Јас само ти кажав дека тоа не е случај кај нас, не рков ништо од тоа што ти си го навела понатаму така да, те молам не ја носи дискусијата во сосема поинаква насока. А што мисли твојот професор воопшто не е тема на разговор тука, ниту пак тој е некој битен фактор во муабетов. Мене не ми се допаѓа тоа затоа што не е типично за нашиот јазик, а и кога единствено објаснување за одлуката да се земе презиме во машки род е „затоа што звучи моќно“, смешно ми е дури и да дискутирам понатаму. Не звучи ниту моќно, ниту убаво, ниту пак е правилно. Тоа што слепо се следат трендови е повторно друг муабет.
^ мене лично ми се допаѓа идејата цело семејство да има исто презиме. Лингвист не сум, па не можам да зборувам колку е правилно или не. Иако во план сум да го задржам јас своето презиме, односно со татковото ска да бидам засекогаш, во случај да имам ќерка би сакала да се презива исто како татко и' - односно со ски. Тоа е мое лично гледање, исправно или не.
Не ми oди никaкo, кo грaдби oд стирoпoр нa сред глaвен грaд, кo кoпијa нa фустaн oд евтин мaтеријaл и неискуснa шивaчкa ете тoлку кул ми е и земaње презиме вo мaшки рoд. Акo веќе пoкaжувaш бунтoвнoст, измисли си сaмa презиме штo ќе се слее сo иметo и немa дa звучи фaлш зa нaши прoстoри. Или префрли се нa други сфери кaде и тoa кaкo се бaрaaт нoвини. И штo и фaли нa Курникoвa, Шaрaпoвa, и штo е битнo кaкo е вo Србијa или Америкa? Убaвинaтa нa јaзикoт е вo рaзличнoстa. Амa aј...
Уште една од омилените небулози ми е „забуната“ или што и да е дека се добива чувство дека не станува збор за истото семејство поради родовото менување. Амммм...секако.
Не го реков ниту помислив тоа. Само на моите уши поубаво звучи кога сите се со исто презиме Јас и мажот ќе бидеме со различни презимиња, не значи дека не сме семејство @Bridget јас би направила така, ама ту мач замарање ми е да раѓам деца како самохрана мајка може и би им измислила презиме, па дедо ми бил кул пред 50 години и на мајка ми и вујко ми им измислил презиме не му се допаѓало неговото.
Кај нас е случај да имаме традиција на презимиња по род. Но, не е правило да имаме презимиња по род. Во никој јазик тоа не е правило. Ако некој не сака да има такво презиме, не прекршува граматичко правило, туку традиција. Тоа е целиот муабет. Леле. Го прашав за да слушнеме причина поразлична од ,,звучи моќно". ... а ова е субјективно. Освен делот дека не е правилно, што е straight up погрешно.
Не е погрешно, уште помалку пак субјективно. Затоа што со употребата на женско презиме кое завршува на -ов, -ски итн се загрозува категоријата род која всушност ја има нашиот јазичен систем. Презимето го носи родот, не името. Традиција жими хм.
Зборувавме за ова со @LivingGlam. Родот се загрозува и со презимињата на Живко Чинго, Петре Прличко, Методија Патче, а и самата Елка Јачева-Улчар која првпат проговори дека се загрозувала граматичката категорија род со презимиња кои немаат род. Well no shit, се загрозува родовското совпаѓање, ама сепак технички не е неправилно, ако презимето се разгледува како именка, што и впрочем е.
Не се согласувам со тебе, но како сакаш, искрено ми омрзна од тупењето и коментарите кои ги прочитав на темава, технички и нетехнички и не знам какви други „правила“. Булшит. Правила се правила, секое отстапување од нив се знае што е - бесмислено е, ете што е. Патем, мислењето на ономастичари секако ми е порелевантно од било чие друго мислење. Збори со некој таков за промена. И тоа е воедно моето последно мислење на темава, затоа што смешно ми е да дискутирам за нешто вакво. Методија Патче и Вања Јованов на пример не е исто. Првото јасно е каков род е, ама за второто не би била баш сигурна со оглед на слепото следење на трендови. И навистина, не сакам да продолжиш да ме цитираш.
Не знам како е точно, ама потомок на човекот ми има кажано дека изворно е без в. Не е важно. Унисекс име и унискес презиме, што би рекла Мишела. И мене искрено, не планирам повеќе да одговарам, ама не заборавај дека јас пробувам да докажам дека нема правилно и неправилно во случајов. Колку е (не)симпатично за уво е сосема друга работа. Инаку интересно е дека ономастичарите стопати го сменија мислењето откако почна трендов и се разјадоа меѓусебе, следам што се случува, па затоа и тврдам дека има простор за флексибилност.
А тие што и во странство и тука после мажење го задржуваат моминското презиме не ги сметаат дека се во брак нели.
Го зедов презимето од сопругот! Но, само неколку минути после церемонијата зажалив што не си го задржав моето, а неговото да го додадам. Зажалив поради свекорот и свекрвата. Но, бидна!
Од лингвистичка гледна точка, одродувањето на презимето е и те како граматички неточно, а причината е многу едноставна. Како што нема смисла кованица од типот „Скопски котлина“, или „Охридска езеро“, така нема смисла женско презиме во машки род. Од помодарска гледна точка, едноставно сметам дека е неписмено и нималку привлечно за уши. Јас ќе го земам неговото, секако во соодветниот, женски род.
Мене не ми е јасно кога имате две презимиња дали децата ќе го носат презимето на мајката, презимето на таткото или на двајцата. Знам пример за дечко кој ги носи двете и целото име и презиме му е Немања Лакиќ Пешиќ. И на што личи ова?