Јас ќе си го земам на мажот нормално, женско е родено за да го дадат во друга фамилија и таму да продолжи да живее. Така било, така и ќе биде. Сакам да си го задржам и моето, ама многу долго ќе ми биде со две долги презимиња, да имав некое кратко со 3-4 букви океј, ама вака долго моето, долго неговото и плус имам долго име од 9 букви и премногу долго ќе ми дојде
Епа терај ја традицијата до крај, и види ги твоите уште 3 пати во текот на твојот живот, секако со дозвола од газдата, ова маж ти де. А не како тебе ти одговара... Оти нели така требало, било и ќе биде...
Па добро од секогаш жената го земала презимето на мажот. Како што го зела баба ми, мајка ми, така ќе го земам и јас, тоа е мое мислење.
Искрено не сум размислувала и не мислам дека ќе менувам 5 мажи, па да менувам и презимиња насекое. Се` се решава, и оној што би го одбрала да ми биде маж сигурна сум дека ќе биде вистинскиот и последниот
Сега баш читав за Теута Арифи,си го задржала нејзиното презиме,а децата ги имале презимињата на двајцата родители.и од мајката и од таткото
Моето прво беше ●●●●● А потоа, ●●●●●●● Име П .●●●●● ●●●●● Потоа ●●●●● ●●●●●●● После развод не сменив , ме прашаа ,сакаш да го смениш во било кое? Задржиш? или вратиш старото? - Реков исто како да сум одбрала друго , нека ми остани тоа тоа си го одбирам истото Само не од бм од некој друг со тоа презиме ,се шалев тамуда не менувам додатно документи ем и детево е со тоа презиме. Следниов сега има мн долго ..чекајте да избројам ●●●●●●●● 8 А планирам да си задржам презиме и неговото да додадам ,би било ●●●●● ●●●●●●● ●●●●●●●● Кај ќе се потпишам вака ни на пасош ни лична карта нема да ме собира Тогаш скратено ●.●.●
Јас го зедов презимето од маж ми, моето не го задржав. Се презивам на иќ така што нема женска/машка варијанта, а морам да додадам дека ми се сере од помодарството со земање на презимето во машка варијанта, не ми е јасна поентата на сето тоа.
Конечно да си најдам истомисленик за ова со презимињата,го зедов од маж ми,моето не го задржав,инаку не го зедов во целост туку нели во женски род.
Го земав од маж ми презимето,не размислував да го задржам и моето Имаме пријатели,од друг град се, мајкава и таткото си се презиваат со едно презиме,а децава им се со друго презиме, односно носат презиме по името на дедото,наводно така било најправилно , а и ваљда у тој крај така било вообичаено
... аааам, па и не баш. Секаде во светот ја има таа традиција жената да го земе презимето на мажот. Во ред е што си го задржала своето презиме, баш убаво. Тоа е дел од твојот идентитет и разбирам дека не сакаш да го промениш. Само на овој последен дел сакав да искоментирам. Презимето е семејна ознака, па затоа многу жени се’ уште одлучуваат да го земат тоа на мажот. Добро е што е право на избор, и тука нема многу дискусија, секој прави како што чувствува дека треба. Ама кога е против граматиката и природата на македонскиот јазик, тука има дискусија. И мислам дека треба да се воведе закон против Маја Трајкоски и Васил Попоска. Во нашиот јазик презимињата се менуваат по род.
На муабетот на познаничка дека планира да задржи свое презиме на кое ќе го додаде тоа од идниот сопруг,идниот сопруг одговара-добро,но ќе треба влезната врата во хоризонтала да ја завртиме, нема да те собере (ехеее пред години тоа)
Се сложувам ептен! Јас бев на -иќ, па иако навикната цела фамилија со исто презиме не осеќав потреба кога се омажив да го носам неговото во оригинална-машка форма. Некако не ми звучи природно на нашиве мк-простори.
Мене не ми е јасно од каде и кога почна оваа треска со Марија Трајков, Александра Димовски и тако даље. Незнам зошто мислат дека е интересно и уникатно, авангардно или незнам какво. Еве ме интересира ако има некоја таква на форумов да ја чита темава да објасни зошто се презива со машко презиме.
Мене ова од никогаш не ми се свиѓало. Проф. по македонски не убедуваше дека е целосно исправно, ама не знам она од која книга учела. Јас лично го додадов презимето на мм пошто сакав барем уште една генерација да се задржи презимето на татко ми. Инаку сега предолго ми е, ама се навикнав.
Не знам дали беше во темава или на друго место, еднаш прочитав објаснување дека не било тоа машка форма, туку множина. Демек, Александра од семејство Димовски. Е за Марија Трајков немам објаснување.