Лела, Марковски не е рандом име. Придавка е, без разлика дали ќе ја закачиш на машко или женско име. Ако веќе сака вакви оправдувања жена што не сака да припаѓа (гледам јас, на феминизам ја тераш ), тогаш треба да земе презиме Марко. Или Калајџи наместо Калајџиева. И тоа е океј и не звучи смешно. Она што се прекршува не е традиција, туку е природата на македонскиот јазик, во кој презимињата се менуваат по род (во случај да завршуваат на -ва или -ска). Прашај го професорот, ама баш конкретно за придавката што преоѓа во именка. Патем, прашај го и зошто тој не го зел презимето на жена му, во женски род. Кога веќе се бориме за правата на жените, да одиме до крај. Ако родителите сакаат да ја крстат ќерката Биљана, дали треба да им се сугерира дека Билјана не се пишува така? Или синот Лубчо? Инаку тебе може да не ти звучи смешно, и тоа е сосем во ред. Мене ми беа смешни обидите да се оправда со придавката што преоѓа во именка ако е придавка во машки род.
Нема врска со феминизам. Дури сум сретнала и некои кои тврдат дека е баш спротивно, демек се деградирале со тоа што тие го менувале презимето за да бидат исти со мажот. Присвојноста на презимињата е иста и кај жени и кај мажи, само што мажите цел живот не го менуваат презимето. Патем, во функција на презиме на жена, Марковски технички е именка. Неколкупати ти кажав зошто. Не, не презимињата, туку придавските презимиња се менуваат по род, во спротивно нема да бидат придавски презимиња. Токму од оваа причина Марковски не е придавско презиме. Не е борба за правата на жените, туку практикување непридавско презиме, во целото семејство. Е сега зошто сите не би се презивале на пр. Марковска е бидејќи мажите по дифолт не го менуваат презимето. Ако имплицираш дека самото тоа е сексистичка работа, се согласувам. Но, ако сите во семејството решат да се презиваат Марковска, пак нема да има ништо спорно. Да, бидејќи се прекршува правописно правило. Истото треба да им се каже и на жените кои се презиваат Маркофски. За разлика од тоа, земање непридавско презиме не е граматички неправилно, јазикот нема проблем со тоа. Сфаќам која е спорната работа овде. Ти сметаш дека Марковски е придавско презиме, па и кога се употребува кај жена. Јас велам дека со самото тоа што се употребува кај жена станува непридавско презиме. Ако остане време утре, ќе го прашам професорот, засега мислам дека е доволно, бидејќи се вртиме во круг.
И јас се откажувам од понатамошно тупење. Ама што правиме со Правописот? Во новото издание има препораки за родот на презимињата. Значи презимињата се работа на граматиката, и постои правилно и неправилно тука. Иако е препорака а не правило, сепак укажува на она што е граматички правилно. Мислам дека имаш нов Правопис, така? Најдов информација по нет дека има такви препораки, но го немам Правописот за да проверам. Ако најдеш ваков дел, пиши тука, корисно ќе е на темава.
Го немам новиот, но го има онлајн. Додаток ,,Препораки" нема како што видов, а ме интересираше што друго има таму. Сепак, препораката е за зачувување на традицијата, како што има кажано Елка, а граматички не е неправилно да има непридавски презимиња (како Живко Чинго, Петре Прличко).
Па добро, мислам дека никој не се побуни за непридавските презимиња. Така? Целата забуна е околу овие што звучат неприродно. Всушност, не само што звучат, туку се против природата на јазикот.
Кај виде осудување? Треба да оладиш малку и да не избрзуваш со заклучоците. Овде не е избор ниту образложување, "Онака" е недостаток на интелигенција.
Не зборував за вас, туку генерално насекаде за луѓето кои преведуваат очи и коментираат. За интелигенцијата не знам, обично пробувам да направам муабет со човек пред да заклучам колку е интелигентен.
Да. И двајца Македонци да речеме во Србија да се венчаваат, ако мажов е Трајков и жената е автоматски Трајков. А не Трајкова. Само во наши граници можеме да ставиме презиме во женски род
Конкретно мојата ситуација ке биде таква... Така да иако на дм не му звучи убаво (не е навикнат) не сме во мк, логично е да имаме исто.
@LivingGlam Професорот вели дека воопшто не смета дека постојат придавски презимиња, туку исклучиво втори имиња. Вели дека нема смисла презимето да носи род. Оттука, логично е сите од семејството да имаат исто презиме. Ете. Очигледно јазичарите имаат различни ставови за ова, а поентата е што технички сите се во право. На крај краева, сè останува на звучноста, т.е. фонетската компатибилност на името и второто име (презимето), која е субјективна.
Бидејќи презимето не е опис на името, туку уште едно име, како што кажував. Првото име веќе го наговестува родот, па нема потреба и второто.
Јас го носам презимето на маж ми, многу ми е криво што не го задржав моето, значи ептен ми е криво , но тогаш сум размислувала подруго, сега подруго и тоа е тоа. Битно бракот да е како што треба
Јас го земав презимето на мм. Потпишавме брак во странство и немав избор дали СКА или СКИ морав СКИ како него т.е во машки род.
Моето не би го задржала во никој случај, ич не си го сакам башка па еден глуп надимак што прозилегува од истотоБи сакала маж со презиме на иќ што завршува, многу поубаво звучи така.
Дали велиш дека улогата на презимето е да го одредува полот на човекот? Навистина тоа е најмал проблем. Работава е што професорот вели дека презимето е второ име само по себе, а дали треба да биде определено по род или не, е индивидуална работа. Ете едни мислат дека треба, а други дека не треба. Не е дека граматиката наметнува родовски презимиња, нема таков дел во новиот Правопис. Единственото нешто што се наметнува е традицијата на родовски презимиња, а таа не мора да се почитува.