Ќе го додадам неговото, моето ми е специфично и сите ме знаат по него, најчесто и по презиме ме викаат
Јас нема да го задржам моето. Излеа сум една од ретките по вашите мислења. Сопругот има убаво презиме кое ми одговара и на името, а и ќе го земам во женска форма. Малку се претера што секоја втора е со две презимиња. Порано тоа го правеа само оние на високи функции кои сакаа да си го задржат идентитетот. Но, презимето не го диктира бракот. Тоа е најмал проблем.
Тоа е мое мислење, не мора да се сложиш со него. Го кажав во смисол на тоа колку беше застапено порано, а колку сега. Зарем тогаш немаше опција на нивното да го додадат тоа на сопругот? А и нема што да се правдам.
На предходното работно место “падна” муабет за презимето, кога се распали газдарицата која имала два сина, па ај кај им дала богатство и раскош, а невестите сиромашни, па уште моминското презиме ако си го задржеле во истиот момент се ќе му одземела на синовите и ќе го пратела домазет да мизерува.... мизерен муабет, мислат ако имаат пари па ќе ти се закануваат
А по кој критериум мерите дали името и презимето одговараат? И јас ќе го задржам моето и ќе го додадам неговото, дека и него го додавам во мојот живот, не бил мој од раѓање
Пред некое време читав дека еден пар ги споиле своите презимиња во едно кое и двајцата ќе го имаат. Кул идеја. Мислам дека уште е рано да се мислам какво презиме ќе имам ако се омажам еден ден. Најмногу ќе зависи дали ми одговара со името. Плус сите тие процедури на менување лични документи, картички.... Инаку сигурна сум дека нема да имам две презимиња, некако предолго и премногу ми е.
Не е помодарство. Знаеш ли дека во странство ако не ви се исти презимињата мора да се докажуваш со 300 документи дека сте во брак? не дај боже да треба итно да поднесете некакви документи или да купите нешто заедно,нема да можете зошто не ви е исто презимето? јас имам двојно државјанство од бебе пошто мајка ми не е од тука, и ти кажувам дека има мн зафрканции ако немате исто презиме во брак. А не знаеш каде ќе те однесе патот во животот, и да планираш да останеш цел живот во Мк, може да се случи секаква случканадвор каде ќе треба да решаваш од името на маж ти,а нема да можеш зошто за нив не си му жена ако си со СКА.
Абе ајде, во странство не даваат некаква потврда дека сте во брак? Ве запишува матичарот, ама папир, нешто црно на бело - јок?
не зборам за тоа ако се венчате во странство. викам дека ако сте тука венчани а ви искочи нешто во странство дека нема да ве признаат само со легитимација ќе треба да носите документи секакви. не викам дека нема да ве признаат туку дека е покомлицирано. или ако си негде на одмор,на пат и излезе некаква ситуација,не знам каква ,лупам,да ве застане полиција,да се случи несрека или нешто така,каде што не носиш од извод на венчани или било какви документи за потврда на бракот (нели на одмор си, не носиме такви работи)може комотно да не не ви веруваат дека сте во брак.
Здравје ако се мажам со сегашниот партнер ќе го земам неговото презиме во женска форма, без моето (и јас не го сфаќам она задржување на машката форма од презимето кај жени бидејќи како прво е против македонската граматика и правопис) бидејќи колку што знаеме досега нема друго такво презиме во државава освен неговата потесна фамилија, би ми било гордост да носам толку ретко и уникатно презиме.
Еве пример, на одмор одат два пара, едните маж и жена, другите дечко и девојка. Жената не го менува презимето, туку го задржува моминското. По некоја случајност, дечкото има исто презиме со жената. Ке поверува полицијата дека се маж и жена? По твоја логика, со исти презимиња се маж и жена, а они да речеме се кумови.