Лазаревски место Лазаревска. Зошто? Затоа што ако се презивала Лазаревска, ќе излезе дека маж и ја посвоил. Wtf
Браво, камо среќа да имаше многу повеќе вакви жени како тебе. Се што кажа држи водат, и е многу по битно отколку тоа од професионални причини демек ако требло. Па освен кај пејачите, незнам во кои други професии е битно презимето, ма да и таму ако те бива, те бива ако не те бива џабе ти е и презиме и се. Презимето се задржува пред се од почит кон сопствените корени, и да покажеш дека не си дрво без корен, и дека имаш свое достоинство. И, јас исто ќе постапам како Анина, за ова се прашувам само јас и никој друг. Ако не е спремен да го прифати ова тогаш нема што да бара со мене. За жал повеќето девојки се откажуваат од сопственото презиме под изговр дека не им се свига, дека они така сакаат.... Но тоа го прават или под притисок на партнерот или за да покажат дека се спремни да ја веднат главата, и да бидат понизни уше на почеток. Какво и да е, вашето презиме е ваша гордост, ваш идентитет... И, вашиот брат, татко, мајка не се онакви какви што сакате, и нив ли ќе ги смените?
Јас би го земала негово презиме само. Сметам дека нема ништо понизно во тоа. Тоа со заддржување на моминското презиме некако последниве години влезе во тренд некој и тоа од мода некоја, ваљда поаристократски звучи или што знам. Мене ми се допаѓа многу неговото презиме, така да здравје боже и да не сум со него, би го земала презимето на мажот, а и децата мои би го носеле само неговото презиме. Не гледам никаква понизност во тоа затоа што може да има жени и со 5 презимиња па пак да дозволат да бидат понижувани, малтретирани психички,физички. Достоинството и гордоста не се покажуваат со презимето, туку со личноста, карактерот и однесувањето и мн други особености својствени само за таа жена. Ако сум го земала презимето на мажот не значи дека јас веќе не сум јас каква што сум била и пред бракот.
Jaс расмислувам да го задржам само моето, особено ако се мажам со овој сегашниов дечко. Значи полошо презиме немам слушнато . Maкар без презиме останала јас ова неговово не го носам! Ќе треба и за децата да преговараме... спремна сум за компромис, евентуално ново да си измислиме, друго чаре не гледам.
искрено ќе си го задржам само моето, тоа ми е наследство од татко ми, и но ваааааај да го менувам.. значи ни за жива глава, а богами и за децата ќе направам се што е можно
Би си го задржала моето плус би го додала неговото. Порано мислев само неговото, за да не бидам само јас различна у цела фамилија, пошто децата би го носеле само неговото. Али сеа ми се смени мислењето, ме удри филм дека јас не сум без идентитет па да земам само нечие презиме. Моето останува а неговото може само да се додаде
Не сум мажена,ниту пак во скоро ќе се мажам сум размислувала многу на оваа тема. Порано имав желба да го додадам неговото,но мислам дека од практични причини ќе го земам неговото ..здравје ко ќе се мажам а оваа мода на ставање машки презимиња ме ужаснува.Шо не се парави од помодарство. Па луѓе родувањето на презимињата е карактеристично за скоро сите словенски народи.Ајде сеа ќе тераме западна мода??? Глупости. Вака се губи нашиот национален идентитет.
Bas e interesno roduvanjeto na preziminjata, koga si vo neslovenska zemja, site te prasuvaat, zasto, kako ...Taka i mnogu priatelstva sum steknala. Prvo pocnuva moabetot dali sum greska, mazot vaka, zenata taka, i potoa se razvrzuva moabetot. Dobar nacin priateli da si najdes.
Ме ужаснува ова со презимето во машки род ццц по лигаво нешто Амин туку ај да не тупам, секој со своите желби . Јас сакам да си го задржам моето ама видечемо. Туку сега актуелно е мажот да го земе од жената презимето , е...ти мажот за така
Јас ќе го земам неговото, е сега незнам во која форма да биде а за продолжување на моето моминско презиме имам двајца браќа, ама и да немав сепак би го земала презимето на дечкоми, заради што ќе бидеме нели една фамилија, и не сакам ја да бидам со различно презиме.
Кога ќе се мажам ќе го земам само неговото. И тоа во женски род, ете не можам да ги гледам оние машки презимиња кај женските.
И мене ми е многу лигаво ова помодарство со презимињата во машка форма, дури не знам од каде излезе овој „тренд“, порано ретко која имаше презиме во таква форма . Јас одамна одлучив дека на моето ќе го додадам презимето на идниот сопруг во женски род, без сомнеж. Без разлика на тоа дека ќе имаме различно презиме, мене тоа „една фамилија, различно презиме“ не ме танигра нешто многу, едноставно сакам да си го задржам и моето презиме, отсекогаш сум сакала, а немам некоја посебна причина - нека ми претставува убав спомен за моите корени.
@Ina Ina Да да, баш денеска се мислев, презимето не одговара за машка форма да го земам, исто и јас со тебе го делам мислењето, дека треба презимето да се зема во женска форма, колку глупо звучи мажите да се презимиња во женска форма - пример - Павле Стојанова/ска глупо звучи, истото е и кај жените!
Презиме во машка или женска форма, постои само кај нас. Ако сакате со сопругот/сопругата да живеете во странство, како брачен пар, мора да имате исто презиме.
А, Пецо, ништо не мора во странство, па ни ова. Во Шпанија, на пример, секој од брачните партнери си останува со своите презимиња (имаат по две, ако не се од благородничко потекло, ако се - тогаш имаат и повеќе, ко што беше случај со Војвотката од Алба), а децата добиваат по едно презиме од мајката и едно од таткото. Законот не познава категорија "менување презиме заради промена на брачен статус". Единствено, може да се одбере редоследот на презимиња, но мора да е истиот за сите деца во тоа семејство.