Тие што имаа земено презиме на мажот во машка форма,ако имаат ќерки и тие се со машко презиме или не? Ме интересира само.
А еве ако мажот го земе презимето на жената, во женска форма ли ќе биде? Атанас Михајловска, на пример? Исто смешно ми звучи како женско со машко презиме.
Сакам да слушнам мислења од тие што своето презиме го менуваат со -ОВ и -СКИ. Женски кои се причините за тоа? Дали е потреба? Дали толку не ви се допаѓа традиционалното кај нас ОВА/СКА? Или е само нов тренд? Не осудувам ниту напаѓам никого, да не ме сфатите погрешно, не сум ниту за ниту против, иако јас лично никогаш не би го ставила моето презиме во машки род. И кога ќе ми дојде време за мажачка, дечко ми го има најпрекрасното презиме, така да чао моминско.
Со извињење поглупи 2 причини не сум слушнала одамна. Особено првата ама врска си нема. Порано сум сметала дека е правило да се земе презимето на мажот и да се смени сопственото. Не планирам да го тргнам моето, туку ќе го додадам неговото. Нема никаква потреба да го менувам целосно, а ако тоа некој го смета за непочитување, тогаш мислам дека има погрешна дефиниција за тој поим пред се, а потоа за се друго.
и тоа е право на избор...значи како тие тебе ќеиф, така да си се презиваш, дали ски или ска, твое си е, шо има други да коментираат за твоите генералии...
@Emotional123 извини ама не го мислев тоа сериозно, често користам саркастични и несериозни изрази. Не значи дека треба човек се сериозно и буквално да сфати. Не знаев дека човек не може овде да се нашали.
Во Франција и Шпанија е така, сите деца го земаат презимето од мајката.(тоа веројатно од практични причини или пак дека и не знаат кој им е таткото...кој ке ги знае, католичка чивија).
Ама тие презимиња немаат род. Во македонскиот јазик презимето си има машки/женски род, и тоа звучи природно. Другото не. Инаку, немам против мажот да земе презиме на жената. Само ме интересираше во која форма би било ако не се почитува правилото на род.
Па во која и да е, за некои луге секогаш ке биде тоа само уште една бизарна католичка работа...а за некои пак не, шознам ваљда зависи од тоа што мустра си. Мислам дека и србите имаа такво правило за унификација на презимињата што завршуваат нс -ски. Они ги ставаат во машки род и женските. Како на пример, Славица Трајков наместо Трајковска.
Јас си го задржав моето и го додадов неговото. Моето презиме си го сакам, многу често ме викаа во средно по презиме. Поретко е. Неговото е често и досадно, ама ок е како второ
Еве јас да ти одговорам пошто го додадов презимето на маж ми и ми завршува на ОВ иако бев против и сакав на ОВА. Во мојот брак се е ствар на договор па дури и презимето. Јас сакав да си го задржам моминското презиме кое ми завршува на ОВА. Маж ми рече дека нема ништо против ама да го земам неговото презиме баш такво какво што е, без додавање или кратење на букви, а ако сакам да има и ,,А,, на крај да го земам само неговото. Бидејки целосно откажување од моето презиме не идеше у предвид, на моето го додадов неговото со ,,В,, на крај. Е коа би имале деца најверојатно и децата ке ги имаат двете презимиња.
Ок бе ракче, тебе неможам да ти кажам дека не си во право. Наместо тоа ке се обидам да отворам нови хоризонти и да го прифатам тоа што е воља на индивидуалецот а не веке воспоставена традиција. Такви случаи веке има во светот каде што лугето поради тоа имаат повеке имиња и презимиња.
Абе глупости, убаво пред некое време си се знаеше и си имаше ред, а не сега не се знае кој е машко, кој женско, кој има 3 презимиња (демек модерни), кој решил на жената да го земе па го отпишале од дома А најглупо ми е најновиот тренд, додавање на презимето од мажот со СКИ пример Марија Петревски.... Убаво се знае дека во мак. јазик си има три рода, епа Марија е во женски род, а Петревски? Многу сме модерни, современи и ќе го следиме американски тренд, дека таму сите се презиваат исто...Џејн Питерсон и Џек Питерсон, Џејн Џонсон и Патрик Џонсон. Па како што ја кратат Ј помеѓу И и А во имиња, наскоро сите во македонија ќе бидат, нешто во стилот на: Мариа Софиа Поп-Тодоров Петревски Михајловска (немажена), а тек кога ќе се мажи, па тек после нејзините деца....
Ееее па нема да биде се овој тренд, можеби еден ден брачните партнери ке си земат презиме кое не е ни на едниот ни на другиот, па ке нема потреба од додавања, кратења ...
Ехеееј, до кај стигнавме со дебатирање, до внуци, правнуци.....Полека, додека стигнеме таму кој знае шо ќе смислат. Затоа уживајте и почитувајте ги своите избори, а не изборот на комшиите и шо ќе речат ако го земам ова презиме или додадам она, ако на крај ставам ов, ски, ска....Беспотребни дилеми ако функционирањето како брачни другари и партнери е беспрекорно, а најтрагично е што се дебатира за туѓи избори а никогаш за своите. Позз
Golema debata imalo na temava. Jas ke si go zemam negovoto samo vo zenski rod. I toae toa od pretwrizmi preku glava mi e!
Ако одлуката да земеш презиме шо завршува на ОВ или СКИ е претеризам тогаш земање само на туѓо презиме е одкажување од свој идентитет